Едгар Алан По

  • Креатор на темата Креатор на темата Thief
  • Време на започнување Време на започнување
Едгар Алан По, контроверзен, талентиран но и без сомнение еден од најнесреќните американски писатели на кој поемите изобилуваат со очај, тага и жалење. Многу го почитувам овој писател поради делото "Гарванот", бидејќи поемава е напишана во неговиот најболен период кога ја загубил личноста која најмногу му значела. А често употребуваниот збор-nevermore ги предизвикува емоциите на очај кај По, а со секое повторено nevermore, барем кај мене предозвикува интензивно растење на емоциите...и мислам дека побудува многу скриени емоции кај сите што ја имаат прочитано поемава...

,,Гарванот‘‘ е напишана пред смртта на неговата жена, така да мотивот за стиховите сигурно не е од неговиот личен живот. Инаку самиот По дава објаснување и анализа за тематиката во ,,Философија на композицијата‘‘, еден од неговите есеи од значење за теоријата на литературата.

,,Се прашав самиот себеси- од сите најтажни теми која би била, според општо мислење, најтажна? Сосема разбирливо, одговорот беше смртта. А, кога таа најтажна тема би била и уште попоетична -се прашував понатаму. Кога ќе се поврзе со убавината...Според тоа, смртта на убавата жена е, без колебање, најпоетична тема на светот.‘‘


Инаку, расказите се феноменални. Лично јас ги сакам повеќе од поезијата.
 
Екстремно талентиран,ама малку забеган....сепак,генијален е.
 
алал да му е на оној шо ја отворил темава баш ми се погоди ми требаат неколко песни од По за на школо оти во овој учебникот нема баш дадено голем акцент за делата на По...:toe:
 
Брилијантен писател и поет.
Ја прикажува темнината на душата , го искажува својот грев.
Во секој случај , умствено бил болен како што може да се види во неговите дела.
Најголем впечаток ми остави неговото дело Alone .

 
Алан По е ѕвер. Налудничав, навлечен на опиум, морбиден до коска, ама делото му е ѕверско, секоја чест.
Ги сакам „Маската на црвената смрт“ и другите негови раскази, кое болно морбидно чувство ми го будат, тоа е чудо. Поезијата исто така му е прекрасна.

Авантурите на Пим лично не ми се допадна којзнае колку, најслабо негово дело. Мрачно и во негов стил, ама се останато е подобро од тој роман.
 
За у Школо за у петок ни е "Aвантурите на Пим" ... Утре ќе ја читам па ќе видиме импресии :P , иначе Гавранот ја читав, ама многу ми е некако забегана таква, истрипана :D
 
Ај сеа некој ако може да ми даде каде има некој расказ од По или да пастира овде некој ми треба за во школо...:nesum:
 
Ај сеа некој ако може да ми даде каде има некој расказ од По или да пастира овде некој ми треба за во школо...:nesum:

Ја имам „Маската на црвената смрт“ пред мене ама предолги се расказиве за да ги пишувам, не знам дали ќе успеам зашто имам и други обврски.
Значи не ти ветувам ништо ама ако најдам време ќе напишам еден расказ и ќе ти го пратам документот во приватна порака до вечер. :)
 
И му се враќам пак сега...Освен поезијата, ќе го продлабочам и во расказите...Секогаш ми носи нови воздишки.
Расказот Бунарот и нишалото..аууу, каква тензија и описи!:zver:
 
И му се враќам пак сега...Освен поезијата, ќе го продлабочам и во расказите...Секогаш ми носи нови воздишки.
Расказот Бунарот и нишалото..аууу, каква тензија и описи!:zver:

Бунарот и нишалото и мене најголем впечаток ми остави, сличен вкус имаме веројатно.

Еве го напишав расказот Маската на црвената смрт според кој е насловена и книгата. Некој што не го прочитал, а го интересира може слободно да си го симне.
 

Attachments

Гарванот ми е една од омилените песни, ама Авантурите на Артур Гордон Пим ми е една од поглупите книги од По
 
Фала за расказот вокер грл е :zver: .... (ако може уште некој кога ке си слободна) :smir::smir:
 
Фала за расказот вокер грл е :zver: .... (ако може уште некој кога ке си слободна) :smir::smir:

Успеав да најдам време, еве го напишав и „Бунарот и нишалото“.
Пријатно читање. :)
 

Attachments

Mene pa mi se dopagase "Avanturite na Artur Gordon Pim". "Garvanot ja" citav prvpat na polnok i posle mi bese strav da zaspijam. Jezivo ebate, mornici me lazea. Mi se dopadnale i nekolku raskazi od Edgar Alan Po :zver:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom