Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Ke moze nekoj da mi go napise sostavot na Armano Jeans za ovaa sezona ?
Еве го составот на италјанскиот клуб ЕА7 Емпорио Армани Милано. Со Ленгфорд, Стипчевиќ, Бурусис и Џанлука Базиле, Армани може да направи добар резултат оваа сезона во Евролигата.

 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Утре четврток на 11-ти и петок на 12-ти октомври 2012 година, започнува новата сезона во Евролигата 2012-2013. Од македонските претставници, Перо Антиќ со Олимпијакос со кого стана европски шампион лани се наоѓа во групата Ц, заедно со Цедевита Загреб на Владо Илиевски и Маркиз Грин. Лестер Бо МекКејлеб со турскиот клуб на Фенербахче се наоѓа во групата A, додека Предраг Самарџиски со литванскиот клуб Литвос е во групата Д и може да се рече дека токму последната група би можела да биде како најнеизвесна од сите останати.




Група А- Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки, Фенербахче, Олимпија, Палаканестро Канту
Група Б- Макаби, Монтепаски, Алба, Уникаха, Проком, Шалон
Група Ц- Олимпијакос, Каха Лаборал, Анадолу Ефес, Жалгирис, Армани, Цедевита
Група Д- Барселона, ЦСКА Москва, Партизан, Литвос Ритас, Бросе, Бешикташ

1. коло - Евролига
Група А
Фенербахче-Химки (11 октомври - 20:45 часот - пренос на Sport Klub)
Палаканестро Канту-Унион Олимпија (11 октомври - 20:45)
Реал Мадрид-Панатинаикос (12 октомври - 21:30 - пренос на Sport Klub)

Група Б
Елан Шалон-Асеко Проком (11 октомври - 20:00)
Уникаха Малага-Макаби Електра Тел-Авив (11 октомври - 20:45 - пренос на Sport Klub+)
Монтепаски Сиена-АЛБА Берлин (12 октомври - 20:45)

Група Ц
Жалгирис Каунас-Цедевита Загреб (11 октомври - 18:45 - пренос на Sport Klub)
Олимпијакос-Каха Лаборал (11 октомври - 20:00)
Армани Милано-Анадолу Ефес (12 октомври - 20:45)

Група Д
ЦСКА Москва-Литвос Ритас (11 октомври - 18:00)
Барселона Регал-Бросе Баскетс (12 октомври - 18:30)
Бешикташ-Партизан (12 октомври - 19:00)

Засега нема најава од македонските телевизиски медиуми за пренесување на натпреварите, како прва опција за оние со кабелска телевизија, може мечевите да се следат на Sport Klub и Sport Klub+, а како втора опција е Интернет, доколку има некој дуел, што мислете дека е поинтересен, можете слободно да информирате за линкови.



Исто така, како трета опција во живо, најинтересните моменти, информации и статистика од натпреватите може да се следат и на вебсајтот на EuroleagueTV
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleaguetv&source=web&cd=1&cad=rja&ved=0CB8QFjAA&url=http://www.euroleague.tv/&ei=oHh1UNaRJ5HItAbGkIGgDg&usg=AFQjCNFFBxc34X3-m3iMbduAZ8x9hclGXg

Во натпреварувачката нова сезона во Евролигата, во следната фаза ќе се пласираат првите четири екипи од секоја група. Ново е тоа што во таа следна фаза ќе бидат формирани две групи од по осум екипи. Во четвртфиналето ќе изборат пласман најдобрите четири екипи од двете групи, по што ќе се игра до три победи во таа серија. Фајнлфорот ќе се игра во Лондон, 10-12 мај 2013 година.


Повеќе од 40% од мечевите ќе се играат во петок за прв пат во историјата на Евролига. Вкупно 50, од вкупно 120 натпревари во регуларниот дел од сезоната, ќе бидат во петок. Токму пред започнување на викендот, им се овозможува на кошаркарските фанови и сите останати што го сакаат овој спорт да имаат повеќе време и подготовка за следење на овие натпревари.

(Само напомена во долунаведениот формат дека веќе квалификантот се знае во групата А, па така QR Champion се знае дека е италјанскиот клуб на Палаканестро Канту, за да нема забуни).



Регуларниот дел од сезона во Евролигата завршува в петок на 14 декември 2012 година со најдобрите 16 екипи во следната рунда, во втората фаза која започнува на 27 декември 2012 година.

Натпреварите ќе се играат четврток и петок, за да не се вклопуваат со оние дуели од фудбалската Лига на шампиони.



Доколку сакате повеќе информации посетете го официјалниот веб сајт на Евролига.
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague&source=web&cd=1&cad=rja&ved=0CB8QFjAA&url=http://www.euroleague.net/&ei=sHN1UPeFDMrIswaF24DwAg&usg=AFQjCNHYOF2Q8Wd9gtQeSaLLHp4lMdZx_g

Еве го распоредот на натпреварите од групната фаза во новата сезона во Евролигата 2012-2013 во групите А, Б, Ц и Д.
http://www.euroleague.net/main/schedules/by-group?groupid=507&phasetypecode=RS
http://www.euroleague.net/main/schedules/by-group?groupid=508&phasetypecode=RS
http://www.euroleague.net/main/schedules/by-group?groupid=509&phasetypecode=RS
http://www.euroleague.net/main/schedules/by-group?groupid=510&phasetypecode=RS
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.947
За денес очекувам сигурни победи на ЦСКА, Фенербахче и Канту, а најинтересен очекувам да биде дуелот Уникаха-Макаби.
Бај д веј знае ли некој Химки што состав имаат?
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
За денес очекувам сигурни победи на ЦСКА, Фенербахче и Канту, а најинтересен очекувам да биде дуелот Уникаха-Макаби.
Бај д веј знае ли некој Химки што состав имаат?
Имаат и Химки добар состав, ги имаат Фридзон, Моња, Планиниќ, Копонен, Лончар.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.947
Имаат и Химки добар состав, ги имаат Фридзон, Моња, Планиниќ, Копонен, Лончар.
Овие имаат доста солиден состав, дома ќе бидат доста тежок залак за фаворитите, не сум знаел дека вака се ујачале. Знам Планинич и Моња играа таму, а сеа и Копонен го земале, и плус уште некои. Но како и да е очекувам да загубат вечер од Фенербахче, ипак Турците оваа сезона се премногу јаки.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
ne pratam mn kosarka a gi izgirav Fenerbahce 1.. sea gledam neso deka rastit koef , dan ja znajte pricinata?
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 18:17 ---
ne pratam mn kosarka a gi izgirav Fenerbahce 1.. sea gledam neso deka rastit koef , dan ja znajte pricinata?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Oдличен состав имаат оваа година Фенер, не знам оти коефициентот за 1 расте, не е нешо за потценување и составот на Химки, ама сепак би требало да победи Фенер.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.947
Ќе тепа Фенер бре каков Химки какви бакрачи. Добри се Химки али Фенер е прејак оваа година, е сеа едино ако немаат некои повредени играчи па затоа да расте коефициентот инаку не би требало да имаат проблеми.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.669
Му се одмаздија литванциве на Влатко за кобната тројка :)
Цедевита беа уништени у поим, ги глеав у второ полувреме поконфузна игра неам видено, делуваа на маалска екипа.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Се одигра првото коло во новата сезона од Евролигата. Од македонските претставници, триумфираа Лестер Бо МекКејлеб и Перо Антиќ со Фенербахче и Олимпијакос, додека порази претрпеа Владо Илиевски, Маркиз Грин и Предраг Самарџиски со Цедевита Загреб и Литвос Ритас.

Фенербахче во својата нова Арена славеше против Химки. Лестер Бо МекКејлеб беше втор стрелец во победата, кој за 25:58 мин., имаше учинок од 17 поени (8/13 за два, 0/1 за три, 1/2 од слободните фрлања), два скока, 4 асистенции, 2 украдени и една загубена топка и заработи три лични грешки.

Бранителот на титулата во ова европско натпреварување, Олимпијакос извојуваше победа на домашен терен против Каха Лаборал. Перо Антиќ беше трет стрелец во грчкиот клуб, кој за 19:39 мин., имаше учинок од 9 поени (2/4 за два, 1/1 за три, 2/2 од слободните фрлања), три скока и 1 загубена топка.

Дебитантот во Евролигата, Цедевита убедливо загуби на гостувањето кај Жалгирис во Каунас. Во поразот, Владо Илиевски кој за 22:36 мин. на паркетот постигна осум поени (1/2 за два, 2/5 за три), 1 украдена и четири загубени топки, заработи две лични грешки. Исто така за составот од Загреб, Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин за 22:40 мин. немаше нитуеден поен (0/1 за два, 0/5 за три), 2 скока, 4 асистенции, 2 украденти и една загубена топка, заработи и една лична грешка.

ЦСКА Москва се намачи против Литвос Ритас кој прикажа добра и храбра игра во текот сите 40 минути од натпреварот, но беше минимално поразен на крајот. Во литванската екипа, Предраг Самарџиски за 23:03 мин. имаше биланс од 5 поени (2/4 за два, 1/2 од слободните фрлања, 5 скока, 1 украдена и две загубени топки, една блокада, а на крајот, поради пет лични грешки мораше да го напушти теренот.

А група
Фенербахче-Химки 92:80
Фенербахче: МекКејлеб 17, Онан 15, Ермиш, Сато 12, Бремер, Андерсен 2, Пекер, Саваш 11, Батист 7, Караман 4, Богдановиќ 4, Прелџиќ 20.
Химки: Огустин 4, Фридзон 6, Копонен 6, Вјалцев, Лончар 11, Риверс 14, Моња 10, Хвостов, Пушков, Жуканенко 12, Планиниќ 17, Нилсен.


Палаканестро Канту-Унион Олимпија 71:84
Палаканестро Канту: Кудлачек, Абас, Шчекиќ 3, Смит 4, Маркоишвили 13, Леунен 7, Мацарино 5, Брукс 10, Тајс 5, Табу 3, Арадори 16, Кузин 5.
Унион Олимпија: Вотерс, Рупник, Препелиќ 8, Блажиќ 12, Ранико 4, Салин 15, Муриќ, Бејнс 16, Бубниќ 8, Пејџ 17, Мочник, Омиќ 4.



Реал Мадрид-Панатинаикос 85:78
Реал Мадрид: Дрејпер 4, Фернандез 23, Почиус, Суарез, Рејес 4, Миротиќ 18, Родригез 4, Хернангомез, Бегиќ 2, Керол 7, Љуљ 15, Слотер 8.
Панатинаикос: Брамос 8, Панко 10, Мациулис 6, Армстронг, Укиќ 6, Царцарис 10, Дијамантидис 13, Кичен 2, Ксантопулос, Гианопулос, Скордилис, Скорцијанитис 23.



Табела:
1. Унион Олимпија 1-0 84:71 13
2. Фенербахче 1-0 92:80 12
3. Реал Мадрид 1-0 85:78 7
4. Панатинаикос 0-1 78:85 -7
5. Химки 0-1 80:92 -12
6. Палаканестро Канту 0-1 71:84 -13

Б група
Елан Шалон-Асеко Проком 81:74
Елан Шалон: Чикамбу 16, Капела, Гаиљар, Аџагба, Ленг 2, Абуду 2, Ловерње 5, Шилб 13, Жан Баптист 1, Раш 17, Вилијамс 8, Евтимов 17.
Асеко Проком: Робинсон 12, Памула 9, Сниег, Витка, Блесингејм 7, Казу 11, Махалбашиќ, Понитка 13, Кошчарек 14, Шчотка, Хручаник 8.



Уникаха Малага-Макаби 80:85
Уникаха Малага: Симон 19, Вилијамс 10, Лима 2, Видал, Уртасун 15, Каловеј 25, Перовиќ 2, Гист 6, Васкез, Хименез, Жориќ 1, Драгиќ.
Макаби: Логан 14, Џејмс 4, Хикмен 16, Елијаху 15, Рот, Фини 11, К. Медли, Охајон 7, Шермандини 9, Томас 4, Сегев, Ландесберг 5.


Монтепаски Сиена-АЛБА Берлин 82:92
Монтепаски Сиена: Касун 6, Браун 10, Езе 7, Карарето 6, Рашиќ 4, Кангур 13, Саникидзе 6, Рес 3, Кемп, Џенинг 6, Хакет 4, Мос 17.
АЛБА Берлин: Авдаловиќ 14, Шулце, Шафарцик 7, Томпсон 10, Фуле, Џедовиќ 14, Рендл 1, Миралес 10, Вуд 15, Идбихи 13, Морли 8.



Табела:
1. АЛБА Берлин 1-0 92:82 10
2. Елан Шалон 1-0 81:74 7
3. Макаби 1-0 85:80 5
4. Уникаха Малага 0-1 80:85 -5
5. Асеко Проком 0-1 74:81 -7
6. Монтепаски Сиена 0-1 82:92 -10

Ц група
Жалгирис Каунас-Цедевита Загреб 90:62
Жалгирис Каунас: Дарден, Поповиќ 15, Д. Лавринович 8, Јускевичиус 4, Липкевичиус 2, Јанкунас 20, Делаш 5, Кузминскас, Лафајет 10, Каукенас 9, Фооте, К. Лавринович 17.
Цедевита Загреб: Кар, Врајт 15, Шупут 5, Бабиќ 3, Андриќ 8+3 скока, Бува 5, Сутон 2, Билан, Илиевски 8, Желабал 16, Грин, Баждариќ.


Олимпијакос-Каха Лаборал 85:81
Олимпијакос: Хајнс 6, Ло 4, Антиќ 9, Спанулис 16, Перпероглу 14, Дорси 7, Слукас 6, Мавроеидис 1, Гечевичиус, Принтезис 17, Папаниколау 5, Манцарис.
Каха Лаборал: Ночиони 11, М. Бјелица, Хернандез-Сонсека, Кабезас 9, Сан Еметерио 11, Хортел 6, Олесон 13, Лампе 18, Н. Бјелица 11, Косер 2.


Армани Милано-Анадолу Ефес 80:75
Армани Милано: Џакети, Стипчевиќ 5, Херстон 10, Фотсис 6, Кук 5, Киоти, Бурусис 23, Мели 7, Ленгфорд 16, Џентиле 5, Хендрикс, Базиле 3.
Анадолу Ефес: Балбеј 2, Фармар 19, Вујачиќ 9, Батук 5, Ерден 3, Гонлум 4, Савановиќ 12, Лукас 8, Ермал К. 10, Гулер, Сирин, Барач 3.



Табела:
1. Жалгирис Каунас 1-0 90:62 28
2. Армани Милано 1-0 80:75 5
3. Олимпијакос 1-0 85:81 4
4. Каха Лаборал 0-1 81:85 -4
5. Анадолу Ефес 0-1 75:80 -5
6. Цедевита Загреб 0-1 62:90 -28

Д група
ЦСКА Москва-Литвос Ритас 75:73
ЦСКА Москва: Теодосиќ 10, Мицов 9, Џексон 2, Крстиќ 12, Вимс 14, Ерцег 11, Воронов, Воронцевич, Николас, Каун, Хрјапа 12, Понкрашов 5.
Литвос Ритас: Дулкис, Бабраускас 4, Сеибутис 19, Самарџиски 5, Кателинас 12, Недовиќ 11, Јомантас 3, Бендзиус, Редикас, Радошевиќ 10, Иванов 4, Блумс 5.


Барселона-Бросе Бамберг 72:60
Барселона: Сада, Хуертас 6, Наваро 4, Јасикевичиус 4, Тодоровиќ, Валас 10, Инглс 3, Рабаседа 2, Лорбек 11, Џаваи 8, Микел 12, Томиќ 12.
Бросе Бамберг: Гипсон 5, Голдсбери 3, Нахбар 20, Тада 1, Нојман 1, Форд 2, Вилијамс 8, Јакобсен 7, Гавел 5, Зирбес 8.



Бешикташ-Партизан 81:65
Бешикташ: Гулер 4, Акин, Ачик 5, Видмар 3, Фалкер 4, Четин 8, Маркота 2, Кристофер 25, Дашиќ 2, Херсек, 6, Озер 7, Џерелс 15.
Партизан: Томас, Милутинов, Вестерман 12, Лучиќ 18, Милосављевиќ 9, Богдановиќ 4, Гагиќ 9, Мусли 4, Чакаревиќ, Гордон 9, Анѓушиќ, Бертанс.



Табела:
1. Бешикташ 1-0 81:65 16
2. Барселона 1-0 72:60 12
3. ЦСКА Москва 1-0 75:73 2
4. Литвос Ритас 0-1 73:75 -2
5. Бросе Баскетс Бамберг 0-1 60:72 -12
6. Партизан 0-1 65:81 -16
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
183
Поени од реакции
115
Мислам дека Реал и Фенер имаат доста квалитетни состави годинава да стигнат до фајнл4.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
2. коло - Б група
Асеко Проком Гдиниа-Уникаха Малага (19:45 часот)



Денеска се игра само еден натпревар во новата рунда од Евролигата. Две екипи ќе се борат за нивниот прв триумф во ова натпреварување, полскиот Проком го пречекува шпанскиот состав на Уникаха Малага. Полјаците ќе бидат ослабени без Дру Вини и Крзистоф Рошчик, како и Жулиан Казу кој ќе биде ослободен од обврските наредните денови.



Се очекува нив да ги заменат Адам Хричаник и Роберт Витка на позициите, со Пиотр Памула како крило, Рашид Махалбашиќ како крилен центар и Матеш Понитка како бек. Хричаник и Махалбашиќ ќе треба да ја искористат нивната големина и сила против Коста Перовиќ и Фран Васкез. Кај Уникаха, главен лидер е Лука Жориќ, како и Џејмс Гист на крилната позиција, со својата брзина и снаодливост можат во секој момент да реализираат. Т.н. икс-фактор кај Шпанците може да биде Аугусто Лима. Понитка и Памула ќе бидат главните опции кај Проком особено кај крилната позиција, но домаќините имаат и други алтернативи, како што е Пиотр Шчотка кој ќе има сериозен предизвик во Карлос Хименез и Крунослав Симон, чие искуство и способност можат со лесен дриблинг и шут од далечина да направат успех на крајот. Интересен дуел се очекува и од Џерел Блесингејм кој пред себе ќе има играч кој на моменти може да биде и агресивен, Маркус Вилијамс.



Уникаха мора да ја искористи својата поголема ротација во тимот, предноста, висината, како и физичката сила на теренот, клучни играчи кои можат да придонесат со добра игра им се Гист и Васкез. Проком ќе се обиде преку плејмејкерот Хручаник да го предводи нападот и да се обиде да го спречи брзото темпо на противникот. И се разбира, Проком се надева дека со големата поддршка од навивачите ќе стигне до позитивен резултат.

Натпреварот можете во живо да го проследите на Sport Klub.

Погледнете ги и најдобрите 10 потези по првото одиграно коло во Евролигата. :)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
2. коло – Евролига
Б – група
Асеко Проком Гдиниа-Уникаха Малага 75:77 (22:28 – 17:17 – 20:18 – 16:14)



Асеко Проком Гдиниа: Робинсон 14, Памула, Сниег, Витка 9, Рошчик, Блесингејм 8+7 асистенции, Акер 3, Махалбашиќ 6, Понитка 8, Кошчарек 16+8 асистенции, Шчотка, Хруначик 11.
Уникаха Малага: Симон 8+6 скока, Вилијамс 18+4 асистенции, Лима, Видал, Уртасун 14, Каловеј 8, Перовиќ, Гист 8, Васкез 4, Хименез 3, Жориќ 4, Драгиќ 10.


Првиот меч од второто коло во Евролигата го одиграа синоќа Проком и Уникаха во рамките од групата Б, а на крајот гостите ја славеа првата победа ова сезона со резултат 77:75.

Уникаха уште на самиот старт придонесе со подобра игра. Водеа во поголемиот дел од првата четвртина која на крајот ја добија со 28:22. Истото темпо на Шпанците продолжи и во втората четвртина. Во еден момент имаа предност и од 13 поени разлика (37:24), но Полјаците успеаја да ја намалат негативата и да им дозволат на гостите да имаат позитива од само +6 по првиот дел од мечот (45:39).



Проком во текот на третата четвртина во неколку наврати беше блиску до пресврт, но гостите успеваа да се одбранат. По 30 минути игра, домаќинот се доближи на само минус четири (63:59).

Последната четвртина донесе многу возбудувања, на три минути до крајот, резултатот беше нерешен (68:68). Проком успеа дури и да поведе со 72:70, но Уникаха подобро се снајде во завршницата и да дојде до првиот евролигашки триумф.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom