Драга,
добро ти утро. Проштевај шо не те користам ко виртуелен дневник, рамо за плачење, матична докторка, ѕид за пофалби и поплаки или замислено другарче. Не е до тебе, до мене е. Ко шо и сама мојш да забележиш, отворањето ко пијан лабуд ил буен трендафил на форум никогаш не носело со себе арни работи. Чунки, зли јазици и змии во грмушките ќе имат секојпат, дур имат и неарни во умот да наседвет на слаткоречивост, лажна добрина и шо ќе вервет на збор на туѓинци. Да златна, неарен во умот бев. Цели деветнаесет години. Шо и не се малце, ако имаш во предвид дека ги профуцкав во нервози и живеење во заблуда за вистинските вредности. Ама, да сме живи и здрави сеа, поарно покасно да ти дојт умот, него никогаш. Пред две и кусур недели мислам дека конечно отворив очи за многу работи. Дотоаш носев онакви наочари-ролетни, шема шо се годинава. Мислиш дека се’ е убо и сите се искрени, чесни, умствено урамнотежени и до некоја граница морални, шо и да значеше овај збор.
Ми теквит ко се зачленив на форумов ко да беше пред три и пол години. Море, тогаш ќе да беше. Петнајс и пол годишен, изгубен во свемирот, гагауз по професија и пилиштар во хороскоп. Да ти кажам златна, искрено вака меѓу нас, понекогаш пробвам да замислам каков ќе беше животов мој да не се вдомев овде соси јорган и перниче. Веројатно со Болиглава ќе имавме едно „здраво“ по чаршија, не за нешо друго, пошо мал е Охрид викет, срамота е да не се знајме. Со џимеј ќе играв една партија ФИФА на секој три-четири месеци, ко ќе се начекавме кј Жижи а да немав со кого да играм, па да го исплескав две-три партии и ќе си одевме секој по свој пат за дома. Serpico веројатно ќе го слушав од браќа му негови само, во животов ќе го сретнев пет пати преку сила и толку. Ко ќе се начекавме негде по пат, Боби ќе ми речеше само „К’ј си бе Филипче?“, ќе ми ја разбушавеше косава, ќе ме штипнеше за образ и ќе одеше да бркат пичиња. Lanna веројатно нема да знаев дека постојт воопшто и ќе си умрев мислејќи дека немат суштество на светов чисто ко солза кристална и искрено ко детска љубов во трето одделение, второ полугодие, прва смена. Пчелка и PoolGirl ќе беа само две момичиња шо ни ебаја мајката на билјард мене и на Deswaldos (не дека јас сум слаб, Des е дрво. Се оправдав). И да ги видев уш еднаш немаше да барам билјард да играме, чунки магаре по втор пат не биѓавам. Бар за билјард.
Денеска, овие грст луѓе се мои пријатели, дел од секојдневнието, рутината, животот. Зато, можам само да речам фала му на Господа и на Свети Јон посен шо ме натера некоја виша сила да се зачленам. Другите шо ги сакам и почитувам а не ги спомнав нек не замерет, пошо не ми е целта постов да е поздрави и честитки до кумот и сваќата.
Сепак, ако не кажам и негативни работи по жолтиве страни (или сини, зависит на шо скин работиш дур го читаш постов), нема да е интересен постов. Извини шо ќе ти речам вака златна, не е по твоја кривица, ама ко ќе речам буквално сфе мојт да се најт овдека, да знајш дек е така. Имиња нема да спомвам пошо ми е испод чест за некои да напишам ник. Од ментално пореметени, тешки психо случаи, лицемери џоа на натпревар се кој поголем нож в грб ќе забијат... вакви имаш на тони, за извоз. Промискуитетни курвичиња (да ми простиш на францускиов), некои јавно декларирани, некои (сеуште) латентни и чекет своја шанса да блеснет, на секој чекор. За жал, чунки царот на к’сметите ми е мене к’смет, а се знајт дека царот нишо не работит, морав да сретнам и еден куп луѓе од категориите набројани две реченици поназад. Голема грешка животна ми беше шо дозволив такви сушчества, анимали, гоеда брдски и бандитси да ми влезет во кругот. Сакам да им се заблагодарам на истите. Иако не им е јасно зошо им се заблагодарвам, ниту пак некогаш ќе им е јасно. Едноставно, мозокот не им работит на позитивна бранова должина, па не се разбираме најарно.
Поентата на постов? Само мизерен и очаен обид уште еднаш да им докажам на пријателите шо ги иам овде дека сум тука за нив секогаш, макар и да спастриле чоек во глуво доба. Ко на пример ко му реков на Serpico: „Брат, за шо и да ти требам, кога и да е, барај ме“, а тој ме побара во 4:10 едно сабајле, да ме чуел дал сум арен и дал спијам. Горд сум шо можам да тврдам со сигурност дека истото би го напрајле тие за мене.
А тие, другите... Пробајте да си простите сами пред себе. Да станите сабајле и ко ќе ојте в кенеф по серка, да мојте да се опулите в огледало без јанѕа и грижа на совест да ве јајт. Ко ќе не платите на сиодвење од кафич и ко ќе платите десет денари за весник шо е петнајфче, дома душекот пак да ви е мек ко ќе се оптегните. Од мене простено ви е, прости да шетате по улици, кучиња за партали да ве тргет и матна вода да ве земит.
Затворањето на кругот на пријатели е како дарување крв - факт е дека си посиромашен, макар за момент, но се чувствуваш далеку подобро во душата од претходно. Неописливо чувство, би рекол.
Се заборајв тро... време ми е за првото кафе денес.
Од скоро вразумен, принципиелен, со подобрен вид и стеснат круг на пријатели и познаници,
Ф.