ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Како и да е глупо е. Јас не ги разбирам тие што играат за 2 репрезентации...Знам имаше еден играше прво за Белорусија, па за Словнеија и после за уште една репрезентација. Не ми текнува само како се викаше.
Сергеј Рутенка....
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.613
Поени од реакции
14.472
Јас како што знам тоа прво почнаа да го прават со жените, зошто секоја втора ракометарка стапуваше во брак со маж од друга националност, па тешко ќе и беше да игра за својата родена земја. И потоа истото го направија и со мажите, што за мене е стварно глупо..
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
А веќе тие што натурализираа голем аир видоа од нив.Се гледа кој дух владее во оваа репрезентација, сите до еден составени од македонци мислам дека таков го сакаа и тренер, голем удел има и тоа што не го донесоа Червар.:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.021
Поени од реакции
74.405
А веќе тие што натурализираа голем аир видоа од нив.Се гледа кој дух владее во оваа репрезентација, сите до еден составени од македонци мислам дека таков го сакаа и тренер, голем удел има и тоа што не го донесоа Червар.:)
Тоа што Червар не е селектор нема врска со тоа што сите се Македонци во составот. Во минатото селектори ни биле Веселин Вујовиќ и уште еден од Вардар само не ми текнува како го викаа Драган ли беше или што го знам.
Тоа што Лино не е селектор е поради односот во федерацијата и ривалството меѓу Металург и Вардар. Претседателот на Вардар Михајло е претседател и на РФМ. Минчо не успеаа да стане претседател на РФМ, пошто Михајло со низа превари успеа да го наследи Трифун. Затоа Минчо почна да врши притисоци во репрезентацијата па и директно ќе го обвинам како виновник (мада и Михајло има вина пошто тераа инает и двајцата) поради тоа што од 2009 до сега пропуштивме две првенства. Металург не почна да не ги пушта играчите на тренинзи на репрезентација, се направи бунт против Савески, се посрамотивме на предквалификациите во Турција и дојдовме на лошо дереџе, наместо одма по Хрватска да направевме одличен тим ние изгубивме 3 години...
Инаетот меѓу Михајло и Минчо конечно спласна годинава. Михајло нема веќе толкава моќ. Минчо ги има сите гзоличаи зад себе сега. Истите порано лижеа гз за парите на Михајло, сега истото го прават кај Минчо. Ги фати сите судии, Начевци секој ден се со него во кафана, па водството во репрезентацијата му е предадено на Минчо и на Металург.
Червар требаше да бисде селектор, ама Металург несакаа дур не им се предаде целосно репрезентацијата да го дадат за селектор. Ете се случи и тоа, а зошто го оставија пиунот Шундовски а не нивниот главен предводник е друго прашање.

И Лино има доста грешки со Металург откако е нивен тренер. Години уназад губат добиени утакмици во елиминациските натпревари. Вложуваат премногу пари а резултати имаат само годинава. Работат доста професионално, па уште во помлади категории најдобрите играчи земаат по 150 евра месечно. Професионалците после не земаат под 2 000 месечно.
Лани се посрамотија во ЛШ, кога во квалификациите ги изгубија сите мечеви. Годинава стигнаа вака далеку поради лесната група. И да не беше Лино тренер, пак ќе ја поминеа групата ама можеби не со таков учинок на домашен терен. Ниту Лино не успеа да ги скроти на гостувањата. Извадија сдамо нерешено на добиен меч со Санкт Петерсбург, изгубија добиен меч со слабата Констанца, загубија во Германија што е доста очекувано...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Јасно е све бе немора да ми објаснуваш, реков можеби е причина, и ти не треба да збориш со сигурност, има работи кои ние никогаш неможеме да ги знае,а всушност и не е наша работа таа.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Лино не е чудотворец си има он мани доста.Он е еден од најдобрите ракометни теоретичари,одма ги гледа и скенира слабостите на играчите предностите,знае како да ја состави одбраната,знае против кого како да се игра.Знае и дисциплнина да воспостави во екипата.
Арно ама водењето на утакмиците му е катастрофа.Човекот тотално се губи за време на утакмица.Нема осет за тај аут,за замени,а ако не му тргне по планот не знае што понатаму.Се расправа со судии добива неотребни исклучување и прави многу нервоза за време на утакмица.
Хрватска ја следам од кога е он тренер и до сега немам видено нешто паметно да каже на тајм аут.Само ајмо за Хрватску,ајмо дечки још 2 минуте.........немој радити фаул.... још мало само до краја..... и сл. Акциите или помошникот или некој од играчите ги кажуваа.
Човекот никогаш не бил играч самиот и нема осет за тоа што се случува на теренот.А какви тесни и инфарктни утакмици игра Македонија..........Лино баш и не би ни дошол многу добро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И Червар го кикна Столе од Металург затоа што мислеше дека немал иднина :icon_lol:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ако сакаш да играш ракомет за друга репрезентација мораш да паузираш 2 години, не е туку така :) Памтам еден Унгарец се реши да игра за Шпанија пред 3 години и не заигра за Унгарија уште еднаш ама да ме утепате не ми текнува како се вика и дали заигра за Шпанија.

Арпад Штербик бранеше прво за Србија (а по потекло е од Војводина, таму има многу Унгарци)... па паузираше две години, па сега е дел од репрезентацијата на Шпанија (сега се правеше операција на срце, затоа го нема)... :)

На него да не си мислела?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Арпад Штербик бранеше прво за Србија (а по потекло е од Војводина, таму има многу Унгарци)... па паузираше две години, па сега е дел од репрезентацијата на Шпанија (сега се правеше операција на срце, затоа го нема)... :)

На него да не си мислела?
Не не, за унгарски играч се работеше, не беше голман, ќе ми текне кога ќе не треба :)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.351
Поени од реакции
5.413
Како си ја наместија вчера Србија - Германија
Од авион се виде дека е местена
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.351
Поени од реакции
5.413
Boeing 777 :D
Шо сакаше поќе да видиш ???
Србите водат со +7 си ја имаја победата во раце, напраја голема предност, после огромното водство почнаја да шутираат безврска од 10 метри, од неизградени позиции и тука Германците ги искористија шансите и ги стигнаја, се гледаше дека србите не беа желни за победа, а бод за 2те репрезентации е полна капа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom