На 13 декември 1981 во Полска се случува државен удар. Воведена е воена состојба и на власт доаѓа генералот Војчех Јарузелски. Солидарност и останатите независни синдикати се забранети. Џони Штулиќ како авангарден музичар, далеку пред своето време по начинот на размислување, ја снима песната Proljeće je 13. u decembru посветена на настаните во Полска, отпорот на населението против автократскиот систем и борбата за поголеми индивидуални слободи.
Се ова ме потсети на ситуацијата кај нас. Само младите со прогресивни и слободољубиви идеи можат да ја променат целата апатија, моралнава, интелектуална и културна беда што владее во Македонија.
Битна е симболиката. Желбата да се промени нешто. И ние имаме пролет во декември. Напред студенти!