Драга, да појаснам ја некои работи со мое мислење
@DaniBMW ја па би рекол дека проблемот е до „просветните работници“ и министерство. 3 години еве ќе се направат од коа сум матурирал, колкава само беше разликата во „општо знаење“ од тие што беа 2-3 години постари од нас со мојата генерација беше застрашувачко. Некако критериумите ги намалуваа од година на година. Добро бе ја 2 години не бев појавен на училиште, изостаноци ? што се тоа ? ги имав насобрано уште во декември доволно за исклучување. Не ми се одеше бе ? Зошо да одам ? Предавње - досадно ... Не си отишол, 50-50 шанса да те запишат за отсутен, и да те запишат, класната ќе оправдa
Што барав ? За учење, знам не е проблем, ќе отидам на крај на тромесечие/полугодие/година ќе одговарам на цел матерјал ...ајде 5ка...После ја сум бил крив ? Зошто ја крив ? Кога некој ми дозволува мене да се заебавам со „системот“ ( ова ме прави да звучам како несфатен уметник :/ ), кога некој ми дозволува што сакам да правам и на крај на година да се извадам со тоа што сум го научил матерјалот во недела дена ? Зошто ?! Не се криви децата коа се им е дозволено...еееј, се донесе закон да не смееш не да го удриш, да не смееш од час да го избркаш...
Па после ќе се жалаат дека тешко им било, најнормално дека ќе се жалаат. Кога некој си го научил дека ќе добива „награди“ иако ништо не направил, при најмалиот труд што треба да го покажи ќе се свитка и ќе плачи и писка дека е обезправен.