ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
UEFA EURO 2020

GroupC.jpg

Групата Ц на ЕУРО 2020 и за нас најинтересната, е сочинета од еден поранешен шампион на Европа - Холандија, две репрезентации кои никогаш не заиграле во нокаут фазата на едно ЕП - Австрија и Украина и една од репрезентациите дебитанти на ова ЕУРО - Македонија.

Мечевите во оваа група ќе се играат на Националната Арена во Букурешт и Јохан Кројф Арената во Амстердам, а нашата репрезентација ќе го има своето деби на едно големо фудбалско натпреварување на 13ти Јуни во 18:00 часот против Австрија.


Холандија
Netherlands_national_football_team_logo.svg.png
Селектор: Франк Де Бур
Капитен: Вирџил ван Дајк
Настапи на Европските Шампионати: 9
Најдобар пласман на ЕП: Шампиони (1988)
Најдобар стрелец во квалификациите: Џини Вајналдум (8 голови)

Фудбалската велесила Холандија, се враќа на големата сцена после СП 2014та во Бразил, каде го освои третото место солвадувајќи го домаќинот 3:0 во малото финале. Следуваше смена на генерации кај "Лалињата", која резултираше во пропуштање на ЕП 2016 и СП 2018 - нивно најдолго отсуство од големите фудбалски натпреварувања во последните 30тина години.

Сепак, со ангажирањето на Роналд Куман како селектор, репрезентацијата на Холандија полека почна да го враќа чекорот со најдобрите и успеа рутински да обезбеди пласман на претстојното Европско Првенство. Холандија квалификациите ги заврши на второто место во групата Ц, веднаш зад Германија, со скор од шест победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Добрите резултати за Холанѓаните продолжија и на првото издание на УЕФА Лигата на Нации, каде стигнаа до финалето и загубија од Португалија. На патот кон финалето Холандија беше подобра од Франција, Германија и Англија. Куман иако успеа да ја врати својата репрезентација назад на големите натпреварувања, во Август минатата година реши да ја прифати понудата од клубот за кој настапуваше како играч - Барселона, а како негова замена беше назначен Франк Де Бур, кој ќе се обиде да го повтори успехот од ЕУРО 1988.

Голмани: Marco Bizot (AZ), Tim Krul (Norwich), Maarten Stekelenburg (Ajax)

Одбрана: Nathan Aké (Manchester City), Daley Blind (Ajax), Matthijs de Ligt (Juventus), Stefan de Vrij (Inter Milan), Denzel Dumfries (PSV), Patrick van Aanholt (Crystal Palace), Joël Veltman (Brighton), Owen Wijndal (AZ)

Среден ред: Frenkie de Jong (Barcelona), Marten de Roon (Atalanta), Ryan Gravenberch (Ajax), Davy Klaassen (Ajax), Teun Koopmeiners (AZ), Quincy Promes (Spartak Moskva), Jurriën Timber (Ajax), Donny van de Beek (Manchester United), Georginio Wijnaldum (Liverpool)

Напад: Steven Berghuis (Feyenoord), Luuk de Jong (Sevilla), Memphis Depay (Lyon), Cody Gakpo (PSV), Donyell Malen (PSV Eindhoven), Wout Weghorst (Wolfsburg)

Како што веќе ви е познато на поголемиот дел овде, Холандија на ЕП 2020 ќе настапи без својот капитен и еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, Вирџил ван Дајк кој не успеа на време да се опорави од повредата на коленото, со која се здоби пред 7-8 месеци. Отсуството на ван Дајк претставува огромен удар за тимот на Де Бур, а одговорноста да се замени неговото присуство во дефанзивната линија ќе падне на грб на ривалите од Серија А - Матијс Де Лихт и Стефан де Фрај кои имаа добри сезони со Јувентус и Интер. Френки де Јонг се очекува да ги држи конците на средината од теренот, заедно со Вајналдум, кој најверојатно ќе ја превземе капитенската лента во отсуство на ван Дајк. Мемфис Депај ќе го предводи нападот на поранешните Европски шампиони. Напаѓачот на Лион постигна 20 голови во Француската Лига сезонава, и има четири гола на четири настапи за репрезентацијата оваа година.


Украина
532px-Logo_Fédération_Ukraine_Football_2016.svg.png

Селектор: Андриј Шевченко
Капитен: Андриј Пјатов
Настапи на Европските Шампионати: 2
Најдобар пласман на ЕП: Групна фаза (2012 и 2016)
Најдобар стрелец во квалификациите: Роман Јаремчук (4 голови)

Репрезентацијата на Украина ќе го забележи својот трет настап на Европските Првенства, надевајќи се конечно да ја помине групната фаза од натпреварувањето. Украинците се пласираа на ЕУРО 2020 како победници на квалификационата група Б, каде завршија пред бранителот на титулата Португалија и репрезентацијата на Србија. Предворени од легендарниот Андриј Шевченко, жолто-сините беа еден од петте тима кои ги завршија квалификациите без пораз, со скор од 6 победи и 2 нерешени на осум меча.

Голмани: Georgiy Bushchan (Dynamo Kyiv), Andriy Pyatov (Shakhtar Donetsk), Anatolii Trubin (Shakhtar Donetsk)

Одбрана: Oleksandr Karavaev (Dynamo Kyiv), Serhiy Kryvtsov (Shakhtar Donetsk), Mykola Matviyenko (Shakhtar Donetsk), Vitaliy Mykolenko (Dynamo Kyiv), Denys Popov (Dynamo Kyiv), Eduard Sobol (Club Brugge), Oleksandr Tymchyk (Dynamo Kyiv), Illia Zabarnyi (Dynamo Kyiv), Oleksandr Zinchenko (Manchester City)

Среден ред: Roman Bezus (Gent), Yevhen Makarenko (Kortrijk), Ruslan Malinovskyi (Atalanta), Marlos (Shakhtar Donetsk), Mykola Shaparenko (Dynamo Kyiv), Taras Stepanenko (Shakhtar Donetsk), Heorhii Sudakov (Shakhtar Donetsk), Serhiy Sydorchuk (Dynamo Kyiv), Viktor Tsygankov (Dynamo Kyiv)

Напад: Artem Besedin (Dynamo Kyiv), Artem Dovbyk (Dnipro-1), Roman Yaremchuk (Gent), Andriy Yarmolenko (West Ham), Oleksandr Zubkov (Ferencváros)

Составот на Шевченко за претстојното ЕП во главно се состои од играчи на домашните Динамо Киев и Шахтјор Доњецк и не содржи некои големи фудбалски имиња. Зинченко од Манчестер Сити, Малиновски од Аталанта и Јармоленко од Вест Хем се позначајни интернационалци, додека најдобриот стрелец од квалификациите Роман Јаремчук се очекува да биде главниот шпиц на репрезентацијата после одличната сезона во Гент, каде постигна 23 гола во сите натпреварувања. Шевченко преферира 4-1-4-1 формација, со еден дефанзивен играч од средината на теренот и две брзи и офанзивни крила.


Австрија
Coat_of_arms_of_Austria.svg.png
Селектор: Франко Фода
Капитен: Јулиан Баумгартлингер
Настапи на Европските Шампионати: 2
Најдобар пласман на ЕП: Групна фаза (2008 и 2016)
Најдобар стрелец во квалификациите: Марко Арнаутовиќ (6 голови)​


Австријците, слично како и Украинците по трет пат во нивната историја ќе бидат дел од едно Европско Првенство и никогаш претходно не успеале да ја поминат групната фаза од натпреварувањето. Тие го резервираа своето место како второпласирани во Групата Г од квалификациите, со освоени 19 поени од 10 натпревари, 5 повеќе од третопласираната Македонија, со која повторно ќе се соочат наредната недела.

Голман: Daniel Bachmann (Watford), Pavao Pervan (Wolfsburg), Alexander Schlager (LASK)

Одбрана: David Alaba (Bayern), Aleksandar Dragović (Leverkusen), Marco Friedl (Werder Bremen), Martin Hinteregger (Frankfurt), Stefan Lainer (Mönchengladbach), Philipp Lienhart (Freiburg), Stefan Posch (Hoffenheim), Andreas Ulmer (Salzburg)

Среден ред: Julian Baumgartlinger (Leverkusen), Christoph Baumgartner (Hoffenheim), Florian Grillitsch (Hoffenheim), Stefan Ilsanker (Frankfurt), Konrad Laimer (Leipzig), Valentino Lazaro (Internazionale), Karim Onisiwo (Mainz), Marcel Sabitzer (Leipzig), Louis Schaub (Luzern), Xaver Schlager (Wolfsburg), Alessandro Schöpf (Schalke), Christopher Trimmel (Union Berlin)

Напад: Marko Arnautović (Shanghai Port), Michael Gregoritsch (Augsburg), Sasa Kalajdzic (Stuttgart)

Дури 20 од 26те играчи на списокот на Франко Фода за претстојното Европско Првенство доаѓаат од Германската Бундеслига. Главна ѕвезда на тимот е новиот фудбалер на Реал Мадрид - Давид Алаба, додека Марсел Сабицер од РБ Лајпциг е човекот што треба да го диктира темпото на игра на Австриската репрезентација. Марко Арнаутовиќ останува главен напаѓач на тимот, а друштво во нападот се очекува да му прави Саша Калајџиќ од Штутгарт кој постигна 16 гола на 33 натпревари изминатава сезона.


Македонија
432px-Football_Federation_of_North_Macedonia_logo.svg.png

Селектор: Игор Ангеловски
Капитен: Горан Пандев
Настапи на Европските Шампионати: 0
Најдобар пласман на ЕП: /
Најдобар стрелец во квалификациите: Елиф Елмас (4 голови)

За прв пат во 30-годишната историја на земјата, Македонија се пласираше на едно големо фудбалско натпреварување и ќе биде еден од двата дебитанти на ЕУРО 2020. Нашите репрезентативци завршија трети во регуларните квалификации позади тимовите на Полска и Австрија, но успејаа да го извлечат максимумот од новоформираната УЕФА Лига на Нации. Македонија заврши прва во својата група во Лигата Д, а потоа со минимални победи против Косово во полуфиналето и Грузија во финалето од фајнл фор турнирот успеа да обезбеди историски пласман на едно Европско Првенство. Дека пласманот не беше случајност избраниците на Мрме потврдија само неколку месеци подоцна совладувајќи ја фудбалската велесила Германија во Дуизбург, во меч од квалификациите за СП 2022.

Голмани: Stole Dimitrievski (Rayo Vallecano), Risto Jankov (Rabotnicki), Damjan Siskovski (Doxa Katokopia)

Одбрана: Egzijan Alioski (Leeds), Egzon Bejtulai (Shkëndija), Visar Musliu (Fehérvár), Kire Ristevski (Újpest), Stefan Ristovski (Dinamo Zagreb), Darko Velkovski (Rijeka), Gjoko Zajkov (Charleroi)

Среден ред: Arijan Ademi (Dinamo Zagreb), Enis Bardi (Levante), Darko Churlinov (Stuttgart), Eljif Elmas (Napoli), Feran Hasani (Partizani), Tihomir Kostadinov (Ružomberok), Boban Nikolov (Lecce), Milan Ristovski (Spartak Trnava), Stefan Spirovski (AEK Larnaca)

Напад: Daniel Avramovski (Kayserispor), Goran Pandev (Genoa), Marjan Radeski (Akademija Pandev), Vlatko Stojanovski (Chambly), Aleksandar Trajkovski (Mallorca), Ivan Tričkovski (AEK Larnaca), Krste Velkovski (Sarajevo)

Македонија ќе отпатува на ЕУРО 2020 со скоро најсилен состав, едиствено без напаѓачот на Удинезе - Илија Несторовски, кој се повреди непосредно пред крајот на сезоната 2020/21. Убави вести за нашата репрезентација стигнаа денеска, откако Енис Барди конечно доби негативен тест на Ковид-19 и ќе биде слободен да отпатува со тимот во Букурешт, каде ќе се соочиме со Австрија на почетокот на ова ЕП.

Барди е воедно еден од нашите најдобри играчи и клучна алка во екипата на селекторот Ангеловски, благодарејќи на неговата техничка подготвеност. Фудбалерот на Леванте е човекот преку кој треба да поминува секоја акција, а освен со извонредните плејмејкерски способнсоти, Барди може да се пофали и со одличен шут од далечина. Друштво во средниот ред од теренот треба да му прават неуморните Аријан Адеми и Бобан Николов, фудбалери кои секогаш го даваат максимумот за нашата репрезентација.

Нападот ќе биде предводен од големиот Горан Пандев, кој ќе стане првиот капитен кој ќе ја предводи Македонија на едно вакво натпреварување. Пандев за 50тина дена ќе наполни 38 години, но покажа дека годините се само бројка за него со 7те голови во Серија А оваа сезона. Тој имаше витална улога во пласманот на нашата репрезентација на ЕУРО 2020, постигнувајќи го единствениот погодок во одлучувачкиот меч против Грузија. Уште еден играч кој учествуваше и практично ја оркестрираше акцијата за тој исторски погодок е нашиот најталентиран фудбалер, Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи покажа одлична форма на пријателските мечеви со Словенија и Казахстан неделава, најавувајќи едно убаво ЕП за него и целата Македонска репрезентација.

Столе Димитриевски ќе биде помеѓу стативите, додека Висар Муслиу и Дарко Велковски се очекува да го сочинуваат штоперскиот тандем. Бековските позиции се обезбедени за шампионот на Хрватска со Динамо Загреб - Стефан Ристовски и Џани Алиоски, кој изминативе неколку месеци прикажа блескави партии во дресот на Лидс Јунајтед под водство на Марсело Биелса.

За крај, уште еднаш голот што ја однесе Македонија на ЕУРО 2020:




Распоред на натпревари

Capture.JPG
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Леџит уште не ми се верува дека дочекавме. Се надевам дека ќе се доцепаме бар до второ у пм. Мислам дека мнг ќе зависи и од тоа како ќе ги играат меѓусебните другиве репрезентации, ама сметам дека може да се надеваме на прогрес и дека е сосема остварлива цел.

:oeoeoe:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Тешко е малку да се прогнозира пошто сите сме пристрасни за Македонија. Горе гласав дека како трети одиме во 1/8 финале ама дај Боже да бидеме и први. За мене преголем успех е самиот пласман па се’ друго е екстра. :)

Групата реално не е претешка. Можеме да изненадиме со било која репрезентација. Мислам дека премногу се потценува Украина, компактни се како екипа и можат да бидат најтежок противник за нас. Со Австрија добро се знаеме, можеме да анализираме од претходните порази и да ги исправиме грешките. Добро е што баш против нив е првиот натпревар па сигурен сум ќе бидеме максимално мотивирани.

Холандија има добар состав, ама слабости им се неискуството на играчите и слабиот селектор. Така да не очекувам дека ќе стигнат предалеку ова ЕП. Но секако се први фаворити во нашата група.

Уште малку останува, не можам да дочекам да дојде 13-ти...

:oeoeoe:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
ке се јадеме за прво место со Австрија


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Добра темава (y)
И на Донев и Џонтра исто, ќе го прочитаат коментаров, да не одам по сите теми да давам пофалби :D

А за темава...

Ај да пробам да ја перцепирам групава како да сум рандом човек од...Казахстан и што и да е, пошто нели иначе "najjaci sme tepame sve be!"

Холандија:

Нц, далеку се овие од борба за титула на првенствово. #1 фаворит за групава и на хартија би требало рутинирано да ги победат другиве екипи...
Ама на хартија.
Во реалноста...
Македонија ја победи Германија на гости.
Украина со ковид-осан состсав ја победи Шпанија.
Австрија дефинитивно може да се носи со Холандија, што да не?

Ќе мора сериозно да си ја сфатат ситуацијата иначе може да падне срам.
Особено ако влезат онака, лежерно, уште од сега со планови за нокаут фазата...
Мора внимателно.

Украина:
Искрено, Украина и Турција ми се екипите од кои очекувам изненадување.
Ептен компактна екипа, Шева се докажува како добар тренер. Немаат ништо посебно што отскокнува, знаат што играат. Ќе фали Конопљанка.
Не знам, можеби е поради победата над Шпанија ама некако очекувам Украинциве да одиграат добро на ЕП.
Секако можат да ги победат Австрија и Македонија, па што да не и Холандија?
Не знам, вообичаено ги утнувам предвидувањава за изненадувања, па ќе видиме...

Македонија:
Вообичаено има изненадувања на ЕП.
Ја победија Германија така да.....
Имаат некои талентирани играчи, а секако би требало да се борат со крај против Украина и Австрија. Како што реков веќе, Холандија не е најмоќната екипа во светот...
Во група каде првите три може да одат понатаму... на едно првенство после 1/4 финале на Исланд??? Зошто да не би стигнале до нокаут фаза ако им се погоди денот.

Австрија:
Не знам зошто ги потценувам австријците. Ете, и во квалфиикациите, очекував повеќе од Словенија.
На хартија имаат супер тим. Ама како репрезентација некако..не знам...
Не сум тука ептен рационален за екипава, едноставно...ете, не ми лежат...
Очекувам да играат тактички и освен со Македонија да остават на противникот да контролира (зошто ова очекувам? Не знам, така очекувам :D ) а кога се во група со Украина и Холандија...таков пристап може да ги зезне. Плус ете, Македонија на контри би биле опасни..
Не знам стварно зашто ми се нај-мех екипа за следење на ЕП, некако немаат идентитет, не очекувам ни контрола, ни напад, ни бункер ни...не знам, глупо од моја страна ама ете.

Објективно би рекол Холандија и Украина на први две места, Австрија и Македонија во борба за трето место...ваљда би имало подобри трето пласирани екипи во другите групи ама шо знам..
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Ќе биде тешко, гладни се играчите за успех, ама веројатно и другите репрезентации се исто така гладни :)
Се надевам дека ќе не потценат, тогаш сме најопасни. Треба многу дисциплинирано да се игра во одбрана и максимално со голема реализација да се користат (малкуте) шанси во напад.
Не верувам дека ќе се игра со тактиката пишана погоре, согласно ротациите кои ги правеше Мрме на пријателските утакмици и успехот со Германија, очекувам иста поставеност, со исти играчи и на Европско. 3-5-2 (5-3-2).
Screenshot 2021-06-06 at 11.50.05.png
Единствено јас би го ставил Милан Ристовски пред Александар Трајковски.
Прво, се надевам дека дечкиве ќе не претстават во најдобро светло и ќе играат машки на секоја утакмица.
Второ, се надевам дека ќе поминеме прв круг.
Оптимистички, гласам да ја поминеме групата како победник во Група Ц - победи над Австрија и Холандија. :)
 
Член од
19 август 2017
Мислења
270
Поени од реакции
868
Да отпочнеме со стил, мелем за очи



Инаку, за очекувањата, пишав и во другата тема за репрезентација, претчувствувам нешто големо, само чекор по чекор, најпрво, да ја минеме групата, за почеток :oeoeoe:

Објасни и Гранде :)





Менталитетот и пристапот се тука, за другото, да се надеваме дека ќе се рефлектира на терен и дека сите "богови" ќе се со нас.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За прв пат откако паметам една репрезентација оди на некое натпреварување со нескриен оптимизам и самодоверба до небо. Тоа треба да е добра работа, не еднаш во минатото им се пресекувале нозе, додека им текне дека можат отишол возот во пченките.

Јас имам само едно очекување а тоа е да дадат 100%. Ако е тоа доволно да поминеме група, во ред. Ако не е, тогаш нема за што да жалиме. Ако одиграат како што знаат а сепак бидат надиграни, тогаш тоа е вистината и од тоа нема бегање. Но сепак сите сме некако убедени дека можеме.

Репрезентацијата ја гледав редовно во минатото и покрај некои успеси тука и таму, во главно го паметам разочарувањето на навивачите на излезот од Градски. Тоа беше нашата реалност, многу надежи, малку резултати. Оваа генерација е поинаква, и по игра а и ментално.

За трите противници во групата:

Австрија
Најмногу се плашам од ѓубрињава. Не победија два пати до сега, имаат силна, корпулентна екипа, практично бундеслигашка постава со неколку „странци“. Ме плашат прекините затоа што имаат играчи како Арнаутовиќ а не сме баш сјајни на голот. Се надевам барем да извлечеме нерешено, добар старт за самодоверба пред вториот дуел.

Украина
Овде ја гледам шансата. Не се некоја екипа од која треба да се плашиме. Ако загубат од Холандија на стартот, ќе мораат да форсираат на победа. Ќе биде отворен меч, а имаме добра трансформација. Треба да внимаваат на Малиновски, копилето има ненормален шут од 20 метри. Еднаш го расплакавме Шевченко, нека се повтори.

Холандија
Уште се сеќавам на голот на Аце Стојков по асистенцијата на Пандев, баш тука каде што седев на Јужна Стојков дојде да прослави, невидена атмосфера беше, Холандезите се држеа за глава кога одеше она Македонија/Македонија од запад на север. Друга работа по која го паметам мечот е што од некоја причина беа полни со чоколади и ги делеа со нас, фин народ :D Најголем адут на овој натпревар ни е нивната превара од селектор, едноставно ништо не разбира, демонстрира бахатлук и ароганција насекаде. Копито од човек. Сепак да му посакаме да победи со Украина и Австрија и да не му треба ништо со нас. Или како што си прогнозираше на прес самиот, да му треба второ место за да избегнел некого. Каков лик...

Се надевам на 4 бода и проаѓање група, затоа што зошто да не?

:oeoeoe:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Многу некако ја потценувате Украина. Не само тука, него општо у јавноста се гледа на неа како да е екипа од рангот на Белорусија и Естонија.

Јаки се украинците, јас очекувам повеќе проблеми од нив отколку од Австрија.

Холандија сепак е преголем залак, какви сака нека се.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Единствено јас би го ставил Милан Ристовски пред Александар Трајковски.
Прво, се надевам дека дечкиве ќе не претстават во најдобро светло и ќе играат машки на секоја утакмица.
Второ, се надевам дека ќе поминеме прв круг.
Оптимистички, гласам да ја поминеме групата како победник во Група Ц - победи над Австрија и Холандија. :)
Баш мислам дека Трајковски е во одлична форма последниве утакмици, барем за репрезентација.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.862
Поени од реакции
23.263
Баш мислам дека Трајковски е во одлична форма последниве утакмици, барем за репрезентација.
Секако во Мајорка годинава нема одиграно 90 минути севкупно и не може никако да се коментира клупската форма. Во две сезони дали 500 минути има одиграно за нив. Гзот го расцепи на клупа.
Кај секој друг селектор ќе немаше место за Трајковски, Велкоски, Радески и Хасани ама Мрме им е ултра лојален и воопшто не ме остави зинат кога ги видов на листата на повикани играчи.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.104
Поени од реакции
3.853
Мислам дека Македонија од сите екипи е во најдобра форма моментално (вклучувајќи ги и мартовските квалификации). Холандија можеби денес изигра нешто добро, ама и во квалификациите и против Шкотска излезе доста слаба. Украина се мачеше со Оман (или која веќе екипа играа), а изиграа нерешено дома и со Финска и со Казахстан (имаати и плус реми со Франција). Австрија нема постигнато гол три натпревари по ред и доживеа тотален колапс против Данска на домашен терен.
Групава е добра за нас. Точно е дека голем успех е и да се биде тука, ама зошто да не и да се оди многу подалеку и да се заредат некои победи.
Австрија е најгадна како екипа, и се согласувам дека убаво што со нив ќе играме прво. Во оној состав како против Германија, може да ги победиме. Украина ни лежи повеќе. Тие се побавни, не трчаат толку и не форсираат пресинг (нешто што не ни одговара). Со нив загубивме во двата квалификациски дуели за ЕП 2016, ама таму имавме и тиња скрпен состав, никаква атмосфера, а загубивме една со 1-0 другата со 2-0. Ние сме сега многу, многу подобри. Го памтам оној дуел во Скопје во пријателска кога ги победивме 1-0 а кај нив играше Шевченко. И како најголем ропак го напушти теренот негде на средина на утакмица.
Со Холандија ќе видиме како. 2006-та квалификации им зедовме 2 бода, а тие тој период имаа многу јак состав. Мрме >>>>>>>> Де Бур.
Сакам да бидеме втори и да играме со Италија и да ги елиминираме жабарите. Па ете нека е и 1/4 финале минимум! :cool:
 
Член од
19 август 2017
Мислења
270
Поени од реакции
868
Секако во Мајорка годинава нема одиграно 90 минути севкупно и не може никако да се коментира клупската форма. Во две сезони дали 500 минути има одиграно за нив. Гзот го расцепи на клупа.
Кај секој друг селектор ќе немаше место за Трајковски, Велкоски, Радески и Хасани ама Мрме им е ултра лојален и воопшто не ме остави зинат кога ги видов на листата на повикани играчи.
Незнам од каде Трајковски заврши во ист контекст со останативе.

Макар играл 1 минита на клупско ниво, од Месечината се гледа дека човекот има завидна техника, опасен шут и знае да дрибне и отвори простор.

Без разлика колку играл за Мајорка, за репрезентација е "must".
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Секако во Мајорка годинава нема одиграно 90 минути севкупно и не може никако да се коментира клупската форма. Во две сезони дали 500 минути има одиграно за нив. Гзот го расцепи на клупа.
Кај секој друг селектор ќе немаше место за Трајковски, Велкоски, Радески и Хасани ама Мрме им е ултра лојален и воопшто не ме остави зинат кога ги видов на листата на повикани играчи.
Ако правиме муабет за репка тогаш Трајковски заслужува место во стартни 11 и дефинитивно не заслужува да го споредуваме со играчи како РАдески и Хасани. Па ни Тричковски којшто гази за клуб а за репка е константно „повреден“. Ме чуди како и за Европсково не беше „повреден“ :D
Како и да е, и со 0 одиграни минути за Мајорка братот има 3 гола на 150 минути изиграно, или во просек гол на секој 50 минути за Македонска репрезентација. (3 натпревари 3 гола).
статистика за Трајковски







Иако мислам дека офанзивно никогаш не сме биле вака опремени. Мрме ќе може 100 комбинации на направи зависно од противникот и од тоа како ќе сака тактички да се постави. Само се надевам дека и Чурлинов, Стојановски и Милан Ристовски ќе добијат минутажа од клупа за да освежат малце и покажат што знаат. Бар мене овие 3ца ми се фаворити за блеснување на ова Европско.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom