Моја Драга Poison K...по неколку чаши бурбон доаѓаш до моментот кога сфаќаш дека конечно си сериозен и одговорен човек,дека мораш да ги стиснеш сите спомени и болки во минатото и да престанеш да патетизираш но во исто време чувствуваш како личноста ти се слизнува од раце,дека не си повеќе истиот човек,немаш повеќе на што да се навратиш,изменет си и не ја помниш ни сопствената сенка која некогаш била луда и разиграна а сега едвај се поместува од креветот за да те следи во твоите роботизирани дестинации.Додека се топеше мразот во чашата за миг ги затворив очите и жолтиот филм ми се загреа во умот,како скица од проекција на Чарли Чаплин помешан со урбана трагедија се врати назад.Ми се слоши од видикот и сознанието дека премногу луѓе ми украле дел од душата без своеволно да ја продадам но види ме денес Драга.И денес сум Прометејска целина а сеуште во мене гневот не зараснува.Посакувам да беше толку лесно да се прости.Посакувам некој додека бев дете да ме научеше да простувам.Вака сум само несредена,произволна нихилистичка реченица.И патетична поетеса кога не сум роботизирана кучка.
*си ставам уште една чаша бурбон*
Живели Драга!