- Член од
- 30 септември 2011
- Мислења
- 2.714
- Поени од реакции
- 2.599
Синоќа беше продолжено натпреварувањето во Евролигата во рамките од второто коло. Завршени се натпреварите во групите А, Б и Д. Во групата Б израелскиот Макаби дојде до триумф над Сиена со погодокот на Рики Хикмен на пет секунди до крајот.
Во групата А, грчкиот Панатинаикос во Атина беше подобар од Канту, додека Алба го победи Шалон во Берлин. Во групата Д, шпанската Барселона рутински дојде до триумф на гостувањето кај Литвос Ритас, додека Бешикташ беше подобар од Бамберг.
Партизан е поразен од московска ЦСКА, а во Пионир се играше продолжение во кој Русите на чело со тренерот Еторе Месина се снајдоа подобро и поискусно до победата.
Партизан-ЦСКА Москва 71:76
Партизан:Милутинов, Вестерман 15, Лучиќ 8, Милосављевиќ 2, Богдановиќ 16, Гагиќ 1, Мусли 8, Чакаревиќ 2, Џекиќ, Гордон 8, Анѓушиќ, Бертанс 11.
ЦСКА Москва: Теодосиќ 12, Мицов, Џексон 5, Соколов, Крстиќ 9, Вимс 30, Ерцег 9, Воронцевич 3, Николас 2, Каун, Хрјапа 6, Понкрашов
Партизан го претрпе и вториот пораз во Евролигата, овојпат од ЦСКА Москва со 76:71 по едно продолжение. Српскиот состав долго време беше во минус, имаа храброст да се вратат, во еден момент имаа и шут за победа, но на крај пресуди искуството на Русите. Партизан на стартот од мечот водеше со 11:4 по седум минути, но Вимс и Џексон направија пресврт за 14:13. По првиот дел ЦСКА имаше позитива од +8 (39:31). Спомнавме дека Партизан имаше последен напад за победа при резултат 62:62, но неуспешни беа обидите на Богдановиќ и Вестерман.И во продолжението екипата од Белград водеше со четири поени разлика, но на крајот Теодосиќ и Вимс не дозволија изненадување. Кај ЦСКА прв стрелец беше Американецот Сони Вимс со 30 поени (8/12 за два поени, 2/2 за три поени, 8/8 од слободните фрлања), три скока и три украдени топки. Кај Партизан најрасположен беше Богдан Богдановиќ со 16 поени.
Макаби Електра Тел Авив-Монтепаски Сиена 70:68
Макаби: Логан 5, Џејмс, Смит 7, Хикмен 19, Елијаху 11, Рот, Фини 5, К. Медли 1, Охајон 4, Шермандини 4, Томас 14, Ландесберг.
Монтепаски: Касун 5, Браун 11, Карарето, Рашиќ 2, Кангур 9, Саникидзе 7, Рес 7, Лехтхалер, Кемп 16, Џенинг, Хакет 2, Мос 9.
Двата тима во оваа сезона влегоа ослабени. Тоа особено се однесува повеќе на клубот од Сиена кој во минатото коло беше поразен од АЛБА, додека вчера го доживеаја и вториот пораз и тоа во Тел Авив. Играч на мечот беше Хикмен кој погоди на пет секунди до крајот. Во првата делница од мечот Италјанците одиграа одлично, водеа со 20:14. Меѓутоа, во втората четвртина домаќините ја добија со 17:13 и по првиот дел Макаби имаше само минус два негатива (33:31). Во третата четвртина домаќините успеаја да направат пресврт (53:52). Во последните десет минути Макаби имаше поголема смиреност и знаење и стигнаа до вториот евролигашки триумф. Кај победникот американскиот плејмејкер Хикмен постигна 19 поени (5/11 за два поени, 1/6 за три поени, 6/7 од слободните фрлања), три асистенции и четири украдени топки, додека на спротивната страна бекот Марселус Кемп имаше биланс од 16 поени (4/6 за два поени, 2/7 за три поени, 2/2 од слободните фрлања).
Панатинаикос-Палаканестро Канту 78:76
Панатинаикос: Брамос 4, Панко 11, Мачиулис 5, Армстронг 2, Укиќ 11, Ласме, Царцарис 8, Дијамантидис 12, Кичен 6, Ксантопулос, Гианопулос, Скорцијанитис 19.
Канту: Кудлачек, Абас, Шчекиќ 1, Смит 4, Маркоишвили 17, Леунен 3, Мацарино 6, Брукс 9, Тајс 10, Табу 7, Арадори 17, Кузин 2.
Панатинаикос го оствари првиот триумф во Евролигата. Беше подобар од Канту со резултат 78:76. Првото полувреме го добија Атињаните минимално со 44:43. Во вторите 20 минути, ПАО исто така за нијанса излезе поуспешен и покрај силниот отпор на Канту. Италјанците во минатото коло имаа навистина лош меч со словенечкиот тим на Унион Олимпија. Најефикасни во редовите на грчкиот клуб беше центарот Софоклис Скорцијанитис на центарската позиција со 19 поени (5/8 за два поени, 9/11 од слободните фрлања), 4 скока и една украдена топка, додека кај поразените, Маркоишвили и Арадори уфрлија по 17 коша.
Литвос Ритас-Барселона 49:67
Литвос: Дулкис 7, Бабраускас 2, Сеибутис 8, Дилис, Самарџиски 4, Кателинас 2, Недовиќ 7, Јомантас 2, Бендзиус, Радошевиќ 11, Иванов 2, Блумс 4.
Барселона: Сада, Хуертас 2, Абринес 2, Наваро 13, Јасикевичиус, Тодоровиќ 2, Валас 7, Инглс 11, Лорбек 9, Џаваи 8, Микел 8, Томиќ 5.
По добрата игра во првиот меч со ЦСКА, се очекуваше сличен пристап од страна на Литвос со Каталонците, но тоа не се случи. Доживеа убедлив пораз, во кој македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски за 14:31 мин. забележа 4 поени (2/3 за два поени, 0/2 од слободните фрлања), четири скока (два офанзивни и два дефанзивни), две загубени топки, две блокади и заработи две лични грешки. Најзаслужен за победата беше Хуан Карлос Наваро со 13 поени (3/5 за два поени, 1/5 за три поени, 4/4 од слободните фрлања).
Бамберг-Бешикташ 71:86
Бамберг: Гипсон 10, Голдсбери, Нахбар 11, Тада 6, Рихтер, Нојман, Форд, Вилијамс 7, Јакобсен 6, Гавел 21, Зирбес 10.
Бешикташ: Гулер 14, Акин, Ачик, Видмар 3, Фалкер 4, Четин 9, Маркота 11, Кристофер 9, Дашиќ 6, Херсек, Озер 3, Џерелс 27.
Турската екипа стигна до втората победа, овој меч го реши по само две одиграни четвртини, кога по првиот дел имаше позитива од плус 16 (47:31). Плејмејкерот Куртис Џерелс беше прв стрелец со 27 поени (7/10 за два поени, 2/4 за три поени, 7/8 од слободните фрлања), еден скок и три асистенции, додека кај Германците, Словакот Антон Гавел постигна 21 кош.
АЛБА-Шалон 74:71
АЛБА: Авдаловиќ 2, Шулце, Неј, Шафарцик 13, Томпсон 24, Фуле, Џедовиќ 5, Рандл 5, Миралес 4, Вуд 19, Идбихи, Морли 2.
Шалон: Чикамбу 20, Капела, Аџагба, Ленг 3, Абуду, Ловерње 4, Шилб 14, Жан Баптист 9, Раш 7, Вилијамс 14, Евтимов.
И покрај тоа што Французите во пресрет на последната четвртина имаа позитива од осум поени разлика (59:51), германскиот претставник направија неверојатна серија од 21:2 и на тој начин стигнаа до вториот триумф во Евролигата. Најзаслужен за успехот беше американскиот крилен центар Деон Томпсон со 24 поени (12/14 за два поени, 0/1 од слободните фрлања) и забележа осум скока. Во поразот Чикамбу постигна 20 коша и четири скока.