На крај, ок првенство излезе ова и покрај хаосот со заразените играчи, изолациите итн...
Како најлош впечаток ми оставија голем број судиски двојки, не беше само финалето така, јас лично приметив огромен број на грешки кај многу судии на голем број од натпреварите а најчесто тоа беа не досудени чекори, престап, фаул итн.
Како изненадувања во позитивна смисла според мене се покажаа Црна Гора, Холандија и Исланд и браво за тоа!
Доста интересно беше финалево, браво и честитки за Шведска уште еднаш!
Мене искрено ме радува фактот што репрезентации како Шведска, Исланд и сл. Веќе полека почнуваат да владеат со ракометот ако можам така да кажам, и мислам дека беше доволно од гледање на истото секоја година Данска, Франција, Шпанија итн.
Жалам што Кире не играше на ова првенство, како негово последно големо натпреварување сигурно би му донел и поинаков изглед на целото првенство.
Се надевам дека за СП 2023 ќе имаме само позитивни коментари и да не се мислиме пред секој натпревар кој бил заразен а кој не.