Драга,
Епа, денес пак патешествиа.
Ми почна со повраќаница од кучево и не продолжи на добро
Дојдоа да ја средат бандерата конечно и испадна дека овие другиве ги скратиле каблите премногу. Па мораа пак да доаѓаат да ги продужат. Ај се' тоа ок, ама и таа за интернет што ми е беше прекратка па ја откачија, арно ама на нив им требало 5 дена да се појават
Сеа нема да имам интернет до 4ти. И комшииве пак беа срциња и ми го кажаа пасвордот без да побарам дури, ама сеа лимитед ми е, и ај иди кажи им да го рестартираат модемот... Не иде. Се надевам го гасат навечер
Ај може вака без нет ќе си ја дочитам книгата што ми е почната пред сто години. Пошо телефонов е супер, ама неможам долго да буљам у малово екранче.
Заборавив да ти кажам дека со оградиве по дома многу ми е интересно. Неколку пати се имам утепано, ама ништо како вчера. Уште вечерта почна да ми се појавува модрица, па можеш да замислиш како изгледа денес. И ме боли кога одам, а да не збориме за клекнување
Верверичките ми ги нервираат кучињата бе. Знаат дека има тука кучиња и упорно си доаѓаат и си седат под тераса, а кучињава ми збеснуваат тука
Ај ваљда вечерва ќе биде добра
Maleficent во 3D. Се надевам вреди три дето
И огромни пуканки со еден тон путер
Зашто ми се може.