Не знам зашо од секое вработување очекувате плата од 500-600евра
Еве зошто!
Зошто не е в ред да гледаш некого в очи, да го праиш будала и да му викаш дека е за негово добро.
Синдикална кошница достигнува 30.000 денари
Текст: Макфакс
Македонија | 24 февруари 2011
Едно просечно четиричлено семејство за најосновните минимални потреби за живот, во кои покрај храната и пијалоците, се вклучени и останатите основни елементи, месечно треба да издвојува по 30.000 денари (околу 500 евра).
До ваков податок дојде Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој денеска ја претстави
Синдикалната минимална кошничка, чиј износ мерен врз основа на цените на најосновните продукти во Македонија во декември 2010 година, изнесува 29.199 денари.
Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека доколку се направи споредбена анализа
со просечната нето исплатена плата од 20.633 денари, ќе се констатира дека просечната плата покрива околу 70 отсто од синдикалната кошничка.
„Ако направиме дополнителна анализа ќе видиме дека само 9,1 отсто од вработените имаат плата од 21.000 до 30.000 денари, а само 2,3 отсто имаат плата над 30.000 денари“, изјави Митревски.
Тој информираше дека типот на домаќинство кое што е земено како основа за изработка на оваа кошница е едно четиричлено семејство, со еден вработен, кое живее во сопствен дом од 50 квадрати и кое не поседува автомобил.
„Синдикалната кошница според нас треба да содржи седум елементи. Покрај исхраната и пијалоците, таа треба да ги содржи и трошоците за домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување на здравје“, рече Митровски.
Тој посочи дека
првата група на елементи, храната и пијалоците, комплетно е превземена од Државниот завод за статистика, при што таа се води како минимална, а не како просечна вредност.
Во останатите шест елементи вметнати се најнеопходни трошоци по минимални утврдени количини и по минимални тековни цени, додека други трошоци за рекреација и образование не се предвидени, појасни Митровски.
Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалоци се издвојуваат 12.342 денари (што е 42,27 отсто од структурата на кошницата), за домување 9.016 денари (30,88 отсто), за хигиена 2.096 денари (7,18 ), за превоз 2.326 денари (7,97), за облека 1.808 (6,19), за култура 1.070 (3,66) и за одржување на здравје 540 денари (1,85 отсто).
Гледаме дека сметки за струја, вода, телефон, интернет, парно греење не се пресметани!
Професорот на економскиот факултет Драган Тевдовски ја поздрави идејата за пресметување на синдикална кошничка, додавајќи дека таа ќе претставува мерило за стандардот на живот.
„Досега стандардот на граѓаните се мереше само преку трошоците за исхрана и пијалоци, апсолутно дека мора во една потрошувачка кошница да се вклучат и сите други потреби, кои ќе ги отсликуваат реалните потреби на македонските домаќинства“, рече Тевдовски.
Тој истакна дека потрошувачката кошница за исхрана и пијалоци на Државниот завод за статистика не е репрезентативна и не ги отсликува реалните потреби.
„Треба да се има и в предвид дека синдикалната кошница ги пресметува минималните потреби за живот на едно четиричлено семејство. Тука не станува збор за нешто просечно, ниту пак за нешто луксузно“, рече Тевдовски.
Претставникот на Државниот завод за статистика Васе Нонев укажа дека податоците што ги пресметува оваа институција погрешно се толкуваат и тие не треба да се земаат како некаков животен стандард за просечно четиричлено домаќинство.
„Државниот завод за статистика ја објавува својата потрошувачка кошница со цел да покаже како влијанието на цените во текот на еден месец влијае на буџетот на едно просечно четиричлено семејство“, рече Нонев.
Тој информираше дека содржината на просечната потрошувачка кошничка за храна и пијалоци е избрана врз база на истражување, што ги спроведува ДЗС во 5.400 семејства.
„Таа ја преставува фактичката состојба за тоа како просечното македонското домаќинство ги троши своите средства“, рече Нонев.
Во дебатата учествуваа и претставници на останатите синдикати, на организацијата на работодавачи и здружението на правници, кои го поздравија воведувањето на синдикалната кошница и оценија дека таа може да претставува своевидна основа за утврдување на минимална плата во Македонија.
Инаку, текстов е од 2011 година.
Btw таму примаат и со основно или средно,значи луѓе што не можат(не сакаат) ниту па очекуваат да напредуваат у кариера така да не знам шо запнавте со кариери и подобро позиции.исто као кај шивачките,20-30години работат у конфекција и ред други професии каде постојано си на една иста позиција.
А колку луѓе по конфекции, ете млади (и постари секако) жени работат поради ебаното ‘немање избор‘?Завршиле факултети, економија, право или пак медицина!, а работат во конфекција чисто онака да не ги трошат дома уште после факултетот.Ако добијат редовна плата....
Мислиш тие нејќат да напреднат во кариера на подобра позиција?Или уште подобро кажано во фирма по нивната струка???
А тек новите дипломирани по милионите нови отворени такозвани факултети...