ДК
Бев вчера Скопје да поднесам документи за сестра ми за во студентски и конечно го доживеав пеколо на земјата. Шо е она бе,ми се чинеше асвалтот под нозе ќе испари. И многу некако изменето Скопје,до пред две години ко студирав не беше онаков.Изгледа со тој проекто 2014та ептен биле сериозни,градат и кај шо треба и кај шо не треба (претежно кај шо не треба).Нејсе,друг ми е муабето. Е на враќање на железничка дури го чекавме возо,си врвеше едно ѓупче (ромче де) околу народо и питаше, а во раката држеше најлон и лепак. И се најде еден идиот,почна да го ремети ко синкир детенцево од ќеф шмрка,а не колку толку да се почуствува убаво или да заборај на гладот.Па уште и ретардирано му вика.Ај ова ретардирано,ами тој со цигарата в уста паметен? Не знајш Кајги колку сакав да појдам и да му речам и тој да земи еден најлон на глава,па да се натпреваруват двајцата кој попрво ќе умри од грозна смрт,дали детето со лепакот или овај со цигарата. Ама не појдов. Пошто немав balls да појдам. А знам дека порано имав.Изгледа ги заборајв Битола сабајлето ко тргнав да ги поднесам документите на сестра ми.