Драга..
Тишина е. Се што сте граделе со месеци, година, веќе го нема, а зборовите сеуште се одбиваат од мојата глава. Секој ден ја барам смислата на сето што ми го кажа, а не го прикажа, останаа само како порака и ништо повеќе. Веќе немам чувства, присуствувам ко да сум дух, уствари се што правам го правам ради неа, но ништо не ја допира, секој мој акт испарува како утринската магла. Сте тука еден до друг, но еден мал дел не дели. Не сме исти, не сме како сите, па и затоа егото не дели од среќата и спокојот кој и двајцата го бараме. И кога најмалце ќе очекуваш, кога си се откажал, кога веќе си навикнат да живееш од ден за ден, немаш ништо при интерес, ете ја неа пак да те крене од живите, но само за момент. Нејзината несигурност и изгубена доверба во мене прави да не може да се долови и допре она нашето, па остануваме како двајца странци кои се знаат меѓусебно како никој друг. Каков парадокс, а ? Секој нејзин потег го знам, секој нејзин поглед и знае се. А јас никогаш да си простам нема, но кога сакаш си потполно заслепен, за на крајот од љубовта да бидеш заебен. Барав нешто што мислев дека ќе ја скрати болката, но не, само ја зголеми. Го добив сето она што го барав, а сега сакам пак назад. Ако ми даде една шанса, дај ми ја и втората. И тогаш настапува она моето лошото, кога кривицата ја барам во неа. Јас само таму стојам, не се борам, а внатре во мене горам од болка и од она што го гледам. Не можам да сфатам што е, како е, зошто е. Сум никој и ништо без неа, а неа се во ред и е. Ќе ти кажам и тебе драга, дека најискрено не ми се живее веќе, знаеш нема полза од се кога е без неа. И утре што ? Пак ќе бидам со неа, а се е само лице на она што сакам вистина да биде. И после пак круг, каде што само јас патам, се осеќам ко искористен и неможам да ја сфатам. Дали крие се од мене, дали криела, дали сето било лага, што се дешава, на што сме.. Прашалници и ништо друго. Изгубен сум потполно. 24/7 и само едно исто ми се врти во глава, ТАА. Не ни знае колкку малку време со неа би ме направил среќен. Очаен е збор со кој некогаш можев да опишам како се осеќам,а сега е нешто подлабоко од тоа. Мизерно би било да кажам дека сум очаен и дека патам и дека сум западнат во депресија како никогаш досега. Неможам ни да лажам веќе, ни да глумам дека сум во ред, а и се приметва. Секој ден само испрашуван дали сум ок, залудни обиди да го вратат оној што бев, оној што сум, но нема веќе назад. Мора да бидам ваков,кога таков е градот. Кога и хагето не помага драга, само бедно лажење на мозокот кој стана имун и на тоа, боли и кога сум стоун, и кога земам дим и кога сум чист. А добро знаеш дека го правам тоа само за на момент да не мислам на неа. Ти пишувам и тебе за да не мислам на неа. Ова време бевме излезени, заедно по град, а сега под ќебе како пичка плачам место да превземам нешто. Али јебеш се то, мацки во куќа не и требам јас.
Асфалтот на животот има две лица, како и се она околу нас. Дали и таа е таква, дволична, но не. Сите ноќи и сето време, сета споредба и се што ќе поврзам излегува дека е перфекција,дека направи толку многу за мене, како никој друг што не направил. Премногу затворена личност, да. Но ништо повеќе од тоа. Ништо повеќе од мојот темперамент, избувливост и ладнокрвност.
Со неа или потполно сам. Не ми треба никој друг. Улицата е мојата драга, каде се вклопувам во сивилото и црнилото на животот. Два паралелни света кои сепак се сечат и разминуваат еден со друг. Пукната глава и црташ графит брат, пазиш на цајкани и цело време под стрес, а грб ти чуваат луѓе кои се сега твој браќа. Твојот животен сон на јаве, но фали нешто, ја нема неа. Тоа време,баш тој ден, поминавте таму сам со неа, изгледаше улицата мирна и како ништо посебно на неа, а сега тишина скршена со ротациони светла, стегната патика и шпринт низ школски двор, разминувајќи ја клупата каде сте делеле пакета со цигари со неа. Се е успорено, тревките делуваат, 2сек за да се осеќаш во ред, а после тоа спринт за да спасиш врат и да не скратиш џеб.
Истото е секој ден, овој пат сам си бе, ламела 4, спрат 6 и те рока клаустрофобија дур се возиш во лифт. Се отвори врата и светлина од чакмак, оној со лав на него, и на трета скала седнати ти со неа, во темница и се решава цела животна филозофија. Се сеќаваш и на чувството од тогаш, знаеш се што вети, аааааааааа боли кога знаеш дека се се заборави, дека зборот се прекрши.
Секоја прошетка во парк е морничава и болна. Како да не е, кога цело лето поминато таму со неа, на тој споменик, толку убави моменти. А и подоле малце во тревата се надзира празните шишиња со пиво. Забранета зона за мојата душа, а сепак нешто што му треба на срцево.
Викендот е најлош, викенд како денес. Играш баскет во нејзина населба, шутираш на кошот под кој си правевме журка, пиев вода од влезот каде разменувавме книги на скалите. И после тоа не е ништо поарно, нема со кого на журка вечер, нема со кого трака да разменам, нема на кого за косата да се пожалам, досадно место е нетот без неа.
Школото е нова прича из буквара. Некогаш нестпрливо да пристигнам, а сега не ми се ни стапнува. Таа со своето друштво, да баш оние што плукаа по неа, додека јас ја бранев, нив им прости, а мене кога а ? за ова ти зборав.. Јас само стојам таму и ролам со сила, нема ни филм ни бедови, на голем одмор некогаш со неа, сега сам некаде и јас незнам каде. Последни два часа не се издржва, јас му ја летам, а некој друг што не ни заслужва да го плукнам ми ја краде. Кој е крив сега бате...
Би ја напишал и секоја секунда со неа помината, ја памтам, но како и за се во животов, има ли смисла тоа ако го направам ? Нема ништо да смени. И ако и го кажам сето ова, ќе промени ли нешто кај неа ? Да можда на едно 10мин додека го чита, но после кој ме еба, стара приказна сум јас за неа, а ја барам мојата другарка назад, го барам мојот водич назад низ животот, мојот личен его тренер, она што ме држеше на рамното,тебе те барам ... Ако и го кажам сето ова, и уште многу нешта, ќе сменам ли драга нешто ? Кур ќе свиткам, реалист сум не оставам лажно да се надевам.
И ко ќе не сум добар, ќе ролам. И ко ќе ја гледам среќна, ќе се насмевнам оти тоа ми е целата поента на животот. Кога неможам јас, нека биде таа среќна. Ако со друг е среќна, среќен ќе бидам за неа. Нели е тоа вистинската љубов. Јас само ќе живеам од спомени, ќе ги разделам на секоја минута,секунда, за да траат што подолго, за да бидам тука присутен, друго не е битно. И не ми треба ништо, не ни сакам нешто освен неа. Замисли некогаш да го чита ова, незнаејќи дека е за неа. Замисли да и се ‘‘допадне‘‘, да се восхитува дека има некој што сака толку, па дури и го боли. Замисли да се отворам за секој добар момент, па ќе ми треба година за се да опишам. Сети се на старецот, сети се на девојката, сети се на оние двајца хаха, знам дека знаеш. Сети се на секоја забава, сети се концертот, сети се на полноќната авантура во сосем друг град среде месец Март. Знам дека знаеш, но дали ти значи ? Ти ми требаш мене и јас ти требам тебе, памтам се бе. Никој нема да ме замени, епа тука сум само врати се. И цело време да беше лага, не ми е битно, пошо беше нешто најубаво во мојот живот.
-