TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
До 2020 година Европската унија ќе се распадне и Европа ќе се подели во три федерации - Западна, Нова и Балканска, предвидува американската разузнавачка служба ЦИА.
Во текстот кој го пренесува хрватски Национал, како причина за поделбата на федерации, ЦИА ги наведува проблемите и продлабочувањето на светската финансиска криза. Според професорот Јован Донев вакво нешто е незамисливо бидејќи придобивките на сите членки на ЕУ се многу поголеми кога се заедно отколку кога би биле сами.
Според ЦИА, Во Западна Европа би биле Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Холандија, Белгија, Норвешка, Данска, Финска, Шведска, Швајцарија и Италија.
Во вториот дел или Нова Европа би биле Естонија, Латвија, Чешка, Словачка, Словенија, Полска и Хрватска.
Македонија би била дел од Балканската федерација, која би ја составувале земјите од Југоисточна Европа во која живее претежно православно население. Покрај Македонија во федерацијата би влегле уште Романија, Бугарија, Србија, Грција, Босна, Косово и Албанија.