Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Прво, да кажам дека сум далеку од фан на било која од двеве групи. Случајно ако пуштам нешто, а уште послучајно треба да биде тоа од Металика.
Јас би одел за spin-off бендот на Металика. Мегадет отсекогаш ми биле пометал од Металика. Иронично, или не, ама не остана ни Ж од метал во Металика. Всушност, и тука им ја наоѓам нивната голема маана. Ако се ОК во првите три албуми, понатаму се познава нивниот вртоглав пад. СО последните срања од албуми, си го девалвираа името. Плус, и како во случајот со Флојд и Зеплин, и кај односот на овие два бенда постои ист момент.

Металика претставува култен метал бенд и за шуто и за рогато, со таа nothing else matters.
Мегадет барем го имаат она достоинство да бидат слушани од помала, али од поквалитетна раја.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Jaс за Megadeth. Во средно слушав повеќе метал работи, али овие од секогаш ми биле побрзи, поенергични, по трешерски. Можеби вокалот да е послаб за разлика од другиов, али како гитарист ептен повеќе сум го сакал Dave Mustaine него Kirk, за кој постојат најподелени мислења околу неговиот квалитет. Tука некаде се јавува и едно интересно ривалство за натпревар меѓу двата бенда, поради дешавката си знаете која.

Пример ......


 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Metalica, oti drugite ne ni gi znam koi se :p
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Без мислачки металика мој добар другар.
Мегадет ми се нешто ко бенд за инает на металика затоа што глупанов го набркале после година свирење со нив и цело време ко да се обидува сосила да звучи подобро од нив со „новиот“ бенд (па дури и демек измислил нешто spider chords).
Металика имаат многу црни дамки особено после смртта на Клиф и после ..and justice for all ко да не се тоа што требаше да бидат. Сепак Death Magnetic & EP-то Beyond Magnetic се класи подобри од свети гнев и звучат ко Металика.
Мегадет? Мех. Само бледа сенка.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Брееее, сФе пеери. Дали ти е подобра сармата со кисела или пресна зелка?:(
Тешко да се даде објективен одговор, невероватна енергија во песните и во двата бена. Едните се доследни на звукот (мегадет), другите пак сакаат да експериментираат (металика).
За одговор ќе ми биде репер само една работа, пошто се' друго само ќе ги измеша работите и нема да може да дадам конкретен одговор. КОНЦЕРТ!!! Според тој критериуми ќе гласам за Металика!!!
Концерти од кои боли глава. Квалитетот е неприкосновен, нема друг бенд кој може да даде таков концерт (овде можеби би ги сместил само ролинг стонс на Јаз во ЦГ). Гласот не трпи никакви промени во текот на концерот. Од прва до последна песна е чист, продорен, без да изгуби на интензитет. 2+ часа не се воопшто малку, а не е се' во кондицијата. Едноставно треба да се има тоа во себе за да дадеш таков перформанс, а воедно и да ја понесеш побликата со себе во транс.
П.С. Иако бев скептик кога го донесоа Роб како бас гитара, сепак морам да признам дека донесе големо освежување, и тоа се осеќа во звукот. А на концерт е комплетно луд, а во дадени моменти го става во сенка Џејмс. Но се знаае кој е газда, па се повлекува набрзо:D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Мегадет се одличен бенд и Мастејн е одличен гитарист. Можеби е технички поразноврсен гитарист од Кирк али од секогаш сум сметал дека солажите на Кирк имаат повеќе душа и мелодија својствена на песната и тематиката во неа. Вокалот на Дејв е најслабата точка во бендот, али јебига тоа е тој Мегадет што го знаеме од секогаш.
Да, Мегадет се подоследни на себе а Металика ја утнаа работата на неколку пати, али еве со последниот албум повторно се во игра, мислам дека и наредниот ќе им биде солиден.
Металика ги гласам нормално, Мегадет се супер треш брз бенд али Металика се еден од најдобрите бендови на планетата.


 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.591
Поени од реакции
3.608
Јас сум Кире РАП и гласам за Металика. Шала настрана со нив ми помина младоста секогаш ке ми потсеќаат на едни убави времиња. Колку и да се клише, кога ке ми текне на метал први на ум ми паѓаат. Според мене со St. Anger i Death Magnetic малце ја утнаа ама нормално е тоа за секој бенд. Мегадед ги поштувам ептен ама далеку помалце сум ги слушал него Металика така да мојот глас оди за Металикa

 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.867
Поени од реакции
6.672
Ah shit, Metallica vs Megadeth........

Е ова е више тешко, почнав прво Металика да ги слушам (ради Бартон нормално :icon_lol:) а после ги открив Мегадет, поточно Rust in Peace и некако Металика ми изгледаа meh. Али ваљда пошо Металика ми беа преслушани и здосадени буквално секоја песна ја знаев од почеток до крај.

Голем минус за Металика е Ларс кој што е благо речено ограничен бубњар, проблем што никад го немале Мегадет. Ритам гитара Џејмс е еден од најдобри у свет али Дејв ги има рифовите, пошаренолики некако ми се.
Сеа за басист иако Елефсон е звер сепак Бартон is the shit.
За солажи Мастејн не е ништо посебно, Кирк е подобар у тој поглед али сите најдобри солажи на Мегадет се у главно на Марти Фридмен,Поланд или Јанг, Мастејн е поише ритам гитара така да и у солажи ми се боље Мегадет.
Се на се Мегадет според мене се подобар бенд, особено откако ги глеав у Софија кај што иако свиреа пред Металика (отворија за нив) беа многу боље.
Металика у живо ми звучат некако пре рок за разлика од Мегадет што уште го имаат она трешерското :icon_lol: и затоа си гласам за Мегадет.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
И едните и другите ми се meh. Барем сега. Како помал ги слушав, ама кога сега ми текнува на тоа, јесте, имаат некаква агресивна енергија, ама тоа е и единственото шо го имаат.
Текстовите никакви.
Музиката брза, ама без никаква техничка среденост или измислување на топла вода.

Така да, мојот глас оди за Тајзи.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Текстовите никакви.
Какви треба да бидат текстовите за да бидат некакви? Текстовите се такви какви што треба да бидат во овој музички жанр, антивојна антиполитика и антиопштество во добар дел.
Музиката брза, ама без никаква техничка среденост или измислување на топла вода.
Жанрот и стилот на музика и свирење кај оние кои не го следат, го покриваат музичкото знаење умеење и мајсторија што дел од музичарите на двата бенда го поседуваат. И те како е потребна техника и мозок за свирење на рифовите на Џејмс и Мајстејн, за солажите нема потреба ни да се коментира.
За топлата вода, токму Металика и Мегадет се едни од основачите на еден цел правец на оваа музика.

Да не ме сфатиш дека пробувам да те натерам да ги сакаш или за вкусот ти коментирам, туку едноставно аргументите што ги наведе ти се скроз погрешни.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
мегадет се подобри на подолго слушање, имаат повеќе и подобри албуми, металика имаат три албуми коска, другото слабо, иако металика лесно ги навикнуваш за разлика од мегадет кој на почеток се по сувопарни ама понатаму си грмат
гласам за мегадет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom