Е не ми се верува што се` изначитав по темава! Се смрзнувате и пак барате поголеми проблем, како да ќе се стоплите така или ќе ги средите сите во ЕВН. Аман шо ви е луѓе?
Во мојот град со граѓани од повеќе вери и нации, прв пат вчера забележав дека се штеди на струја. Не по домови, туку по улици. Замрачени сокаци, од кои само морници лазат. Го слушнав предупредувањето на вести, па одма сфатив што е и не навлегов понатаму во црни сценарија. Е сега, може гасат улични светла дека сме мешан народ, па не смеат по дома да ни гасат? Ненормални муабети.
Со таа струја и голем дел арогантни вработени во ЕВН имаме проблем сите! Немам фобија од немакедонци и нехристијани, па зборејќи на оваа тема со сите луѓе знам дека нема врска што си, за да имаш било каков проблем со струја. Има врска дали имаш пари или не, и тоа е тоа. Освен таа поделба, за друга не знам.
А да, и ова... поминаа времињата кога можеше да не се плаќа струја и тоа го знаеме сите. Сега толку е стегнато, што треба да е опседнат човек со тоа, за да не заборави или не дај Боже да не е во можност да плати. Затоа прекинете веќе еднаш со тие филмови за привилегирано малцинство или мнозинство. Сите сме е*ани странки овде и ќе си плаќаме и ќе си трпиме и ќе си ќутиме, впрочем како што правиме секогаш, нели.