ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.429
- Поени од реакции
- 42.701
Ете дојдовме до самиот крај на едно од најинтересните и највозбудливи Европски првенства, турнир на кој видовме апсолутно се што може да се види на едно натпреварување од вакви размери. Настан кој беше одложен цела година поради пандемијата од КОВИД-19, настан кој се одржуваше во 11 земји низ Европа и настан на кој репрезентацијата на Македонија го имаше своето деби учество на едно големо фудбалско натпреварување.
Во финалето на ЕУРО 2020, сосема заслужено, ќе се сретнат екипите на Италија и Англија. Финале за форумов, после сите дискусии за тоа која нација е пофудбалска, која лига е подобра, која репрезентација е посилна...препирања меѓу фановите на италијанскиот и англискиот фудбал, кои го преплавуваа подфорумов во претходните 3-4 недели. И додека една утакмица, нормално, нема да го даде одговорот на овие прашања, победникот сигурно ќе ги има "the bragging rights" до нивниот следен "состанок".
Италија
Италија е репрезентацијата која "ги освои срцата" на неутралните фанови на ова Европско првенство, со еден брз и офанзивен фудбал, нетипичен за нивниот класичен стил на игра. Италијаните се наоѓаат во нивното четврто финале, а ќе ја бркаат втората титула "Шампион на Европа" во фудбал. Прв и единствен пат, Аѕурите го освоиле ова натпреварување на домашен терен во 1968 победувајќи ја Југославија 2-0 во финалето на Олимпико. Интересно за ова првенство е што Италијаните се пласирале во финалето после фрлање паричка, откако нивниот полуфинален меч против СССР завршил без голови, а пеналите и продолженијата сеуште не биле воведени од УЕФА. И финалето против Југославија завршило 1-1 во првиот наврат, но мечот бил преигран два дена подоцна.
Во нивното второ финале, на ЕУРО 2000, тимот на Италија бил на чекор до титулата, кога Силван Вилтор со буквално последниот шут на натпреварот и донел израмнување на, тогаш светскиот шампион, Франција, а потоа Давид Трезеге со "златен гол" во продолжението ги обединил Светската и Европската круна за Триколорите. Уште еден актуелен светски првак застана на патот на Италија и пред девет години. Тогаш Шпанија славеше со убедливи 4-0 во финалето на ЕУРО 2012, додавајќи ја оваа титула на тие од СП 2010 и ЕУРО 2008, со што најверојатно станаа најдобрата генерација на сите времиња во интернационалниот фудбал. Добри вести за Италијаните пред ова финале се дека Англија не го освои последното Светско првенство во фудбал.
Патот до финале:
Група А: Турција 0-3 Италија
Група А: Италија 3-0 Швајцарија
Група А: Италија 1-0 Велс
1/8 финале: Италија 2-1 Австрија (по прод.)
1/4 финале: Белгија 1-2 Италија
1/2 финале: Италија 1-1 Шпанија (4-2 на пен.)
Против Белгија, фудбалерите на Манчини го изиграа можеби и својот надобар меч на ЕУРО 2020. Стабилно, мирно и ефикасно, во натпревар во кој Белгијците не успејаа да креираат ниту една поконкретна шанса. Полуфиналето со Шпанија беше тврдо и психолошки "захтевно", но Италијаните дефинитивно покажаа дека можат да се носат со притисокот и да изиграат цврсто и концентирано кога е најмногу потребно.
Очекуван состав:
Донарума
Ди Лоренцо - Бонучи - Кјелини - Емерсон
Барела - Жоржињо - Верати
Киеза - Имобиле - Инсиње
Англија
Донарума
Ди Лоренцо - Бонучи - Кјелини - Емерсон
Барела - Жоржињо - Верати
Киеза - Имобиле - Инсиње
Англија
За разлика од Италија, Англичаните за прв пат во нивната историја ќе бидат дел од едно финале на Европските фудбалски првенства. Тие имаат две полуфиналиња, каде како Светски шампиони загубиле од Југославија во 1968 и Германија во 1996, на турнирот на кој биле домаќини.
Англија беше практично домаќин и на ова ЕУРО, или барем кога се натпреварите кои ги играа тие во прашање. Сите натпревари на Англиската репрезентација, со исклучок на 1/4 финалето против Украина се одиграа на Вембли, а така ќе биде и во претсојното финале. Така што, иако Италија е домаќинот на хартија, на трибините во недела се очекува да преовладува белата боја, посебно со оглед на фактот дека на италијански државјани им е забранет влез во UK како дел од безбедносните мерки против корона пандемијата.
Патот до финале:
Група Д: Англија 1-0 Хрватска
Група Д: Англија 0-0 Шкотска
Група Д: Чешка 0-1 Англија
1/8 финале: Англија 2-0 Германија
1/4 финале: Украина 0-4 Англија
1/2 финале: Англија 2-1 Данска (по прод.)
Англија исто така сосема заслужено се најде во завршниот меч на ЕУРО 2020. Играчите на Саутгејт ја поминаа групната фаза во втора брзина, без некој посебен интензитет и со само два постигнати голови - доволно за две минимални победи. Во 1/8 финалето конечно успеа да срушат една од неколкуте лоши традиции што ги пратат низ фудбалските натпреварувања, односно ја елиминираа Германија за прв пат по 55 години и фамозното финале на СП 1966. Група Д: Англија 1-0 Хрватска
Група Д: Англија 0-0 Шкотска
Група Д: Чешка 0-1 Англија
1/8 финале: Англија 2-0 Германија
1/4 финале: Украина 0-4 Англија
1/2 финале: Англија 2-1 Данска (по прод.)
Единсвениот меч кој го играа надвор од Англија најверојатно им беше и најлесен натпревар на Англичаните. Победа со 4-0 против Украина во 1/4 финале, историски најубедлива во нокаут фазата на ова натпреварување за Гордиот Албион. Полуфиналето им донесе еден незгоден противник, кој беше едно од позитивните изненадувања на ова ЕП. Сепак, еден контроверзен пенал во продолженијата пртив Данска беше "таман" за прва победа во 1/2 финале, после четири (ако ја броиме и Лигата на Нации - пет) последователни порази во оваа фаза од фудбалските турнири.
Очекуван состав:
Пикфорд
Вокер - Стоунс - Мегваер - Шо
Рајс - Филипс
Сака - Маунт - Стерлинг
Кејн
Head-to-Head
Италија и Англија имаат играно 27 пати меѓу себе. Италија има 11 победи, Англија осум - од кои само една во последните седум дуели против овој противник, и исто толку утакмици (осум) завршиле без победник.Пикфорд
Вокер - Стоунс - Мегваер - Шо
Рајс - Филипс
Сака - Маунт - Стерлинг
Кејн
Head-to-Head
На големите натпреварувања се имаат сретнато четири пати и сите четири меча завршиле со славје на Аѕурите. Победа од 1-0 на Италија во групната фаза на ЕУРО 1980 и победа на пенали во 1/4 финалето од ЕУРО 2012 се резултатите од нивните дуели на Европските шампионати. На Мундијалите пак, Италијаните славеле два пати по 2-1 - на мечот за трето место на СП 1990 и во групната фаза од СП 2014. Значи уште еден меч на кој традицијата е против репрезентативците на Англија.
За крај, Forza Azzurri или It's coming home? Повелете со ваши мислења и коментари.
Последно уредено: