Точно пред четири години почна авантурата наречена pen spinning драга, кој би рекол дека толку време ќе се занимавам со таа работа дечурлаанска. За некого хоби, за некого љубов, за некого живот, за некого остеоропороза поради безброј пати наведнување за да се земе пенкалото од земја, за мене вајда ќе биде ова со долгово име, на стари години ќе се тресе нешто, дали прсти, дали кичма, we will see, битно интересно беше драга, забелешки летаа во средно ко ластовички поради чукањето со пенкало при правење на некој трик, метално е, метал и дрво даваат одличен звук кој што манифестира со забелешка од типот на "нарушува мир во училницата", ај да беше една само немаше да ја спомнам, ама не е една, али професори ко професори, не разбираат, кој ги врти, хехе сигурно некој ги врти ко ја шо ги вртам пенкалата, ај сеа ја да почнам за тоа да им праам забелешки, ма нечу.
Друго нешто што ми се случуваше во тие 4 години беше запознавањето на нови лица од цел свет, Јапонци, Кинези, Руси, Французи, Германци, Американци, Холанѓани па и уште некои што ги имаше во мал број, најинтересни ми беа драга Јапонците, маме ебаваа драга со тоа прстите, имаше една страна каде што сите уклучувавме камера и ги споделувавме ново научените трикови, баравме помош за како да совладаме нови трикови, како да си креираме mod кој што ќе ги задоволува нашите потреби, пред се одлично искуство, јаки беа тоа јапонците драга, имаше еден се снимаше, со едната рака ги држеше тоа кинеските стапчиња за јадење и во тој момент јадеше од чинија со нив, а со другата рака го вртеше пенкалото, океј, ја да бев ќе се заплеткав скроз, ќе го јадев пенкалото а ќе го вртев стапчето, али тоа е тоа, вајда во иднина жените ќе бидат задоволни што имаат мажи со такви спретни прсти, кујзнае.
Друго нешто, нешто x2 е тоа што имаше еден форум, форум наменет само за овој спорт, таму го добив првиот предизвик да се натпреварувам во weak hand battle, односно битка на послабата рака, онаа која што не ја владеете добро, и шта да причам, не знам како успеав да го вртам пенкалото 20 секудни, раката ми беше гипс, ко да ми ја извадиле од замрзнувач, али по мое мислење подобар бев од тој Азиецот, али новајлија, него го изгласаа, абе местени работи драга, сигурно ги поткупил со зејтин и со календар, кој го врти, сеа ја владеам и левата и десната, амбидекстр невиден сум, со едната пенкалото ќе го вртам, а со другата него ќе го вртам, пффф.
Али тоа е тоа, можам да се пофалам дека сум колекционер на едно над 20тина пенкала кои што се ептен лични, ги собирав сиве овие години, ги порачував, ги чекав, ги вртев, кога ќе порачаш едно, верувај дека неможеш да се запреш, после порачуваш се повеќе и повеќе, тоа е убавината.
Еве ти дел од колекцијата, миленичиња ми се, ај да не ти ги именувам, ќе ми се фати јазикот.
Пандорина кутија, а ја отвориш и готово ти се еба денот, едно 2-3 саата не ги оставаш на мира.
И тоа е тоа, ова вајда ќе биде мојот најдолг пост до сега, освен оној во темата "Држи x додека не дишеш" ако не е подолг, оти се заборавив и таму, ќе загинев за малце, е така, ај доста е, има и други членови што сакаат да бидат на линија, кис4е.