Драга Кајгана,
Колку и да ми е убаво во Големиот град, колку и да ми е исполнето времето, колку и да е целиот мој живот свртен за 180 степени,
само дома си е дома.
Ми треба време да поминам дома и да ги наполнам батериите, пред пак да се вратам во гужвата и хаосот, во кој, сепак, уживам.
Тоа ти е, некои луѓе сакаат море и плажа, некои сакаат планини и езера, а јас сакам гужви, вреви, двокатни автобуси, високи згради и разни нешта!
Колку сум противречна во постов, само ај.

Немам време за големи филозофии и Шекспировски мисли.
Морам да одам да направам нешто многу важно.

Како на пример, да одам на фамилијарен ручек. Па, јас, така убава на баба, да си лапнам троа нешто.
Многу ме исуши Голем граду, многу!
