Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Другар, што раат сум овие неколку години, е не е се исто како 70 и неке,
умре тоа вучјакот на стариот и ај седум дена стража јас по ридовите над железара,
на тоа маршаловицата кога шест дена и касни,ај пак јас на стража-кисни со денови,
а тоа копитото кога му го исекоа на маршалот,окапав два месеци во Криволак.
-------------------------
и ова уште, дај покрај ова негативни поени,банови,бришења и забранет пристап,
дај конечно воведи и Кајгана затвор, за локација ќе се снајдеме, а ние членовите ќе донираме во изградбата,може и проектот да влезе во Скопје 2014 па да земеме и некоја пара од владата а и да го направиме во барок стил,за привремено може да земеме некој напуштен објект или нешто под кирија.Се разбира таму ќе има и темни ќелии, и посебно женско оделение, посебно за тешки случаеви победници во натпреварот нај-нај и т.н.
А за јаже не дозволено по уставот,но за доживотен веќе има неколку кандидати.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Постов го пишувам во оваа тема, затоа што е најчитана (ваљда) од целиот форум. Се работи за навидум еколошки проблем преку кој други се обидуваат да свртат политика и модерно етничко малтретирање. Така да кој не е заинтересиран, нека го прескочи.

-----

Обично не навлегував во дискусија за ова на форумов ама кога видов дека експертот за статистика Дарданија пробал да продава демагогија, не останав рамнодушен.

Муабетите за загаденоста на воздухот ни станаа секојдневие. Покрај Скопје, ултра загаден град е и неговиот своевремено помал брат а сега конкурент во трките кон експанзија, Тетово. Град кој важел за еден од најчистите (колку само ова сега лудо звучи) во екс-Ју просторите, град во кој луѓе доаѓале на Балтепе, Теќе, Лешок и останатите попознати места за да поуживаат во свежиот воздух. Град кому изминативе 15 години му се десија сите можни работи кои му ебаа матер па таков хаотичен го оставија на луѓето кои живеат во и околу него да го чмаат. На петнаесетина километри од Тетово се наоѓа фабриката Југохром, која е никулецот за постов.

Кој е Југохром и што е со него?

Југохром е фабрика за феросилициум и хром стационирана во тетовското (полошко) село Јегуновце. Фабрика која работи со децении, од која од самиот почеток до сега директно егзистираат околу десетина села во општината. Во времето на СФРЈ, Југохром бил најголемиот преработувач на хром, за време на транзицијата помина како и останатите македонски фирми, но за среќа не згасна целосно туку пред неколку години повторно почна со работа.

Во моментов фабриката е топ тема поради обвинувањата дека е еколошки непријател и загадувач заради користење на застарена филтер технологија и горење на нееколошки горива за печките во неговите погони. Обвинувања кои се издржани и точни. Но, следи најважното, обвинувања кои се преувеличени и злоупотребени за некој друг да си ја задскрие неговата вина под тепих.

Имено, веќе речиси цела година, во тек е кампања од одредени „загрижени граѓани“, финансирани од сомнителни извори, како тоа Југохром е клучниот, главниот и често според нив единствениот загадувач во Тетово, најзагадениот град на Балканот изминативе две години.

Но, што викаат гледиштат од другата страна, наспроти оваа на модернава банда која катадневно лае против фабриката?

Реков, Југохром се наоѓа на нешто повеќе од 15 километри до влезот во Тетово. Голема дистанца за чадот од неговите печки да стигне до градот, макар и кога има магла која не го пушта да оди нагоре или силен ветер во југозападен правец. Дури и напротив, најчесто чадот се движи север-североисток.

Авангардистиве доминираат со слики и видеа каде што го снимаат чадот од Југохром. Тоа е исто ко да одлучиш кое јадење е највкусно гледајќи слики, без да го пробаш. Но дури и во тие видеа, никаде јасно не покажуваат како чадот стига до градот.

Која е реалноста?

Реалноста вели дека Југохром има врска со загадувањето на Тетово, ама минимална. Реалноста вели дека во Тетово имате:

- Отворена депонија на 50 метри од Жито Полог, најголемиот производител на пченични производи (океј де леб) во западна Македонија. Таа се наоѓа на влезот во градот, блиску до неговото најнаселено јадро.
- Нерегулирана сеча на дрва од 1999та наваму, Шар Планина е соголена, Сува Гора исто така.
- Масовна сеча на дрва во градот заради масовната градба на висококатници.
- Сообраќаен хаос, со огромен број возила и товарни камиони кои минуваат низ градот за да идат до Косово.
- Ѓубре на улици, неиспразнети контенјери, рестрикции на вода и мал милион други фалинки.

поопширно за ова, тука:
http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=18942&cat=22

Погоре го споменав Лешок, кој освен по својот манастир, сега е препознатлив и по реновираната болница за белодробни заболувања. Значи, белодробни заболувања! Болница која котира високо и се смета за успешна во лечењето на болестите на дишните патишта, а се наоѓа на 7 километри воздушно од Јухохром. Да, на двојно помало растојание од Тетово. А пази, таа не е толку загадена ко Тетово! Но, не ги кријам јас работите ко некои други и ќе кажам дека таа болница е на нешто повисока надморска висина од градот. Иако чадот често се крева и на поголема висина од таа на која е Лешок. (Нема потреба да пишам дека чадот во нормални временски услови не стига ни до Лешок нели?)

Исто така споменав и за свежиот воздух, то ест температурата. Тетово се карактеризирал, а и сеуште со многу „поостра“ температура заради геоположбата. За разлика од градот, во околината на Југохром, од отварањето на фабриката владее нешто потопол воздух од тој во градот. Потопол воздух кој бил идеален за полесно справување на посеаните култури со зимските прерани (есенски) или прекасни (пролетни) мразови, и кој давал подлога да се одлгледуваат успешно својствените култури за тетовскиот регион.

Пишав “бил“, а не “е“, затоа што после бомбардирањето во Косово, хармонијата на климата погодна за земјоделство си еба мајката. Бомбите испофрлани блиску до границата, воениот радиоактивен отпад фрлан во македонска територија, па после и директниот конфликт направија шашма и погодна почва, овојпат за секакви болести и фалинки на земјоделските култури.

Проблем (овој за последиците од Косово) кој ете, не е форсиран од никого, јер не им одговара. Но да не забегувам.

Што е целта?

Целта на самопрогласените еколошко свесни граѓани кои лично фрлаат отпад во Пена е од чисто политичко-етничка природа. Самото форсирање на тоа дека Југохром е канцерот а не другите проблеми во градот, доведува до соголување на нивната маскирана кампања дека се загрижени за екологијата. Ако некому можат да ги продадат тие добро познати и од нив испраксирани приказни, не можат на луѓе кои се директно засегнати.

Јегуновце е единствената општина во западна Македонија која има градоначалник етнички Македонец. Нешто што некому боде во очи. Иако императорот на фотељата е веќе 12 години и е понеомилен кај Македонците отколку кај Албанците.

Исто така, општината е мислам единствената (можеби покрај Маврово-Ростуше) со 50%+ македонско население во западна Македонија. Барем 2/3 од тоа македонско население работи или има бар тесна врска со Југохром.

Во Југохром работат моментално нешто помалку од 1.000 лица, а индиректно со него се поврзани уште многу работни места. Според кажувањата на вработените, поголемиот дел од нив се Албанци. Воглавно од околните села, кои работат за скромна македонска плата да го издржуваат семејството.

Моментално, фабриката има управник Македонец, кој е како што може да се види и со делумна поддршка од власта, па прави некаков отпор врз обидите за албанизирање на целата фабрика. Етничко чистење кое овојпат го водат на модерен начин, преку репрекусии врз џебот и лебот, а не со оружје. Чистење кое е предводено од одредени албански политички структури, кои се мнозинство во општина Тетово. Структири кои од својот македонски коалиционен партнер научија да спинуваат обвинувајќи еден ист негативец, со цел да ги задскријат проблемите кои ги имаат и матните бизниси кои ги тераат. Па така, тие својот Бранко си го најдоа во Југохром.

Но, во тој обид за комплетна доминација врз македонското население страдаат и Албанци, на кои им е преку Тасе од нивните, ама како и кај Македонците и кај нив владее заканата па повеќето премолчуваат.

Обид во кој ако успеат, Југохром ќе се затвори, ќе стави филтри, но ќе добие и други управници а Тетово ќе си остане загадено.

Што ми е мене целта на постов? Сигурно не ми е да ги убедам тие што му се намерачени на Југохром, затоа што не можам да убедам некој кој својот став и мислење го изградил врз партијата или парите пуштени на негова сметка од некоја си невладина организација за да постојано меле едно исто. Целта ми е да се видат и аргументите изнесени од другата страна, онаа која нема ни бројчана, ни медиумска, ни реална моќ да се искаже.

Па колку прочитаа, толку, фала.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Драга,

Не читајте книги, ќе затупите максимално, бетер од гледање турски серии! :sramezliv:
Ау, што се ќе прочиташ. :pos:

Украсив јас што украсив, али и две машни му лупнав на кафезот на папагалот. :pipi: Поубаво е сега со нив, иако тоа пусто му треба време да се привикне на нови луѓе ваљда, па збунето е максимално и се плаши уште. Му зборам по цел ден ко навиена, да се навикне на гласот, иако се осеќам ко будала повеќе од времето. За разлика од мене, некој не е толку трпелив и стално го гњави. :tapp:
Вчера чистев. Па другарка ми си купи нов кармин, јас си купив машни за дома. Денес во супермаркет исто отидоа пари, плус мафини правев.:love:
Се осеќам ко домаќинка ебаго. :несвест:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Сега се договорам со едно девојче (чупе на нашки де :D) да излезиме некој ден, да се запознаеме, кога ми вели: " Ами јас и ти и лично се знаеме, во петокот се запознавме." :confused::eek:

Таа кутрата незнаеше веројатно оти нема година кога јас од Свети Никола памтам нешто. :D
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Мизерија кеј, не знам од кај да почнам.Отварам фејсче сеа и ми се појавува една твоја другарка постирала желба занова година , работа за мајка и и пари за да оди на апсолвентска.Не ми се верува ми доаѓа да заплачам од работиве што ги слушам во последно време.Сеа пред некоја недела бевме со двајца другари на гости и едниов кажува леле каков трошок сме испивме цел сок и изедовме грицките.Човече дојде време една кокса и пакетче ресани и соленки да ги сметаш за луксуз.Абе арно викам јас децата за леб да ви немаат у уста да ве ебам бе ненаситни копилиња бе лелеле мозокот им го исправте на народот да мислат дека луксуз е клима да пуштиш ако не ти е доста парното !!! ЗА КИБРИТ ДА НЕМАТЕ БЕ ПИЧКА ВИ СЕ
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Се тагнале на фб,се осеќале прекрасно после победата на Звезда против Мзт:bravobe:.Значи како можам лесно да се напнам од вакви куропушачи тоа е чудо едно.Потрагично е што едниот го знам лично, иде со мене на Вардар на ракомет,имаме сезонаски.Ама ваљда ова ќе му биде последно со мене да иде на спортски настан,нека си иде со тиа куртоните што славеле.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Воглавно кога пцујам некого, само со лошо ми се враќа така да сега ќе пробам поинаку.
Во новата 2015 година на нашите политичари им посакувам се најубаво, уште долго време да си земаат пари за правење "ништо", да се омрсат со уште еден куп наместени тендери, да успеат да си ги вработат со врски децата кои и самиот факултет го завршиле со врски, да го прошетаат цел свет со парите кои ги украдоа од народот и најважното, од здравје и љубов да не куртулат :cujte:
Плус малце споменици имаме, се надевам во новата година ќе го разубават нашиот град со уште по некој споменик и ќе си ги наполнат џебовите со уште некои испрани пари од ограда која чини 5 милиони евра, реклама за храна од милион евра, како и некоја акција за садење дрва :вонзем:

:чда:

Кученце со најаки уши на деценијата :pipi:
Штета што не сакаше да го галам и ми кидна позади ограда :pipi:
Цел Велес го свртевме за саат време, како може некој да вика такси за толку кратки релации? :kajgana:
Како сме се најале мајко мила, дефинитивно градов ќе го памтам по јадењето, плус што одењето до таму и јадењето поефтино не фати отколку во Скопје да отидев на ручек :вонзем:
Уживам да се возам во воз, кога ги гледам чичковцине по станиците се осеќам како да сум во сцена од "Тесна кожа", кога млаџи референт најде пари во трамвајот :angel:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ајде ред и дисциплина, сам човек ако не се наметне на себе кој друг ?

Ладно бре уште посабајле, студи а зелен чај сеуште немам пиено, ќе го направам на решото со една рингла. Кое ѓубре е џабе фрлени пари, има термостат на него и таман да зоврие водата качува температура и исклучува, чекај си ти ако немаш работа :icon_lol:. Ама сабајлево го суредив му залепив изолир на жици и сега термостатот не работи :icon_lol:.


Ајде марш, марш надвор и марш по нешто :icon_lol:.

 
S

StormRage

Гостин
Кајг

се будиш, палиш цигара... со тешки напори се мрдаш од кревет, бараш кафе.
И реалноста ти лепи асален шамар, нема кафе.
Одеднаш, животот ти нема смисла...

фала пријатно :confused:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Dear,

Си го бањам срцето секојдневно со Бекутан и неговите пеги.

Не го љубам, ама го сакам. Поим немам што значи тоа. Никогаш не сум им дефинирала форми на љубовните релации ниту имам време некако за тоа. Денов почна со соблазненија, локум и кафе, јуфки со карамелизиран кромид и пилешко џигерче, цркнат фиксен телефон и влажен нос од бакнежи. Просто, срцева комора и во неа разладена ракија, тој лезет. Огнена вода меѓу нас. И еве сега љубовни редови. Ма какви бре. Ништо не знам. Убави сме, ама не сме вечни. Синхронизирање за првпат. А можеби и вторпат. Некогаш не ти се ни пишува. Само вдишуваш.
Магии.
Љубојна во срж дрмаат.
Имам подароци за купување, иако не сакам. Се лизгам на конзумеризмот како путер во тава. Нека. Се дишеме ко првпат да сме се родиле, еден до друг. Можеби ќе те спасам, можеби и не.
Но, те гледам. Јасно, гласно и страстно.
Во меѓувреме паѓам на патетики и слушам исландски Дедо Мраз како објаснува новогодишни цаки, а моето мало Бјоркче чита поезија. Очите, свемир и немир!
Што ти е чиста генетика.
http://ruv.is/frett/faedingarsaga-frelsarans

М.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom