Ова денес што го гледав на трите натпревари, мислам дека нема никогаш да го видам. Почудно првенство јас досега немам гледано. Веројатно тоа се должи на фактот што веќе нема доминантни ракометни сили како што имаше пред две години, кога самото име на репрезентацијата значеше страв и трепет. Искрено не можам веќе да го читам нити слушам муабетов за полуфинале, па не знам какви математики се не видов овде. Бидете сигурни, ништо што ќе напишете на хартија нема да излезе на терен. Ако ова денес не ви го докажа тоа не знам што ќе докаже.
Шведска дозволи да и анулираат 11 гола ејјј. Не ми се веруваше што гледам. Ќе речеш скандинавци, силен менталитет, а они се посрамотија комплетно. Ние помалери не можевме да бидеме, а Србиве ни се придружија на тоа поле. Сметам дека на ова првенство има милион судиски грешки, еве и на натпреваров со Србија ќе речеш домаќини, тоа судиите слепци невидени. Рогиш игра фудбал со топката, они ни две минути ни ништо. Мислев дека Србија како тргна ќе ги победи Германциве и тоа со минимум три разлика. Ама не може Даре да ги носи на грб. Човекот е пола репрезентација. Најмногу ради него сакам да успее оваа генерација на Србија да стигне далеку. На крај краева тој е голман на мојот тим Металург
. Баш ми беше забавно да го слушам Игорче со дечкото што му беше сокоментатор. Милина беше човек да ги слуша. Кажуваа корисни работи за играта, играчите, некој интересен факт, критика, а оној Магдинчев успеа дури пет минути да издржи да не каже ФИНТА
Баш ми беше итересен фактот што Дарко се жалел на публиката во Пионир, во смисла дека немало атмосфера. Богами тука ни нема рамни.
Како и да е. Остајте ги дечките нека одиграат колку што можат подобро без притисок. Нека дишат малку слободно, па спорт е мајку му, не е смрт или слобода.
П.С Ако уште еднаш некој го пише она НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ, ќе извршам харикири. Па биваше ли 9 од 10 луѓе да го тупат со иста реченица, за на крајот таа комплетно да ја изгуби смислата.