- Член од
- 6 август 2006
- Мислења
- 201
- Поени од реакции
- 29
Ајде да дадам свој придонес на темава...
* * * * * * * * * * *
Уште повеќе ми го замрази душава ѕверот кога, утрото кога го донесов в куќи, забележав дека, исто како Плутона, и тој е едноок. Но, по ова сознание, жена ми само уште повеќе си го замилува, оти, како што веќе реков, таа во многу нешто го поимаше она чувство на човечност, кое еднаш и мене ми беше блиско, и ми чинеше најпрости, најчисти задоволства.
Но, одбивноста моја кон мачкава како да и’ ја зголемуваше наклоноста кон мене. Кај одев ме следеше, така тврдоглаво, не знаете колку. Кај да седнев, или ќе ми се свиеше под столица, или ќе ми се испружеше на колена, ме обвиваше со одвратна галовност. А станев да одам, или ќе ми се сплетка меѓу ноѕе, за малку да ме спрепне, или ќе ме вчапеше за алишта со долгите, остри канџи и така ќе ми се испентареше до гради. Е тогаш, при се’ што сакав да ја смачкам со еден удар, пак не ми даваше душа, што заради злоделото што го имав направено, ама најмногу – еве, си признавам – од гол страв што имав од ѕверот.
********************************************************
Но, Бог нека ме штити и избави од канџите на Антихристот! Едвај одекот од моите удари го удави тишина, кога еден глас ми проговори од гробот! – еден вик, отпрвин придушен и испрекинат, како детски липот, потем се провикна во долг и гласен крик, баш ѕверски, нечовечки – завивање – тажачки извик, што од ужас, што од триумф, каков што само од пеколот може да се крене, спој на грлата на проколтатите во агонија и на демоните што се дворат во проклетствата.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
СРЕДБА (Assignation) - извадок
Во Венеција беше, под засводениот премин што го викаа Ponte di Sospiri, кај ја сретнав по трет или четврт пат личноста за која зборувам. Во збркан припомен си ги враќам сега околностите на таа средба. Сепак, си спомнувам – ах! како ли да заборавам? – на глувата среденоќ, на Мостот на воздишките, на женската убавина, и на Кралот на романсата што се сновеше по тесниот канал.
Ноќта беше чудовишно мрачна. Големиот часовник на Piazza го беше отчукал петтиот час од вечерта италијанска. Плоштадот на Campanile беше глув и празен, светлата на палатата Дукал забрзано одумираа. Се враќав од Piazetta дома, преку Големиот канал. Едвај стигнавме со гондолата наспроти устието на каналот Сан Марко, кога еден женски глас од скришнините си одеднаш се истури врз ноќта, во див, хистеричен, издолжен крик. Штрекнат од звукот, скокнав на ноѕе: на гондолиерот веслото му падна од раце и му исчезна во мрак-темното без надеж за повратка, па останавме да не’ води струјата што од поголемиот се насочуваше кон помалиот канал. Небаре џиновски црн кондор, ние полека лебдевме кон Мостот на Воздишките, кога илјада светилки болснаа од прозорците и по скалиштата на палатата Дукал, и од тешкиот мрак сторија модар, нестварен ден.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
Следниот пат и малку поезија од мајсторот...
* * * * * * * * * * *
Црниот мачор – Едгар Алан По
(извадок)