Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.371
Душо вчера појма немам од шо мака зедов да читав теми што се воделе на кајгана пред 100 години. Прави драми се дешавале.
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
@Ilumious и јас сум возач, али на вакви денови возам највнимателно што може. Али денес неколку копилиња со преку 70 се лупнаа низ вировите и ме направија жива вода на метар и пол од улица. А инфраструктурава ни е по сите хасап, касап и исо стандарди, па може и подобра од онаа на земјите во европска унија :D. Посебно гледам нивелацијата на новите улици е одлична, ги прават како корито, па немора атмосферска и фекална воопшто да стават и онака наликуваат на канали самите улици. Очекувам и плоштадот со новиов мермер на базен да заличи во иднина :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Iam eden komshija 40 godini se nema otrezneto. Rakija mostly. Nema postignato mnogu u zhivotot, ali e srekjen so sebe. Pred nekoe vreme mu dijagnosticirale rak na crn drob, i go prashav kao se kaesh. And nope, he didn't regret a glass.
And yeah, I think that's a life worth living.

Ispadna deka mu ja utnale dijagnozata, ushe e zhiv i zdrav. Neka e vechno zhiv toj chovek.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
4
Ова песниште

https://www.youtube.com/watch?v=ujMZPiy-PCo

Чашка ракија, цигара и студ. И плус добри слушалици. Многу менуваат да знаеш, ама многу. Колку убава и моќна песна. Кога и да ја слушнам е како првиот пат кога ја слушнав. И ме прави тажен и среќен. Измешани емоции. И знае да ме извади од депресија, а и да ме внесе во неа. Ама убаво е така од време на време знаеш? Приоритетите си ги средуваш, или некогаш ги бираш погрешните а? Ме ежи песнава, секогаш, и на - 5 и на + 50. Ја га нечу вие брати, јер га немам којој дати, којој сам га дариво, земја је покрива...
Почнува да ми солзи левото око... Вака допира песна другар. Ги слушаш, ја осеќаш болката во нивните гласови, ја осеќаш емоцијата, влегува во тебе, те тресе до коска, те распарува и не напушта, барем не во брзо време. Понекогаш мора и да трпиш, некогаш и за работи што сам си ги правиш.

https://www.youtube.com/watch?v=W8jG7Os98M8

Јака емоција, јака тага и болката што иде со неа. Ама ја вадиш од тебе. Пукаш, викаш, се дереш дур не те болат гласни жици! Ракијата на екс, никад није, моја ни билааа! Пак се наежив и почнаа рацете да ми се тресат. Квалитет.
За песната зборам инаку, ракијата е онака, од оние што ги трпиш. Не е ни лоша, ама не е ни убава. Ама добра е до негде од причината што нема друго и е тука до тебе, со тебе, за разлика од други работи и личности што не се, а би било правилно и убаво да бидат, или ти да си со нив? Кога планината неќе кај Мухамед, он ке иде кај неа? Така би требало ама не е така секогаш.

https://www.youtube.com/watch?v=_rd_NKVTQkE

Оваа ми е лабава, ама убава онака знаеш, да си џускаш со главата додека иде и на рефренот потпевнуваш малце, а ако не го знаеш текстот пивнуваш од што и да пиеш:)
Коња да продамо бе Јано, коња! Тоа е тој текст! Имаше една изрека, да ме утепаш сеа не ми текнува чива беше, ама беше нешто вака:" Не верувам во љубов на прв поглед, ама верувам во пријателство". Колку се слагам со ова... На пример, знам дека тој на кој што му текнал тој текст бил лепота од човек. Знам дека во некое друго време би можеле да бидеме другари. Да седнеме во меана негде, да кснеме, да пивнеме, да се вртат муабети до сабајле, и следниот ден пак.

https://www.youtube.com/watch?v=PVVadLk2t7U

Романа брате! Моќ од песна. Кај мене ја буди скоро секоја емоција. Почнува диво, има бес, има револтираност што ја вадиш од себе, па преоѓа во тага и носталгија. Има тага во гласот што го пее тоа, ама има и среќа што сепак некогаш искусил нешто што толку му значело и го исполнило. Да не се тие работи, тие искуства, тие животни приказни, немаше да живееме верувај. И иде крајот, распалува! Од се по малку, и тага и бес и среќа.

https://www.youtube.com/watch?v=VQtpETfKF1U

Следно на репертоар, бато, брату мој. Ме тера на играње, а неам душа во мене. Ама затоа џускам со главата и потпевнувам. Ми фали едно другарче за пеењето, убаво ни се уклапаат вокалите. После неколку ракии и некој литар вино пееме се и свашта и тоа доста добро. Уште па ако има и гитара... Едни од најубавите искуства секогаш. Знаеш, мислам дека има нешто магично во тоа повеќе луѓе кога мезат, пијат и пеат песни кои ги сакаат. Го има она што најчесто те држи во живот, а поретко те убива по малку.

https://www.youtube.com/watch?v=ufLtq-0Ue1g

Сараево! Среќа, и тоа не измешана, нема друга емоција пропратена со неа. Чиста, искрена, топла и убава среќа! Моја чаршија. Родио се једном женио се два пута - није било какав брак ал је дете био мрак. Каде бе со текстов фалинко една! Секогаш ме смее.:icon_lol: Кафа око један два, чевапчичи и баклава. Толку убавина а во толку малку простор сместена, таа практичност а? Ми иде низ глава сликата како се шетаат луѓе низ чаршија, кој по работа, кој по задоволство, кој зошто мора, кој зошто сака. Гледаш мали гестови измеѓу луѓе ама живот значат. Има сонце, убаво сонце, ама и да го нема има топлина!

https://www.youtube.com/watch?v=ya1W4Cm_KZY

Мастика! Супер за играње и да се смееш на текстот. Да ми скидеш са неба све звезде, родичу ти деветоро деце!!!(владин проект?!) Ми текна на другарот прееска што го спомнав, што не го имам запознаено, а имаме толку заедничко. И јако ке си пројдевме, јебига.

Иде солото, од 1:20 натака, ова колку е свадбарско тоа е ненормална работа. Онакво оро брзо, кај што секој се движи кај му прдне, некоја вујна вришти од среќа, некој чичко мафта со салфетка делумно исфлекана, некој тип земал похован кашкавал и ордевери и им влегол безкомпромисно, некој 40 годишен гастарбајтер го довикува претходниот да стане да игра, кумот незнае во која димензија е, 3 - 4 солидно загрижени тетки фатени у сред менопауза го бараат таткото на некоја од нив кој има проблеми со шеќерот а му спискал на домашното вино као да нема утре, рандом баба со цветен парфем и фустан со цветни апликации ги тресе свадбарките, не се знае кој пие кој плаќа! Додуша се знае, многу пијат, малку плаќаат.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
114
Поени од реакции
139
Драга и пцуењето во италијанскава фирма не е веќе тоа што беше. До пред некој ден си пцуев и немав гајле пошто нели никој не разбира.:icon_lol: И одеднаш ми доаѓа една колешка и ми збори на српски :facepalm: и ми стана едно незгодно у пм.
Иначе колешката со месеци си седи на 5 метри од мене и ме слуша како пцуам и си ќути. Е сега веќе пцуењето нема да биде исто, мора да се воздржувам у пм.
И како да се справам со нервозата сега ај кажи ми??
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Драга,

После лотото со седум бројки, испадна ново лото со пет, кај и да е ќе испадне и лото со шест бројки, нема кај да бега, конечно ќе можам да си ги играм Lost броевите "4, 8, 15, 16, 23, 42". :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom