Одамна немав излезено. Ирски паб, ирска музика во живо, ирски пивца... Седнати на шанк, јас си денсам во облачиња, пеачот ме шмека... И тука нешто почна да смрди. Немогуче Тарзан да седи зад мене, да го примети и да не рипне да му го извади гркланот низ уста. Се вртам, го гледам човекот си ги пробува сите пива што беа на „излог“. Пивце за живце. Успат и јас подлизнував.
Тестот го поминавме, живи сме и спремни за во Ирска.
Пред да наполнам 30 морам да отидам таму!