Постов го пишувам во оваа тема, затоа што е најчитана (ваљда) од целиот форум. Се работи за навидум еколошки проблем преку кој други се обидуваат да свртат политика и модерно етничко малтретирање. Така да кој не е заинтересиран, нека го прескочи.
-----
Обично не навлегував во дискусија за ова на форумов ама кога видов дека експертот за статистика
Дарданија пробал да продава демагогија, не останав рамнодушен.
Муабетите за загаденоста на воздухот ни станаа секојдневие. Покрај Скопје, ултра загаден град е и неговиот своевремено помал брат а сега конкурент во трките кон експанзија, Тетово. Град кој важел за еден од најчистите (колку само ова сега лудо звучи) во екс-Ју просторите, град во кој луѓе доаѓале на Балтепе, Теќе, Лешок и останатите попознати места за да поуживаат во свежиот воздух. Град кому изминативе 15 години му се десија сите можни работи кои му ебаа матер па таков хаотичен го оставија на луѓето кои живеат во и околу него да го чмаат. На петнаесетина километри од Тетово се наоѓа фабриката Југохром, која е никулецот за постов.
Кој е Југохром и што е со него?
Југохром е фабрика за феросилициум и хром стационирана во тетовското (полошко) село Јегуновце. Фабрика која работи со децении, од која од самиот почеток до сега директно егзистираат околу десетина села во општината. Во времето на СФРЈ, Југохром бил најголемиот преработувач на хром, за време на транзицијата помина како и останатите македонски фирми, но за среќа не згасна целосно туку пред неколку години повторно почна со работа.
Во моментов фабриката е топ тема поради обвинувањата дека е еколошки непријател и загадувач заради користење на застарена филтер технологија и горење на нееколошки горива за печките во неговите погони. Обвинувања кои се издржани и
точни. Но, следи најважното, обвинувања кои се
преувеличени и злоупотребени за некој друг да си ја задскрие неговата вина под тепих.
Имено, веќе речиси цела година, во тек е кампања од одредени „загрижени граѓани“, финансирани од сомнителни извори, како тоа Југохром е клучниот, главниот и често според нив единствениот загадувач во Тетово, најзагадениот град на Балканот изминативе две години.
Но, што викаат гледиштат од другата страна, наспроти оваа на модернава банда која катадневно лае против фабриката?
Реков, Југохром се наоѓа на нешто повеќе од 15 километри до влезот во Тетово. Голема дистанца за чадот од неговите печки да стигне до градот, макар и кога има магла која не го пушта да оди нагоре или силен ветер во југозападен правец. Дури и напротив, најчесто чадот се движи север-североисток.
Авангардистиве доминираат со слики и видеа каде што го снимаат чадот од Југохром. Тоа е исто ко да одлучиш кое јадење е највкусно гледајќи слики, без да го пробаш. Но дури и во тие видеа, никаде јасно не покажуваат како чадот стига до градот.
Која е реалноста?
Реалноста вели дека Југохром има врска со загадувањето на Тетово, ама минимална. Реалноста вели дека во Тетово имате:
- Отворена депонија на 50 метри од Жито Полог, најголемиот производител на пченични производи (океј де леб) во западна Македонија. Таа се наоѓа на влезот во градот, блиску до
неговото најнаселено јадро.
- Нерегулирана сеча на дрва од 1999та наваму, Шар Планина е соголена, Сува Гора исто така.
- Масовна сеча на дрва во градот заради масовната градба на висококатници.
- Сообраќаен хаос, со огромен број возила и товарни камиони кои минуваат низ градот за да идат до Косово.
- Ѓубре на улици, неиспразнети контенјери, рестрикции на вода и мал милион други фалинки.
поопширно за ова, тука:
http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=18942&cat=22
Погоре го споменав Лешок, кој освен по својот манастир, сега е препознатлив и по реновираната болница за белодробни заболувања.
Значи, белодробни заболувања! Болница која котира високо и се смета за успешна во лечењето на болестите на дишните патишта, а се наоѓа на 7 километри воздушно од Јухохром. Да, на
двојно помало растојание од Тетово. А пази, таа не е толку загадена ко Тетово! Но, не ги кријам јас работите ко некои други и ќе кажам дека таа болница е на нешто повисока надморска висина од градот. Иако чадот често се крева и на поголема висина од таа на која е Лешок. (Нема потреба да пишам дека чадот во нормални временски услови не стига ни до Лешок нели?)
Исто така споменав и за свежиот воздух, то ест температурата. Тетово се карактеризирал, а и сеуште со многу „поостра“ температура заради геоположбата. За разлика од градот, во околината на Југохром, од отварањето на фабриката владее нешто потопол воздух од тој во градот. Потопол воздух кој бил идеален за полесно справување на посеаните култури со зимските прерани (есенски) или прекасни (пролетни) мразови, и кој давал подлога да се одлгледуваат успешно својствените култури за тетовскиот регион.
Пишав “бил“, а не “е“, затоа што после бомбардирањето во Косово, хармонијата на климата погодна за земјоделство си еба мајката. Бомбите испофрлани блиску до границата, воениот радиоактивен отпад фрлан во македонска територија, па после и директниот конфликт направија шашма и погодна почва, овојпат за секакви болести и фалинки на земјоделските култури.
Проблем (овој за последиците од Косово) кој ете, не е форсиран од никого, јер не им одговара. Но да не забегувам.
Што е целта?
Целта на самопрогласените еколошко свесни граѓани кои лично фрлаат отпад во Пена е од чисто политичко-етничка природа. Самото форсирање на тоа дека Југохром е канцерот а не другите проблеми во градот, доведува до соголување на нивната маскирана кампања дека се загрижени за екологијата. Ако некому можат да ги продадат тие добро познати и од нив испраксирани приказни, не можат на луѓе кои се директно засегнати.
Јегуновце е единствената општина во западна Македонија која има градоначалник етнички Македонец. Нешто што некому боде во очи. Иако императорот на фотељата е веќе 12 години и е понеомилен кај Македонците отколку кај Албанците.
Исто така, општината е мислам единствената (можеби покрај Маврово-Ростуше) со 50%+ македонско население во западна Македонија. Барем 2/3 од тоа македонско население работи или има бар тесна врска со Југохром.
Во Југохром работат моментално нешто помалку од 1.000 лица, а индиректно со него се поврзани уште многу работни места. Според кажувањата на вработените, поголемиот дел од нив се Албанци. Воглавно од околните села, кои работат за скромна македонска плата да го издржуваат семејството.
Моментално, фабриката има управник Македонец, кој е како што може да се види и со делумна поддршка од власта, па прави некаков отпор врз обидите за албанизирање на целата фабрика. Етничко чистење кое овојпат го водат на модерен начин, преку репрекусии врз џебот и лебот, а не со оружје. Чистење кое е предводено од одредени албански политички структури, кои се мнозинство во општина Тетово. Структири кои од својот македонски коалиционен партнер научија да спинуваат обвинувајќи еден ист негативец, со цел да ги задскријат проблемите кои ги имаат и матните бизниси кои ги тераат. Па така, тие својот
Бранко си го најдоа во Југохром.
Но, во тој обид за комплетна доминација врз македонското население страдаат и Албанци, на кои им е преку Тасе од нивните, ама како и кај Македонците и кај нив владее заканата па повеќето премолчуваат.
Обид во кој ако успеат, Југохром ќе се затвори, ќе стави филтри, но ќе добие и други управници а Тетово ќе си остане загадено.
Што ми е мене целта на постов? Сигурно не ми е да ги убедам тие што му се намерачени на Југохром, затоа што не можам да убедам некој кој својот став и мислење го изградил врз партијата или парите пуштени на негова сметка од некоја си невладина организација за да постојано меле едно исто. Целта ми е да се видат и аргументите изнесени од другата страна, онаа која нема ни бројчана, ни медиумска, ни реална моќ да се искаже.
Па колку прочитаа, толку, фала.