Хм петок навечер.
А јас дома со чоколадо во уста, кое по некоја случајност се вика Чудо. Бугарска работа. Ама вкусно е.
Бев на Неверство, во ЦК. Катарзично и претенциозно малку. Убаво рече Јуле дека убавината на актерката одвлекува премногу внимание. Е, тоа е тој момент кога премногу не чини.
Нејсе, од никаде нигде после претставата како киднапери ме собраа у кола другачка ми со се нејната фамилија внатре, обрадоснести поради новото бебе во комшилук. Ја пијам газоза и сфатив дека потрошив 30 евра на глупости.
Нема врска, битно си ја поправив ташната и чизмите, си гледав културни настани, утре ќе пијам и се’ ќе ме боли.
Во ПМС сум, и плачам на Вангелис, ми се јаде како коњ, ме болат преднициве и не ме збира пак ниеден прслук. Си мјаукам со љубениот и сакам да одјавам некаде далеку само на еден ден, да си спиеме на облак и да се будиме бушави.
Ех, соништа.
Друго... Нема веќе Маракана.
Е, така.
Нема доволно народ, кубур е во среда. Ќе се најде нешто друго, се надевам.
Во Ла Кафе беше пристојно, позитивно и пивопијско.
Се радувам што постојам, патем.
Инаку, кој ќе те замараше, тебе, виртуелна страницо, во 1ипол во петок?
Некој друг, не јас.
Медс, полна со шеќер.