ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога Мрме ќе најде играчи од калибарот на Шевченко пa и на Ребров кога Динамо Киев 1997 во четвртфинале од Лига на Шампиони ја декласираше Барселона со вкупен резултат од 7:0 тогаш ќе направиме успех на европско или светско превенство.
Сите го заборавате ИСЛАНД на последното Европско?

Што мислиш колку стартери на Исланд играа во Исландска Прва Лига тоа првенство?

Се е до тактиката, како ќе се покажеш тие 90 минути. Ако имаш добра игра скроена според тоа какви играчи имаш и го вадиш максимумот дефинитивно можеш да изненадиш на вакво натпреварување. Барем да поминеш групи, во случај кога првите 3 репрезентации во група можат да идат понатека.

На Мрме му треба одлична поставеност, борбеност и брза транзиција. Со Малце среќа и 4 бода во групава не се недостижни.
А да не се лажеме квалитетни играчи имаме, особено во средниот ред, особено офанзивно. Само мрме ќе треба да ги постави добро тактички и да го извади максимумот од нив. Али дефинитивно со брза игра и контри/полуконтри мислам дека и Украина а и Холандија можеме да ги изненадиме. *ова не значи да ги победиме и двете, ако ништо друго да ги намачиме и да не бидеме топовско месо*.

Јас лично би пробал нешто во стил

.........Ристовски............(Или Стојановски)

........Елмас...Пандев........

.....Адеми...Николов...Барди...

Алиоски..Муслиу..Велковски..Ристовски
..........Столе...............


Во некоја 4-3-2-1 формација. Каде што Стојановски или Ристовски би отварале прсотор и би се „бореле“ со Украинските дефанзивци а Пандев, Елмас, Барди и Алиоски пред се би утрчувале од втор план во гол-шанска. Иако и Пандев е одличен како креатор, што и Ристовски/Стојановски и Елмас би добивале највеќе топки од него за гол.
Тука имаш и играчи како Чурлинов и Трајковски што би можеле да влезат од клупа и да направат разлика.

Поставеноста во некоја ваква тактика на контри и полуконтри може да варира. Доволно ти е 1 класична 9ка што ќе отвара простор, креатор и играчи што ќе можат да влагаат од втор план и да изненадат голман со шут од чиста шанса. Или пак некој што ќе брка топка во празно и ќе искочи 1 на 1 со голман.
Дури и Пандев може да игра како 9ка со позади него Елмас и Чурлинов.
Мрме има доста комбинации. Далеку од тоа дека сме за жалење, барем средниот ред и нападот ни е солидно покриен, како никогаш до сега.
Клучно ќе е како Мрме ќе ги постави играчите и какви инструкции ќе им даде. Ако успееме да извадиме транзиција како против Германија и општо каква што имавме во Лигата на Нациите тогаш и те како мислам дека можеме да ја добиеме Украина. Фали Несторовски да отвара простор и да се „бори“ со одбранбени играчи, затоа мора младиве (Ристовски и Стојановски) да се искористат до максимум за тоа, за останатите да можат полесно да влагаат во гол шанса од втор план.

Пред се ова е само мое мислење. Мрме е постручен од мене/нас. Ги знае веќе момците и се надевам дека со добра анализа ќе не постави подобро и ќе им земеме 3 бода!
 
Единствен играч кој можи да повлечи контра како треба е кај нас Елмаз...
За да можи да повлечи кога треба не треба да го трошиш многу дефанзивно ...
Со Австрија го играше премногу дефанзивно и кога требаше немаше свежина да изигра како треба ...
Значи кој Стојановски /Милан Ристовски /Чурлинов .... има време за нив ... Напад треба Елмаз Пандев ....
Средина мора со Спировски да проба , незнам јас дали Стефан има проблем а ако има поарно Аврамовски од тој Костадинов ...
И најважно Стефан Ристовскии неможи да игра десен штопер , а губиме брзина на десна страна со Николов...
Значи не треба филозофија Стефан Ристовски десно , Николов средина ... Лев штопер К.Ристевски...
Ама се ми се чини дека пак ќе еби нешто Мрмињо и назад ќе почни со Велковски Муслиу и Бејтулаи.
Значи со 5-3-2 има кој да ги затвора Алисоки и Стефан Ристовски кога ќе тргнат напред ... А реално немаме ние крила брзи па мора да се комбинира така...
 
Мое мислење е дека тактиката 5-3-2 е најдоброто нешто што можеме да го пружиме против селекцииве во нашата група, единствено би го менувал Трајковски со Милан Ристовски. Исто треба помудро да се постапува со замените, Бејтулаи да го користи минимално, Костадинов - јас не би го користел.
 
Инаку Елмаз најмногу истрага цела Утакмица 10.7 километри....значи не можиш од него да очекуваш многу офанзивно кога Мрме го убива дефанзивно .
Автоматски споено мислење:

Инаку Елмаз најмногу истрага цела Утакмица 10.7 километри....значи не можиш од него да очекуваш многу офанзивно кога Мрме го убива дефанзивно .
 
Имам приметено кога Елмас игра полево, ич не комбинираат како што треба со Џани за да напраат вишок. Или се гужваат двајцата покрај аут или едниот кога има топка другиот се повлекува или стои во место, место да се раздвижи да напраат вишок.
А, да и не знаат аут да изведат. Пола саат се мислат и на крај пак на противникот му ја даваат :LOL:
 
Трајковски

Елмас Пандев Барди

Адеми Николов

Алиоски Муслиу Велковски Ристовски

Столе

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пандев лажна 9

Елмас Барди

Адеми Спировски

Алиоски Муслиу Бејтулаи Велковски Ристовски

Столе
 
Тоа ски е комунистички порано што му давале. По правило тој е Алии некако.
јас а и било кој не може да тврди за некого која националност е, тоа си е право на секој а башка може да си ја менува секој националноста кога ќе посака... а мислам дека Езган е турско име а Алиовски македонско, но албанец или македонец може секој да се изјасни, па имаше и во администрација поради рамковни квоти што се изјаснуваа друга националност...
Патем, баш кај фудбалот ако се гледа, имаше фудбалер од времето , Кубала , а кој играше и за Чешка, па за Унгарија , па за Шпанија ... не е проблем, кога играш за една репрезентација тогаш си тоа, без обзир и од малцинство да си или да си натурализиран од страна, како на пример кошаркарот Бо Мекејлеб од УСА испадна поголем македонец од играчи по потекло од тука....
 
Пандев лажна 9

Елмас Барди

Адеми Спировски

Алиоски Муслиу Бејтулаи Велковски Ристовски

Столе
Сериозен си Бејтулаи , поарно Ванче Шиков да се деактивира
 
Lugje, treba i srekja malce da imame.. Ene Finska, od eden eban shut dadoa gol i 99 minuti se branea, ednas samo pominaa na protivnicka polovina i dadoa gol, a racene na Kasper Smajhel spageti bea u toj moment, ja ke reagirav podobro.. Isto na mecot Skotska Ceska, znaci premnogu sansi propustija skotite, ceska prai kontra gol, vtora kontra vtor gol.. sto sve ne fato ceskiot golman..
 
Што им е со тетоваживе, не можат минута да изиграат во второлигаши во Франција, ама битно се ишарани повеќе од кошаркарине во Америка.
 
Што им е со тетоваживе, не можат минута да изиграат во второлигаши во Франција, ама битно се ишарани повеќе од кошаркарине во Америка.
Да потпишеме петиција да ги отстранат, можеби тогаш ќе станат подобри играчи? Мислам стварно не ми е јасно како можеле да се шараат...
 
Што им е со тетоваживе, не можат минута да изиграат во второлигаши во Франција, ама битно се ишарани повеќе од кошаркарине во Америка.
Уште постојат луѓе што мислат дека тетоважа и пирс ќе ги направат кул. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom