ДК
Ставаш јајца да се варат. Отвораш фрижидерот и гледаш дека останало од салатата за ручек (голема салата беше), таман дур се варат јајцата имаш занимација, идеш пред компјутер со ванглата со рендана зелка, одма приметуваш дека нешто фали (знаеш цело време де, само глумиш дека не знаеш), се враќаш земаш чашка од ракијата со виски боја (и на виски удира мамето), тураш една, салатата иде топ, тураш втора, иде трета, четврта, салатата е изедена уште после втората ракија де, арно ама youtube те држи онлајн, али еве 5-тата е на пат, цела вечер си дома а некако ја вадиш вечерта од мизеријата во 2 по полноќ... али па нешто од прееска ти иде на ум али никако да ти дојде ко што треба, таман се појавува и одма се губи со новиот стих од звучнициве... завршува песната и ти текнува што требаше да ти текне - ЈАЈЦАТА бре воле!