Не сум ти пишал одамна, можеби кога беше верзија број 2, или 5, искрено не знам. Не се ни сеќавам кога последно имав "потреба" да ти напишам нешто посебно. А не дека мора да има нешто посебно, а Богами ни трошка инспирација. Не знам од кај да почнам, обично секогаш за секоја работа совршено добро го имам смислено само крајот.
Ако го погледнам резултатот колку во моментов губам, ќе биде дополнително депримирачки. Општеството 5 - 0 Џими.
Да почнам од денес кога на едно кафе ќе ти спомнат мал милион идиотски филмови, на пример Prince of Persia е многу јак гледај го. Што да го гледам у курац, не е ни на уба снимка излезен ни имам кејф да гледам нешто акционо. Или кога ќе ти речат "брат кажи некој јак акција нов да е". Која акција да ја кажам кога врска немам од ниеден нов акционен филм, не затоа што сум идиот, туку затоа што тој фазон филмови поминува во одреден период од твојот живот и твое е да еволуираш во друга етапа. Исто како што на секое се препорачува The Hangover и поочигледен филм не може да се спомене, исто ко јас да му речам некому "брат гледај го Титаник" а Титаник го немаат гледано само тие што глумеле во него затоа што тие го доживеале филмот.
Од друга страна, вчера го скршив мразот за плажа оваа година и морам да признам дека оваа година најкасно го сторив тоа. Минатите години памтам веќе во мај се капевме, а сега тек на 8ми јуни. Утре одам пак, ама на друга плажа за после 5 сатот ко ќе се скрие сонцето да можиме да поиграме на кошон Гранит.
Ама како можам да уживам на плажа, кога во меѓувреме сум оптеретен со разно разни глупости за кои е виновно опкружувањето. Очигледно денес не се знае кој јаде а кој пие, па многу вредности се изместени.
Се уклучувам на Фејсбук (а кога сум нервозен обавезно бришам некого) и гледам некој ја постирал Вештер од Врчак, па бев веќе спремен воодушевен да го избришам, кога гледам брачед ми ја постирал песната. И како да го избришам ај? Брачед ми е да го ебам. (другиот ден постира песна од ДНК).
А ти да постираш песна од Боби Спасенцовски, ќе ти се смеат. Боби бил ваков, Боби бил таков. Боби за ваквиве е ѕвер, дури и најѕвер.
Од трета страна, прилично сум изреволтиран од културата на луѓето. Не сум се видел со некого веќе месец дена, па кога ќе ме види низ чаршија место да праша "Шопрајш, како си", ме прашува дали сум учел. Па у курац не сме се виделе дај да направиме муабет за женски, за некој јак филм, за Пирло или за тоа дека Пато може да си оди од Милан, а не овие кренале паника за некое тестирање. Ој мрш таму. Ми доаѓа некогаш само да ставам слушалки и да си шетам со нив, па ќе пуштам да фрчит Ајрон Мејден за што погласно да е. Па да се одморам од сите глупости на планетава.
Ама ни тоа не го можиш кога веќе и во потсвеста ти е влезено само да паничиш. И сега сум прочитал Пато ќе одлучувал дали ќе остане во Милан. Па ебиси матер имаш чест да играш во најдобриот клуб во универзумов покрај играчи кои дефинитивно не се од планетава (Пирло не е од овде, не ме прашувајте ни јас не знам од која планета е, исто и Роналдињо).
Изреволтиран сум и од понашањето на одредени поединци кои до вчера не гледале ич фудбал, па денес стигнале да ме зафркаваат. Господ да чуват вељам јас, ама секој втор денес е за Аргентина и за Шпанија, т.е. за Меси или Торес, сеедно. Знам само дека во мода е да се навива за овие две репрезентации, како што до лани беше во мода да се навива за Бразил, повеќе не, имам некој впечаток дека Фелипе Мело и Лукас Леива (кој брка кокошки во најлузерскиот тим Ливерпул) си го направија своето, додека една чаролија како Роналдињо или Диего не се земени да играат. И со колкумина да се карам дека Италија е се уште актуелен светски шампион до 11 јули, без разлика дали до вчера цел Милан беше Италија а денес репрезентацијата е пополната од страна на Јакинта и Џилардињо, без разлика дали ќе отпадне во 8 финале или не, пак ти си ја сакаш затоа што ако си вистински фан ќе ја сакаш дури и кога Балотели ќе заигра за неа, а се молиш да не дојде тој ден.
Од четврта страна, многу почнав да се замарам со разни глупости и ефтини муабети од типот "јас оваја кола можам да ја најдам на старо за 2 илјади евра", или "кафичов е од овај и овај" а јас не се замарам ни се интересирам за коли, ни ме интересира кој во градов што направил, ама ете, мал град си го прави своето. Не да е мал градов, светов е мал. Овде во овај град дури и со ѕидот дома да си правиш муабет утре ќе разберат сите. Всушност, не сите, оние кои се замараат со тоа кој што направил. Всушност, тоа за жал се....сите. И цело време сум оптеретен со такви муабети, ама во последно време почесто почнав да правам фак оф на такви работи, па енергијата ја трошам на нешто друго. И не разбирам колку е интересно нонстоп да се прави муабет за кој кај се истепал, кој со кого се фатил, кој изградил зграда, кој купил кола на старо со си регистрации, па колку биле дрвата поскапени оваа година. Едноставно фак оф. Дај да направиме муабети на пример кога почнува новиов француски филмски фестивал, или кој каде ќе прави следно концерт, па можеби и кога ќе се собериме да изиграме по некоја партија фудбал. Ама не бе, све материјалисти, све во пари да се рачунало. И какви све идоли си имаат некои луѓе, да ти идат да си ја издрецкаш глата од земја.
И како петта страна, нема петта страна. Барем засега. Да го ебам светот во кој Пирло е повреден, да го ебам светот во кој постојат идиоти, да го ебам светот во кој се' е материјално и сите вредности се и те како изместени. А дотогаш... Општеството 5 - 0 Џими.