- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.573
- Поени од реакции
- 5.618
Сите го заборавате ИСЛАНД на последното Европско?Кога Мрме ќе најде играчи од калибарот на Шевченко пa и на Ребров кога Динамо Киев 1997 во четвртфинале од Лига на Шампиони ја декласираше Барселона со вкупен резултат од 7:0 тогаш ќе направиме успех на европско или светско превенство.
Што мислиш колку стартери на Исланд играа во Исландска Прва Лига тоа првенство?
Се е до тактиката, како ќе се покажеш тие 90 минути. Ако имаш добра игра скроена според тоа какви играчи имаш и го вадиш максимумот дефинитивно можеш да изненадиш на вакво натпреварување. Барем да поминеш групи, во случај кога првите 3 репрезентации во група можат да идат понатека.
На Мрме му треба одлична поставеност, борбеност и брза транзиција. Со Малце среќа и 4 бода во групава не се недостижни.
А да не се лажеме квалитетни играчи имаме, особено во средниот ред, особено офанзивно. Само мрме ќе треба да ги постави добро тактички и да го извади максимумот од нив. Али дефинитивно со брза игра и контри/полуконтри мислам дека и Украина а и Холандија можеме да ги изненадиме. *ова не значи да ги победиме и двете, ако ништо друго да ги намачиме и да не бидеме топовско месо*.
Јас лично би пробал нешто во стил
.........Ристовски............(Или Стојановски)
........Елмас...Пандев........
.....Адеми...Николов...Барди...
Алиоски..Муслиу..Велковски..Ристовски
..........Столе...............
Во некоја 4-3-2-1 формација. Каде што Стојановски или Ристовски би отварале прсотор и би се „бореле“ со Украинските дефанзивци а Пандев, Елмас, Барди и Алиоски пред се би утрчувале од втор план во гол-шанска. Иако и Пандев е одличен како креатор, што и Ристовски/Стојановски и Елмас би добивале највеќе топки од него за гол.
Тука имаш и играчи како Чурлинов и Трајковски што би можеле да влезат од клупа и да направат разлика.
Поставеноста во некоја ваква тактика на контри и полуконтри може да варира. Доволно ти е 1 класична 9ка што ќе отвара простор, креатор и играчи што ќе можат да влагаат од втор план и да изненадат голман со шут од чиста шанса. Или пак некој што ќе брка топка во празно и ќе искочи 1 на 1 со голман.
Дури и Пандев може да игра како 9ка со позади него Елмас и Чурлинов.
Мрме има доста комбинации. Далеку од тоа дека сме за жалење, барем средниот ред и нападот ни е солидно покриен, како никогаш до сега.
Клучно ќе е како Мрме ќе ги постави играчите и какви инструкции ќе им даде. Ако успееме да извадиме транзиција како против Германија и општо каква што имавме во Лигата на Нациите тогаш и те како мислам дека можеме да ја добиеме Украина. Фали Несторовски да отвара простор и да се „бори“ со одбранбени играчи, затоа мора младиве (Ристовски и Стојановски) да се искористат до максимум за тоа, за останатите да можат полесно да влагаат во гол шанса од втор план.
Пред се ова е само мое мислење. Мрме е постручен од мене/нас. Ги знае веќе момците и се надевам дека со добра анализа ќе не постави подобро и ќе им земеме 3 бода!