videoto e od seloto Petresko i istoimenoto ezeroРодителите на мојата мајка се од леринско, баба ми од селото Сребрено-преименувано во Аспрогија(Ασπρόγεια) а дедо ми(партизан за ДАГ) е од Село Петреско(Petres), и куќата му била на 10 метра од Петреско езеро. За жал и двата се починати, а и тие што останаа таму да ги чуваат куќите. Сега многу сакам да знам каде растеле кои биле нивни куќи,да прашам за нивните родители роднини,а и имам желба да ги посетам некој ден нивните родни места.
Се надевам дека @cool@ ќе закчаи некоја слика од овие села ако има.
Cool до кое село најјужно во Егејска живеат Македонци денес?Ова е едно прекрасно место -ПОЖАР, Пожарско, на само 2 километри од С’батско во подножјето на Кајмакчалан -Егејска Македонија.
Тоа е чисто македонско село- со македонски народ- кои го зборуваат македонскиот роден јазик. Од пред неколку години,ресторанот кој е на самиот почеток во оваа прекрасна бања,го купи, преуреди и го адаптира во мотел еден македонец-кој како дете беше прогонет од гејциве (заедно со илјадници други македонци) за време на граѓанската војна.Човекот долго време живееше во Белград,каде се ожени со србинка - инаку уредник на едно српско енигматско списание .Татко на две деца(едниот правник-другиот-доктор).Но судбината сепак го вратила назад, на своето родно огниште-макар и по толку години отргнат од таму.Се преселуваат со жена си во Пожарско.Наново се вселија во својата куќа, која поради гејскиот диктаторски режим беа принудени да ја напуштат.Желбата му се остварила,но тој никојпат нема да заборави како, токму преку таа планина ,како детенце чекорел со останатите деца,оставајќи го огништето, родителите, детството зад себе.
КОЛЕДЕ БАБО КОЛЕДЕ
с.САРАКИНОВО на 2,5 км од Пожарско
с.ОРМА
Сурва Бабо-сурва- на ВАСИЛИЦА
Василица- Коледа Бабо =KOЛNТА MПАMПО
Карневалот во КОСТУР
Пожарско
Бате, местото е РАЈ- верувај ми и ви препорачувам сите кои не сте го посетиле да го сторите тоа- нема да зажалите:smir: да , тоа се термални ,но нз дали понапред имам кажано но, на 5,6, 7-ма слика каде се гледаат капачите -тоа е топла вода , а само на метар од неа (на лево )е грч ладна - и двете извираат од Кајмакчалан - имам некои мои слики од таму сликани од близу- доколку сум во можност ќе ти испратам да ја видиш убавината на пролет или лето како изгледа, а што е нааааааај важно сите мештани се Македонци и зборуваат одлично македонски и покрај притисокот од гејците-darmon;3907614[B напиша:]Многу убаво место.[/B]
Дали тоа се термални извори на вода и дали Пожарско го нарекуваат поради термалните топли извори?
--- надополнето ---
Cool до кое село најјужно во Егејска живеат Македонци денес?