Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Ме нема цел месец... Што да правам, компјутерот ми е тапа.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Кајгано,
Си го гледаме крајот уште еднаш нели? Ама овој пат треба да е засекогаш. Еднаш да излижеш кај што ќе потплукнеш - можеби е во ред донекаде, ама два пати - не чини два пати.
Знаеш... лошо е кога не ти е возвратена љубовта. Не дека нешто посебно ми значи тоа денес, но навистина сум вложила во тебе. Можеби и повеќе од сите -18 годишни во моментов заедно. Но, не ми е криво за тоа. Криво ми е што не те чувствувам повеќе за блиска. А верувај ми - се потрудив. Во име на старите добри денови се потрудив. На кратко ни се врати магијата што ја имавме, но како да немаше на што да се задржи и исчезна. Не ти чини возвраќањето, не е до мене.
Уствари, не е ни до тебе. Пак оној излитен муабет следи тука... до луѓето е. Оние со кои си се почитувал, а денес се качиле над тебе на замислени скали и гордо го очекуваат истото, но не знаат повеќе како да го возвратат.
Да бев некое детиште кое појма нема од животов и на кое секој збор му вреди помалку од последниот дим кога си препушен, можеби ќе реагирав поинаку. Но за среќа, далеку сум од тоа и секако имам разбирање дури и за неразбирливите постапки на луѓето. Сум доживеала едноставно и пострашни работи, па нема ваљда од ова да умрам.:icon_lol:
А за тоа што сум доживеала... па има работи кои сум ти ги кажала тебе, има работи кои сум ги кажала на сите и има работи кои сум ги кажала на одредени, наводно поблиски лица. Наводно поблиските лица, кои во некој идеален свет не би требало било како непристојно да ти се обратат. Барем јас играм така секогаш, но треба да научам и дека не треба од сите истата игра да ја очекувам.
Планирав да се распишам многу, но сега веќе ми нема поента тој план. Кај ли ја изгубив за 5 минути?:confused:
Како и да е... важно, јас почнав да одам на плажа, иако летово е веќе при крај. А апсолутно неважно е дали ќе те посетам пак.
Остани ми добра и со добри луѓе. :pipi:
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
некогаш ќе и кажам се...
А до тогаш ќе го чекам вистинскиот момент. Се надевам нема да биде предоцна.
И така Драга, некој ќе иде на концерт на Linkin park и Incubus, а некој ќе седи у МК и ќе си замислува дека ќе иде... некогаш. :noze: Ама така е кога не можам да се одлучам што ќе правам со местово на живеење. :confused:
И само да потсетам :

Сеуште можете да донирате на телефоните за донација, за помош на малата Ева:
070/143-191(Т-мобиле)
077/143-402 (ВИП)
075/143-161 (Оне)

Поздрав, еве ти една:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Кајгано,
Си го гледаме крајот уште еднаш нели? Ама овој пат треба да е засекогаш. Еднаш да излижеш кај што ќе потплукнеш - можеби е во ред донекаде, ама два пати - не чини два пати.
Знаеш... лошо е кога не ти е возвратена љубовта. Не дека нешто посебно ми значи тоа денес, но навистина сум вложила во тебе. Можеби и повеќе од сите -18 годишни во моментов заедно. Но, не ми е криво за тоа. Криво ми е што не те чувствувам повеќе за блиска. А верувај ми - се потрудив. Во име на старите добри денови се потрудив. На кратко ни се врати магијата што ја имавме, но како да немаше на што да се задржи и исчезна. Не ти чини возвраќањето, не е до мене.
Уствари, не е ни до тебе. Пак оној излитен муабет следи тука... до луѓето е. Оние со кои си се почитувал, а денес се качиле над тебе на замислени скали и гордо го очекуваат истото, но не знаат повеќе како да го возвратат.
Да бев некое детиште кое појма нема од животов и на кое секој збор му вреди помалку од последниот дим кога си препушен, можеби ќе реагирав поинаку. Но за среќа, далеку сум од тоа и секако имам разбирање дури и за неразбирливите постапки на луѓето. Сум доживеала едноставно и пострашни работи, па нема ваљда од ова да умрам.:icon_lol:
А за тоа што сум доживеала... па има работи кои сум ти ги кажала тебе, има работи кои сум ги кажала на сите и има работи кои сум ги кажала на одредени, наводно поблиски лица. Наводно поблиските лица, кои во некој идеален свет не би требало било како непристојно да ти се обратат. Барем јас играм така секогаш, но треба да научам и дека не треба од сите истата игра да ја очекувам.
Планирав да се распишам многу, но сега веќе ми нема поента тој план. Кај ли ја изгубив за 5 минути?:confused:
Како и да е... важно, јас почнав да одам на плажа, иако летово е веќе при крај. А апсолутно неважно е дали ќе те посетам пак.
Остани ми добра и со добри луѓе. :pipi:
АКо некогаш ме има натерано да не го посетувам форумов на неодреден временски рок и бидам исклучен од дискусија на истиот, тоа е поради превагнување на нечовечноста и немањето на никакви скрупули во поглед на дискутирање. Истото важи и за бидувањето на експерт во секоја смисла и покрај доволно немањето на лично искуство како и компетентноста на база на омаловажување. Сметам дека го правиш вистинскиот чекор, поради осознавање дека има живот и надвор од ова виртуелно катче.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Драга Кајгуш

Ми се идеше на пиво, со друштво, па ги разорганизирав дузина души што не се знаат меѓу себе, на пиво, и одеднаш добивам time out од тебе. Некој мрчеше дека правам муабет со колешкиве твои, и ете, казнет. Нели не се фер?

But Кајг, дарлинг, мислеа дека тоа ќе ме спречи? Абе и баниран организирав и одржав во твое име собиранка! LIKE A BOSS!


А модераторите сега можат да бркаат работа :cool:


И ... то.

Биди ми поздравена.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Дупење

http://news-bar.hr/news/lingvisti-slozni-hrvati-i-srbi-govore-istim-jezikom-makedonskim/

Ја читам пародијава и не можам да сфатам, дали ова е обид на Хрватите за наше тунелско или сржно дупење?Многу бе некако им тргна со дупењево?

Пред некојa година беше ова:

" Во заливот Стончица, некој или некои, на три автомобили со словенечки регистарски таблички со нож им ги исекле гумите."

И не ме толку накурчија Хрватите колку шо се спопалија нашиве.:facepalm:

Со посвета за обете страни, еден текст за дупењето од еден опасен блогер кој постои под името автостопер или блогот му е така ( небитно). Еве го:

Дупење е одредена, навидум нејасна активност.а се дели на:

1. Дупење во ребра.
2. Дупење у здрав мозок.
3. Дупење неприметно.
4. Дупење масовно.

5.можеби има и други видови дупења но овие се најважни.
Актерите на оваа активност се нарекуват АКТИВЕН
УЧЕСНИК и ПАСИВЕН/и УЧЕСНИК/ци во понатамошен текст ДУПАЧ и ДУПЕН/и.

1. Дупење во ребра е кога Дупениот знае дека е дупен ама на дупачот не му замера од две причини или го смета за многу добар пријател или нешо му должи од порано.

2.Дупење у здрав мозок е кога Дупениот го мрази Дупачот и пробува да избегнува колку што е можно повеќе, а кога не може да избегне, тогаш Дупeниот не прави никакви движења, да не ужива превише Дупачот во дотичното дејствие.

3.Дупење неприметно е дупење, кога Дупениот чувствува дека нешо не е вред со негова задница а никако да го види Дупачот и кога ќе реши да му се довери некому, за да му помогне во разјаснувањето на неговите сомнежи , во принцип се доверува до неприметниот Дупач, кој ова го користи како прилика за уште поефикасно неприметно дупење.

4. Масовно дупење е дупење на доброволна база, кога Дупените ја избираат персоната во ликот на Дупачот, кој ќе ги дупи нареден период, додека не дојде време за избор на нов Дупач. Во овој вид на дупењето Дупачот ја користи тактиката на дупење неприметно, и повторен негов реизбор зависи од умешноста за примена на неприметното дупење.

ЗАБЛУДИ:

Дупениот секогаш живее во мисла дека еден ден и тој ќе биде Дупач.

Дупачот, секогаш живее во илузии, дека не постои шанса да биде Дупен , оти толку го заслепило дупењето, што мисли дека е најголем дупач на светот.

и то.

А ова мора да го споменам:

ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА ОТВОРИТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА GOOGLE TRANSLATE И НА МЕСТОTO КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРЕВЕДE ТЕКСТOT НАПИШЕТЕ WORLD OF THE MOTHER, А ЗА ВО ПРЕВОД СТАВЕТЕ ГО ЈАЗИКОТ ХИНДИ, ПРЕВЕДЕТЕ ГО ТОА И НИКАКО НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО ГЛАСОВНО СЛУШНЕТЕ ПРЕВОДОТ! Mām̐ kī duniyā Е РЕЗУЛТАТОТ КОЈ КЕ ГО ДОБИЕТЕ ПОД ГРАФАТА ЗА ПРЕВОД И ДА СФАТИТЕ ДЕКА WORLD OF THE MOTHER НА ХИНДИ ЗНАЧИ MACEDONIA!

http://translate.google.mk/?hl=mk&tab=wT#en/hi/world of mother

Е не, е не!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Потреба да се биде различен, поинаков, несфатен?

21 век е векот во кој допаѓањето го изгуби своето значење (дел од таа заслуга ја има фамозниот "like" на фејсбук), но не, не зборам за тоа, зборам за она дека допаѓањето суштински го изгуби своето значење (не само на онаа слика која лицемерно ќе ти ја „лајкне“ таканаречен пријател и ќе ти напише, супер си, mwa топ, kiss итн. итн.). Ние престанавме вистински да си се допаѓаме еден на друг затоа што правиме сè за да им се допаднеме на другите, а толку малку за да си се допаднеме себеси. На интернет пишуваме работи спротивни од она што го мислиме чисто како провокација па онака „из љубав“ да ни „удрат еден лајк“. Заробеници на лајк. Ебати апсурдот, слободни сме, различни сме, а заробеници на едно глупаво копче со кое другите ни докажуваат колку сме убави и паметни (златни тие на мама).

Сакаме да сме поинакви од масата и џганот, а лицемерно се држиме до нив. Зборуваме како нештата треба да се променат, а не можеме самите да се промениме, не можеме да се ослободиме од нашите стравови и се прилепуваме до нив, потоа компромисно се обидуваме да се оправдаме. Па дури утопистички веруваме дека имаме некакво право на избор. Каков црн избор? Сите сакаме да сме единствени, уникатни, лидери, најпаметни и бидејќи никогаш никому не му се понижуваме ниту потценуваме немаме вистински ЛИДЕР за протести, немаме човек кој ќе каже каде треба да се оди и што да се прави. Затоа што ние сме тешки индивидуални интелектуалци и немаме потреба од тоа. А без лидерот сме множество безглави овци. Според сопствената волја секој оди каде сака, прави што сака. Анархија? Безредие, хаос. Хаос, што би рекла Покојна Милева.

Хипстерска идеологија што е само начин да кажеме колку ни смета мејнстримот и колку ние сме вистински уметници. И педерски облечени машки кои тој термин го дефинираат како - невообичаен стил за посилниот пол. Онака, ептен сме невообичаени, баш уметници, креативци. Абе алал да ни е. Просто да ни позавидат. Не ги восхитивме, ами ги превосхитивме тастатурите.

Ние знаеме сè без ниту една прочитана книга. Зошто ни е да ги читаме класичните автори и кој фактор се они да ни кажат нешто? Ние го измисливме светот, пред нас немаше други луѓе, ние сега најдобро живееме и сè си знаеме. Знаеш ко онаа на К15, како дишеле луѓето пред да го измислат кислородот?
Го извештачивме светот толку многу што го свртевме наопаку, не им дозволуваме на нештата да се движат по природниот тек, ние мораме секаде да интервенираме, да покажеме колку сме поинакви, паметни.

Дури не им дозволуваме ни на животните да бидат она за коешто првично се наменети, замисли Кеј, првичната намена - да му служат на човекот. Барем така ме учеа уште во второ одделение, ама шо знаат тие?
Протестираме против нивното мачење во циркус. Лицемерие од краен степен. Зошто не протестирате против селанецот што се качува во шума и бере дрва па го тера кутрото магаре да му ги носи до дома за да може тој после да се грее? Каков злобен човек, го тортурира магаренцето. За греота.

Поздрав и мир во светот!

Топ си, еј Кајгано. :D
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Кајганоска.
Колку гупав ден...ама оваа поголемата половина од денот ми помина во разгледување на темата за мистериозниот пакет стар 100 години. Искрејно очекував нешто битно, некој документи кој ќе откријат една сторија за преварите направени во тоа време... или можеби некое ремек дело кое ќе има сега милионска вредност... а тој ултимејт трол- сите ги испозаеба, дури и мене. А уште поепик беа тоа фестивалите и церемониите што му ги правеа на пакетот.:facepalm: Повеќе вакви мистериозни работи нема да не занимаат... барем не до на зима.;)
Иначе ново... си купив телефон од вип, и не можам да му ја ставам картичката од ван...а никако не можам ни да го декодирам , џабе 3 дена се мачиме со еден другар... изгледа ќе го менам бројот, или ќе носам 2 телефони како овие квази бизнисмените/дипломатите/преварантите и друго... а уште шо е поинтересно и 2та телефони се самсунг:icon_lol:- шема сум бе, нема шо.:D Ко ке ми рече некој дај број, ќе му речам : од ван или од вип, кој сакаш? Али немат врска кој ќе ти го дам, и двата се самсунг:D
И нешто да ти речам овој линк не го отварај наредниве 500 години зошто и после тоа време ќе биде сензација барем во Македонија- ак сакаш да се кладиме, а?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
Вечерва планот ми е - диско. Feel free to join in

Си ги наместив звучниците, спремни ми се за утре отсабајле. Они мене мешалица за бетон, јас нив Kleine Taschenlampe brenn. :sneaky:
 
H

HITCH

Гостин
Што би рекол Јане:

,,Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!" Тенк ју вери мац.

Драга, кога би ги научила чекорите би било совршено. Да не се разбереме погрешно, не дека трчањето `ко прле пред магаре е досадно, само треба малку осет да се има.

Главата ме боли. :place:

.!.
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
My dearest, не знам како можеа да ни го направат тоа денеска. Многу мразам такви луѓе..Ама уште повеќе ги мразам оние кои секогаш се првите штрумф текнувала, оние на кои секогаш одма им текнува нешто што на никој друг не би му текнало. Woow каква интелигенција, другите сите се глупи. Ohhh...:facepalm:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Кајги во последно време ослабнев ептен многу..со мислењава, излеа не ми се погодуваат баш темиве :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom