Денес цел ден ги слушам Pearl Jam. Гласот на Еди ме смирува и прави да си правам рекапитулација на животот. Не знам, така ми влијае.
Еве конкретно последниов саат време си ја слушам Black. И си се смешкам. А песната е за се, освен за смеење. Ама кога ќе ја чујам, се потсетувам на толку многу иронични моменти и ситуации во животот, што не ми ни преостанува друго освен да се смеам.
Вчера бев во Маракана. Едно од ретките места каде се осеќам слободно и опуштено. Why not ја свиреа I Am Mine и како да застана времето, се префрлив во друга димензија, како и секогаш кога ќе ја чујам песната. Текстот, зборовите, се. Таа и Better Man, омилените. Најомилени. Ever.
Не ги слушам толку често, ама во меланхолични денови, кога размислувам за животот, прво што правам - ги пуштам Pearl Jam.