Види, многу полошо е црна мечка да ти го пресече патот отколку црна мачка, али на кој да му кажуваш, типот скрши огледало, седум години несреќа my ass, имаше добар адвокат и плус партиска помош, средија некако за две. Толку е дебел што седи на два стола, не знам дали намерно или не, прочитал на интернет дека доколку се седи на два стола ќе има две жени, односно два брака, но го мачи тоа што е премногу дебел и не го собира на целата маса, па кога седи фаќа и накај ивицата, а седење на ивицата значи дека нема да се ожени, го мачи, го премачи тоа, толку го мачи што намерно пее додека јаде, за да земе циганка, шансите си ги зголеми за два спрема еден, вајда ќе се ожени, вие што викате?