ЕВН почна да гаси струја!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
1
Никогаш не сме разговарале за чесни исклучоци, јас не прочитав некој да рече дека Принц и другар му не плаќаат струја во Кондово :) Значи се согласивме, молим.
e tamu lezi zaekot u kondovo nema da izlezat od tamu ako idat za naplata
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.352
ЕВН не бира дали гаси места со населено Македонско,Албанско, Турско итн. население..
Да. Сигурно не бира, кога знае дека Азис кој не плаќа, ќе го пуца ако му влезат, а кај Перо кој не плаќа, може да си влезат у двор, кврц, па да си излезат и дури и ништо да не му кажат.
Се понашаш ко да сме паднале од Марс и ништо не знаеме.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Никогаш не сме разговарале за чесни исклучоци, јас не прочитав некој да рече дека Принц и другар му не плаќаат струја во Кондово :) Значи се согласивме, молим.
Не се исклучоци ги има премногу...

Ако сакаш можам и јас утре да ти пастирам слика, ако тоа ти значи нешто.

пс. За темата, вчера и ние немавме струја, 9/10 часа, денеска пак исклучија но за среќа еден мој комшија(македонец) ги фатил овие од ЕВН како исклучуват, и ги фатил за гуша, при што ги натерал да ја пуштат пак струјата, и после кога излегол и еден друг комшија, и им го искршил ретровизорот на колата, така што овие повикале полиција. Кога дојде полицијата веќе сите бевме на трафостаницата, полиција виде дека не има многу па си отидоа. Еден од полицајците ни рече дека не мора да ги тепаме едноставно не ги пуштајте да исклучуват струја и готова работа, никому ништо.

п.п.с Како што рече еден од работниците на ЕВН, ова рестрикција би требало да продолжи до 29-ти, по 9-10 часа дневно.

И не се криви албанците, не се глупирајте, некој со ова рестрикција дебело ќе се збогати...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Е не ми се верува што се` изначитав по темава! Се смрзнувате и пак барате поголеми проблем, како да ќе се стоплите така или ќе ги средите сите во ЕВН. Аман шо ви е луѓе? :facepalm:
Во мојот град со граѓани од повеќе вери и нации, прв пат вчера забележав дека се штеди на струја. Не по домови, туку по улици. Замрачени сокаци, од кои само морници лазат. Го слушнав предупредувањето на вести, па одма сфатив што е и не навлегов понатаму во црни сценарија. Е сега, може гасат улични светла дека сме мешан народ, па не смеат по дома да ни гасат? Ненормални муабети.:icon_mrgr: Со таа струја и голем дел арогантни вработени во ЕВН имаме проблем сите! Немам фобија од немакедонци и нехристијани, па зборејќи на оваа тема со сите луѓе знам дека нема врска што си, за да имаш било каков проблем со струја. Има врска дали имаш пари или не, и тоа е тоа. Освен таа поделба, за друга не знам.
А да, и ова... поминаа времињата кога можеше да не се плаќа струја и тоа го знаеме сите. Сега толку е стегнато, што треба да е опседнат човек со тоа, за да не заборави или не дај Боже да не е во можност да плати. Затоа прекинете веќе еднаш со тие филмови за привилегирано малцинство или мнозинство. Сите сме е*ани странки овде и ќе си плаќаме и ќе си трпиме и ќе си ќутиме, впрочем како што правиме секогаш, нели.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Да. Сигурно не бира, кога знае дека Азис кој не плаќа, ќе го пуца ако му влезат, а кај Перо кој не плаќа, може да си влезат у двор, кврц, па да си излезат и дури и ништо да не му кажат.
Се понашаш ко да сме паднале од Марс и ништо не знаеме.
Денеска кај Перо (со уредно платена јануарска сметка) дојдоа за исклучување поради рестрикции најверојатно на целата улица (тие рекоа рутинска проверка, ама 3-4 души по ред досадни ко пролив) и беа избркани.Прекрасно чувство :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
да дојде да ми мава некој ретстрикција ради некој гомнар што не плаќа струја у комшии нема смисла! пошто е тој само вработен и не одлучува кај да гаси ( има претпоставени над него нели ) би го однел да изгаси у куќата на комшијата кој шо неплаќа. сите неплаќачи и крадачи нека ги изгасат верувајте ке имаме струја и за извоз! вака ни за самите себе немаме. МИЗЕРИЈА ! ко у 19ти век да сме па рестрикција ни маваат бе ејјјјј у која држава живеам јас !!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Значи за она поскапување и оние сметки за струја што стигаат, мене ич не ме интересира дали имале или немале струја, па напони ниски, паѓале, не знам шо. 21 век е. Како што они ти стојат над глава еден ден ако закасниш со плаќање, така не гледам зошто ние да не ги критикуваме. А и ко бонус, и кога има струја, никаква е.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Еве благовремено да ве информирам за сите вие што се буневте за Тетово дека и во Тетово снема струја.

Пола Тетово нема струја, ја спаѓам у другата половина што нема вода, а од неофицијални извори дознавам дека од утре ќе ни прават и рестрикција на воздух така што 10-15 минути на ден ќе биде запрено дишењето поради злоупотреба на непотребно дишење. Ај со среќа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Рестрикциите, уличното светло, мразевите и греењето во Македонија главно на струја без алтернатива, давањето електрика за србите, ...близоо телефонот и нет...и за глобалното затоплување албанците се виновни... :facepalm:
А што со турските, македонските, ромските населби, села...?

За струјата - нели австриецот ја има снимено ситуацијата на фирмата и состојбите во Македонија...Каде е овде безбедноста, државниот интерес, опасност за здравјето, правото на граѓанинот... и све што иде уз тоа во законот за енергетика и други наши закони?
Прво колку што знам ЕВН нема ни законско ни никакво право да исклучи цел реон/село/населба ако макар само 1 има платено струја.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
23
Значи покрај тоа што јас а верувам и 99% од сите што пишале на темава плаќаат струја, исто така плаќаме и данок со додадена вредност....нема што јас како поединец или било кој од вас без никакви официјални податоци да расправа кај се плаќало кај не се плаќало струја......и повторно разединување албанцте плаќале помалку и обратно....наместо сите да изнесеме критика и револт кон ЕВН како приватна компанија, и државните апарати како неспособни да решават проблеми, не способни да си ја сработат работата за која се преплатени..
Има полиција нека одат да си вршат работата наместо да седат на топло со своите дебели задници во кафетерии и бурекџилници........ич не ме интересира кој плаќал кој не плаќал, не сум јас завод за статистика да откривам неплаќачи, не сум ни мвр да спроведувам правда, има некој платен за тоа од мои и од ваши пари....никаков изговор не е да се каже дека се исклучува цела населба заради што некој не плаќал...
И повторно ова е последица од дисфунционалноста на државните институции, неспособноста на владетелите стручно да интервенираат на проблемаична ситуација..
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Работам во зградата до Т-мобиле одма што е во центар, кај Савана туристичката агенција, и вчера инсталацијата во подрумите се запали, викнавме пожарникари, едвај влегоа внатре, проблем беше што гасеа запалена електрична инсталација а струјата не беше исклучена. Инаку тие 2-3 згради што се тука, се уште од пред земјотресот, цела инсталација е катастрофа и плус сите се грејат на струја пошто нема парно. Е сеа, на време изреагиравме ние вчера, 4 пожарникарски камиони дојдоа, (штета не ми работи блутутот на лаптопов да ви ставев слики, плус ептен хардкорци се тоа пожарникарите, алал да им е) и за мене добра работа е дека денес не работиме :) Немаше жртви, без гајле.
Али најдобра сцена вчера беше: излегуваат неколку пожарникари од влезот, цели бели од што гаснеле, еден го вади шлемот и со снег се гаси на глава, и изнервиран стои, и доаѓа еден дечко и пожарникаров му вика: „Кажи дека си од дистрибуција да ти мавнам еден бокс одма“ :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom