Шпанија вака-така пак ќе игра полуфинале,без никакви залетувања,без некои големи ѕвезди,тивко како и секогаш си газат се по ред,на крај може и медал да си лапнат.
Го имаат ракометот во малиот прст Шпанциве,еве сега ги немаат Ентрериос,Сармиенто,Канељас,Штербик,Агинагалде,Морос браќата Душебаев итн.Си вадат некои играчи како оној Касадо средниот бек и одеднаш ликот испаѓа дека бил класа играч,си излегува на терен си ја знае работата како и останатите играчи,многу е полесно кога имаш изграден систем и само го надоградуваш од година во година.
За одбраната што да се каже,кога ги гледа човек ќе помисли лесно е да чуваш играч како Винчек цела утакмица,не мрднаа Германците,не знам кога последен пат некој вака ги средил.
Голманите се посебна приказна,Варгас дефинитивно број 1 на светот,октопот е човекот.
Може цела Европа да учи од нив ракомет,а не случајно и нивните тренери се таму кај што се.