Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

smexy

Гостин
Драга Кајгана, во име на „наводна“ зрелост и во светло на скорешни настани...
Збор-два, на тема на која би сакал да зборувам со денови но ситуацијата е поставена така па немам којзнае колку време. А ни место.
А и не сум љубител на огромни есеи кои на прв поглед наликуваат на зборник на синоними.
Темата е индивидуалноста и сите нејзини мутагенези.
Забавни се, оние кутри мали хрчки кои упорно бладаат за нивната уникатност, нивниот единствен начин на битисување.
Грешни души, позаблудени од простиот малограѓанин кој пре само десетина минути го исмеваа и го китеа со погрдни епитети кои двојно повеќе би им одговарале ним самите.
Слуги на левата хемисфера, очајни патници во потрага по афирмација на сопствената квази-интелектуалност која самите тие ја перцепираат како позитивна карактеристика
на сопственото битие.
Можеби звучам претенциозно, дури можеби и арогантно.
Верувам дека поседувам одредена грамажа горделивост и вообразеност во стомакот.
Можеби малку повеќе одошто е препорачливо, па затоа сега малку и ми е подуен.
Но, постојат и едни кои во себе го гледаат новиот месија.
Нивната потисната игнорантност во нивните глави полека родила желба и идеја за промовирање на сопствената некомпетентност во форма на псеудо мед и млеко реченици низ кои од време на време можат да се забележат ефтини жилети за бричење, малку зарѓани од претерана употреба.
Истите жилети со кои тие утре ќе си ги сечат сопствените вени додека од носот веќе им се лие крв помешана со дневната доза кокаин.
Комично е, но истовремено и тажно како ваквите се токму оние кои се издигаат на пиедесталот како изградени индивидуи, посебни личности, ракотворби на сопствените убедувања.
Комично е, бидејќи истите се обична екстензија и бледа копија на оние на кои потајно им се поклонуваат.
Истите оние чиишто белосветски зборови ви предизвикуваат верижни оргазми и ве поттикнуваат на ментална мастурбација, всушност не се ништо повеќе од абибос, или пумо, или наке.
Навистина, да бев барем пет проценти убеден во нивните ДМТ приказни, глупештини пофантастични од стариот и новиот Завет воедно, можеби ќе размислев дали би го признал оној минијатурен труд вложен во ваквиот развој на сопствената личност.
Да не се давев во ова море од медиокритет, да не бев до нос во нивните гомна, можеби ќе ја подотворев устата во нивна одбрана.
Вака...тешко.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ДК, одамна се немаме видено, но и немаше потреба.

Овој пат, сакав да се заблагодарам што уште едно отворено прашање веќе стана затворено.

Ако работите се случуваат со причина, тогаш благодарам што се случија онака за да дознаат каков е статусот на луѓето околу мене.

Специфично, таа една личност кон која сум имал отворени прашања, благодарам што дознав дека веќе ги немам, т.е. дека се затворени.

Ете, не ни знаев дека сум имал отворени прашања.

Интерес, акција и реакција. Ништо друго. Сè е логично, сè е нормално.

Само сакав да запишам, за да не отиде неискажано, за да се остави белешка за прашањето што никогаш не се отвори и никој никогаш не знаел дека можело да се отвори. Дури ни јас, до сега.

Данок на незнаење? Можеби. Нејсе - животот е скап, како и да го вртиш.

Пријатна вечер.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Драка Кајгана

Неможам ни да ги мрдам прстиве од што ми се смрзнати...
Бтв пред тешка одлука сум : Дали да гледам Star Wars или Friends?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ДК...петок е....баткине пуштиле плата...се мислам само дали да ја потрошам одма или за викендов
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Претпоставувам допрва иде тежината на животот. Којзнае што ме чека. Ќе биде крваво од оваа зима до крајот на мојот живот, ќе биде крваво... Шо ти значи да ти се преврти животот за 180 степени....

П.С. Дали мислиш дека некогаш и текнува на мене и што направи? Индиректно ме осуди на смрт... ми ја упропасти иднината. Ако преживеам би требало од мене да излезе карпа чоек а? Е па бар така иам слушано по ова англискиве филмови и песни... Ах кога би имал со кого да го споделам товаров, мене многу ми тежи. Сам го носам ама ќутам пред сите. Се праам среќен и безгрижен.
 
B

Black Guard

Гостин
Ај сега да ги слушам предавањата по квантна механика TTC Quantum Mechanics.
 
I

Intex

Гостин
Ми кажа дека сум бил разубавен, а јас постојано мислам дека сум најубав. Ќе набијам комплекси да му ебам мајката.
 

Amelie

Intelligence is sexy!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
20
Драга Кајгана,

Колку и да ми е убаво во Големиот град, колку и да ми е исполнето времето, колку и да е целиот мој живот свртен за 180 степени,
само дома си е дома.
Ми треба време да поминам дома и да ги наполнам батериите, пред пак да се вратам во гужвата и хаосот, во кој, сепак, уживам.
Тоа ти е, некои луѓе сакаат море и плажа, некои сакаат планини и езера, а јас сакам гужви, вреви, двокатни автобуси, високи згради и разни нешта!

Колку сум противречна во постов, само ај.:D Немам време за големи филозофии и Шекспировски мисли.
Морам да одам да направам нешто многу важно. :D
Како на пример, да одам на фамилијарен ручек. Па, јас, така убава на баба, да си лапнам троа нешто.

Многу ме исуши Голем граду, многу! :tapp:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Драга

Не знам што ми е деновиве. Сакам да ја видам мојата писателка...и тоа горам од желба да ја видам. Но во исто време не сакам да се видиме. Не знам што ми е. Ја сакам, ни таа не е свесна колку. По цел ден мислите ми се кај неа. Пред некој ден беше многу болна и отидов со другар ми кај неа. Гледавме филм со сестра и` и другар ми, а таа спиеше со зголемена телесна температура. Срцево ми се распарчува кога ќе помислам на тој ден. Таа така стуткана, болна...заспана...
Прегеска седев во кујната и се загледав надвор во дрвјата и се заборавив. Скроз се изолирав од светов. Ги гледав дрвјата и почнаа моите халуцинации. Прекрасна приказна. Девојченце кое се симнува на Земјата од некаде и почнува да ја разгледува. Се` е толку прекрасно и убаво. Шуми, рекички, животинки, инсекти...милина. Но одненадеж открива нешто страшно. Не успева да открие што е, затоа што е прободена од нешто што наликува на човек со изобличени делови од телото. Девојченцето бега од таму и се крие во шумата во која беше претходно. Ова е кратка верзија. Подолгата ќе ја доработам кога ќе се вратам дома, кога ќе можам да ја отсвирам.

Патем, за да се` биде уште полошо за мене, се видов и со мојата Елиза.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom