Ок ај едно прашање до тебе, кратко и јасно. Дали во Албанските средини се плаќа помалце струја и генерално сметки него во оние во кои преовладува Македонско население?
Според она што јас го знам (и за кое смеам да зборам) твојата претпоставка дефинитивно не е точна.
Има луѓе што имаат пари и си плаќаат, и има онакви кои што не можат едноставно да платат. Познавам такви од Свиларе (на пример, албанско село) до Црвена Јабука (македонско село). Генерално некои плаќаат (без разлика на вера и нација) и некои не плаќаат (без разлика на вера и нација).
Истото важи за кражбата на електрична енергија. Значи вие (македонците) тоа го изведувате по дискретно. Ние не сме до толку обучени во тоа поле. Кој албанец краде - го има на ТВ вечерта.
Еве не се 90% неплаќачи, али се први на листата мнозинско албанските средини за неплаќање. Полесно е вака да биде дефиниран овој факт? Или сакаш да кажеш дека не е вистина воопшто ова и дека најголема наплата има во албанските средини?
Можеби се први, не можам да зборам за тоа бидејќи не ја знам цела Македонија и не водам таква евиденција, но тоа не дава за право да се постави правило околу тоа.
Значи ваш (на македонците) најчест став (може и на темава да се провери) е дека
- Албанците не плаќаат (барем 90% не плаќаат, така се изразувате секогаш на теми кадешто таа ваша реченица би била во склоп на темата, да не вадам цитати сега).
Тоа е апсолутна невистина. Оди гаси таму кај Албанците некои се осмелија да речат. Зошто побогу некој мене би ми гасел струја кога фино-лепо си ја објавив мојата последна сметка на форум и на која јасно пишува дека немам никаков долг (освен нели последната сметка која ја подмирив денес, со мало задоцнување поради временските неприлики). Значи им однесов на ЕВН таму УПМ во Ѓорче 5 илјадарки и нешто кусур. Имам другар (исто од Кондово) кој им носи по петнаесет илјади кутриот. Се грее на струја најчесто - си плаќа чесно и редовно за тоа.
Значи не може да се поставуваат такви глупави правила гаси во Кондово и во Липково. Нека им гасат на сите што не плаќаат, од Струмица до Липково, но не ми се занесувајте вие поштени тука по некое си правило.
Значи тој што нема - краде/не плаќа. Без разлика дали и каква капа носи. И на тој треба да му се исклучи струја (иако би рекол дека треба да му се овозможи пристоен приход за да му се овозможи да плаќа сметки редовно... никој не држи долгови од кејф... сосем друга тема) но не ми мешајте тука средини и националности.