Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
чуден феномен е мајка ми, да ја потпрам на ѕид ќе спие цел ден, ич нема мака :)

другар ми го остави мониторот кај мене дома и сеа си симнав true detective 1080p и си пукам си крцкам :D
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Здраво.

Онтопик мислење: Здраво, голема неправда ми се задеси пред точно една недела, у најлош момент од мојата кариера изедов бан.. незаслужен. Управа напоље!!!!! Чао.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
А знам тука беше патот.Се враќам назад и пробувам по еден друг пат.Пак исто.
Се осеќав како да сум во амазонската прашума.Сега по трет пат пробувам,се враќам од почеток, и барам пат до Кривината на Треска,не ми се верува - нема.А Кривината На Треска знам тука е пред нос.Возам до влезот за езерото и вртам лево,и повторно заглавувам во „Прашума“.Спорав и излегов да погледам,од височинката ја гледам,Кривината на Треска за жал недостапна - и празна. До каде ли стасавме,едно „култно“ место на скопјани сме го изгубиле.Ја губиме ли Македонија. Потоа влегов во кругот на езерото (направено и од мој и ваши пари ) Ако се сеќава некој на Катлановско блато кое одамна го изгубивме,е на тоа ми заличи.Но сепак на неколку места имаше капачи со „ѕиври“ иако уште на влезот пишуваше-Забрането капење.Но за тие не.Сме го изгубиле и езерото.(и Македонија) Женами ме потсети на некој многу дамнешни убави времиња,кој сме ги тука поминале на ова езеро.
Но некаде мора да се оди сме тргнале и денот треба да се потроши,(а и внуциве се нестрпливи).
Продолжувам за Матка,кога сум веќе тука.Доле под нашиот манастир,се спуштам на реката Треска и си барам место каде да се сместиме.Иако е веќе накај пладне.А и тоа место можда е само ничијо или државно,но сепак пред православен манастир.Од почеток до крај на таа ширинка,се распослале пак оние со долги гаќи.Онде килимче,понатака пак,па некој влечки или шише или корки од лубеница,но некако се пикнав до водата колку да седнеме иако до нас имаше еден голем куп ѓубре.
А тие богами„ѕиврашите“ се по пет деца,и се знае врлање камчиња преку нас и слични полоши работи,затоа што сум на нивно.Сме го изгубиле и овој дел на Треска. Ја губиме ли МАкедонија.
Гледам дека тука не ја бива,еден од тие со големи заби го пикнал до пола црниот гољв во вода и си го мие,на те нане иако само нивни деца имаше во ладната вода.А уште еден германец не смета.
Решавам,пакујте се одиме на Матка.Опа зонско,и тоа секојдневно 7 дена.А наоколу само тие .
Дури и неколку семкари на патот за Матка.Знам за лична карта морам да носам,ама телефон не мора,(по устав уште не влегол во обавеза) па затоа продолжувам со кола до над централата. Потоа по кривините козји пешки.До Св. Андреа има само две клупи.На едната етеги пак тие,овојпат со пете деца,но и повојче на кое булата му го менува памперсот и го врла под клупа. До душа и нема корпа на тоа место,една понатаму е со ланското ѓубре полна.Инаку одат како чопор,нема шанси да се разминеш со нив необележан. Ја губиме ли и Матка-а и Македонија. Се вратив сепак жив,успеав а бев на нечија Треска и Матка.Деца од утре пак на нашите места.
-----------------------------------------------------------------------------
Кликни за повеќе...
Алал да ти е за постов, Анчо! Озбилно. Ептен јако ме уфура у ретро филм. Можам у живот да се кладам дека нема поише од 5-6 души шо до крај разбираат за шо распрааш у постов. Због генерациски разлози, јасно.

Иначе, да ти ја освежам меморијата, кривината технички се викаше „Глумовска кривина“ -- поради блиското село Глумово, нали. Татко ми, као стар Скопјанец, научил да плива на Вардар, уште пред ратот (оној од 1941) кога Вардар бил бистар и коа кленои имало као плева. И коа имало градски плажи. Ја као копиљ научив да пливам на Кривина. Као пола Скопје. На викенди, уз скара и со млатење као манијак по брзаците на Треска. Јебига, т'нка речна вода, бара интензивна моторика. Езерото „Треска“ бајаги отпосле се напраи. И му ебаа мајката.

Се сеќаам и тоа многу живо и на „ѕиврашите“. Со завратени ѕиври до изнад колена, неухранети и со неандерталски манири. Ама се сменија времињата друже. Ѕиврашите напраија парица, купија саглам купаќи, окрљавија уши. Ѕивра лесно се пресоблака, али неандерталскиот менталитет е жилава работа.
-----------------------------------
пред малку му ставив на Тапетарот Петар, „Ми се допаѓа“ за овој негов одговор.
тогаш се уште не сум знаел како треба,ме бунеше тоа што веднаш се јавува - Не ми се допаѓа
Петар извини,што доцнам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам кој е побудала, дали оној што се заебава со цел форум за кафе од гомна или тие што реплицираат на темата.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Ова морам да го споделам.

Имам земено кола на лизинг, и стигнав на две рати да ја откупам. Денес се јавив во лизингот, инаку се работи за Еуролизинг на масонот Трифунчо, да ми кажат уште колку пари треба да доплатам. Една рата беше точно 11900 денари. Ми се јави некоја девојка и почна да набројува. Вака одат ставките:

400 евра за двете останати рати.
240 евра затезни камати, бидејќи често се доцнеше со ратите.
30 евра за некои глупости.

И сега доаѓа бисерот на деценијата.

10300 денари за испратени опомени !!!!

Девојката мртва ладна ми кажа дека ми испратиле 21 опомена, од кои првата коштала 300 (триста) денари, а секоја следна по 500 денари. 20*500=10000 + 1*300= 300, вкупно 10300 денари.

Јас разбирам дека ова е луда држава, разбирам дека нема ред и закон, но ова навистина ме извади од такт. За неупатените, опомената се состои од писмо кое сигурно не кошта повеќе од 10 денари.

Ако слушнете дека некој влегол со бомба во Еуролизинг, да знаете дека тоа бев јас. Ако не слушнете за такво нешто, се надевам дека оној кој ќе ги земе тие 10300 денари ќе си ги употреби за лек за рак.
 
Последно уредено:

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.857
Поени од реакции
10.697
Добро бе дали сум нормален? Од кога почнав да одам на возачки часови цело време по знаците на улиците гледам. :D Туку вечер е големото финале на СП, веќе мое 4 како навивам за Германија и се надевам конечно ќе се израдувам на титула. Само да кажам имам кладба дека ако освојат Германците утре ќе истрчам 20 круга на стадион (8 км). До сега најмногу имам истрчано 18 и еве ми повод да си ја подобрам дистанцата.
Да не испадне дека само на муабет било, иако времето е прилично слабо.
uploadfromtaptalk1405462066095.jpg
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Кајг
Го банирале пфф,па јас да сум со такво педерско име,самиот ќе се банирам и не ќе чекам тие да ме банирет.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Бог ги чува добрите луѓе!

- Зо ошто тогаш не ги чуваше Тоше Проески, Сена, Џон Ленон, Нејт од Сикс фит андер...?

Он нив ги спаси од овој проклето сјебан Свет!

- Зо ошто тогаш ги уби Хитлер, Милошевиќ,Пол Новелс, Аркан...?

Нив ги казни!

Наравоучение: Како и да се свртиш газот ти е отпозади. Твое е колку (и дали) ќе им дозоволиш да те изпенетрираат.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Чудни е неморални се луѓево,не дека ја сум светец ама некој работи идат до невкусност.Си идеме така нис град со еден другар и уште еден да речам така пријател,и сега поминуваат оние нафураните малолетничи,годиниве не се важни,секако се под 17.Овој се врти и ги манијачи,и сеа све ова до негде ќе беше у ред да немаше он ќерка од 14,15:tapp:.Нека му светне сијаличката дека и неговата се облака исто ко нив,и исто и за неа зборат ко он што збори за девојчињава,мислам стварно бе каде со овој памет.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Да ме плаќаа за трудот, ќе имав јахта во Банда море досеа.
Или не ви се свиѓа морето пошо немате чуено за него, а?

Или повеќе го преферирате Борнео наместо Калимантан, а?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... луѓето што ги прават заебанциите за Саша Матич се делат на неколку категории, али секој од нив си има едно психичко пореметување. А еве ги истите:

1. "Тврдоглав идеалист" - Овој е толку зацепан у неговиот музички идеал и тоа дека музиката која ја праи Саша Матич е "штетна" за општеството, па сака да ги праи заебанциите од причина "така му треба коа е шабан". Гомно за кое нема оправдување и за кој не ми се збори.
2. "Комплекс на изживување врз послабите од него" - Ваквиот како мал бил она подебелкото детенце кое имало некоја голема слабост, фрустрацијата дека дома неговите се дерат еден на друг, татко му ја тепа мајка му, па фрустрацијата ја лечи преку силеџиско однесување кон послабото дете од класот, мавајќи му заушки и јадејќи му ја ужината, или пак рога мачки и гмечи гуштери пошто не можат да му вратат. Само у случајов чувствува олеснување пошто знае дека личноста за која ги праи шегите не може да дознае за тоа (односно не може да му врати на ист начин), што го поткрепува фактот дека го прави тоа од горенаведениот комлекс. Малце да му р'жнеш одма ќе го свитка опашот.
3. Човекот кој уствари не ни размислува какви шеги праи, дека се исмејува врз некој кого природата го дала со физички недостаток и не сфаќа дека ова би било исто како да се смееш врз дете со ментална заостанатост, или пак без некој екстремитет. Жално е што до толку е паднато општеството, да ги согледуваш овие ствари земајќи ги здраво за готово само пошто други го прават истото на интернетот, а да не сфаќаш дека уствари се однесуваш нехумано и неморално, не сфаќајки дека тоа што човекот не гледа е уствари жално, а не смешно . Али ако поштуваш црн хумор, who am I to judge? (иако се сомневам дека оваа група ги смета заебанциите за таков хумор)

Се пронајде у категорииве?



Dao bih joj srce svoje
neka ima srca dva
samo kada njoj je dobro
onda dobro sam i ja

Al' joj ne bih dao oci
isti tad bi bili mi
videla ni ona ne bi
kada ljubav zakasni.



П.с: Колаче за првиот што ќе напраи некоја анегдота, секако проследена со "хумористична" слика за мојов пост, само за да се стекне со лајкови и да го придобие општото мислење (и секако да рече "добив колаче?")
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.897
Поени од реакции
21.860
Oнтопик
Драа
Кд не би постојала помаранџа како овошје,ја незнам како би се викала помаранџеста боја, например мандаринска или евентуално кајганска : D
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Конечно некој допре до сржта на проблемот ( еден од многуте, ама, според мене, најважен ) во државава.
Се јавува една девојка на ТВ, кажува дека има 9.8 просек на факс и дека со дипломата и просекот
може да се слика. Се што има добиено од нејзиниот факултетски успех е искривена кичма од учење со саати.
Девојчето апелираше до сите родители да не ги тераат децата да учат ако не им се учи и да се помират со фактот дека некого, едноставно, не го бива за учење и е добар за нешто друго!
Затоа што, нели, кај нас ако си без факултет те гледаат со сожалување, и како нешто да не е во ред со тебе.
Да ти кажам Кајги, јас и симнувам капа. И посакувам да не се кае што толкумногу учела, затоа што еден ден нешто од тоа ќе и се најде. И сосема се сложувам со неа за оној дел со родителите и нивните амбиции за децата.
Еве, ветувам дека ако син ми сака да стане нешто за што нема да му треба факултет јас сосема ќе го поддржам во тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom