Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Драга

Морам да ја изразам мојата енорма радост за денешниот дееен.
Беше одличен и за промена не заспав на предавања....добро не на сите
И тоа е успех нелии?Знаев

Сакам да ја изразам мојата огромна љубов према сестра ми која моментаљно учи и така...

И ја пак треба да учам Јово на ново...ама тоа е

У секој случај сречна сум пуно

Ајт:back:
 

Зуљфи

~~~МУДРЕЦ~~~
Член од
24 октомври 2009
Мислења
33
Поени од реакции
2
Здр Кагјана денес нисто со товарот злаглавил цовекот како со разбрав мозе и казна му писале :uvo::tapp: ама морам да одам да се истусирам па тв вести :vozbud::smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Драга Шенка,
Збунета сум и изненадена, на позитивен начин. Се надевам дека инстинктот не ме лаже и дека има некаква хемија. Не би било лошо да има. Толку е само ах... Не сакам да се треснам од земја поново. Фала.
Инаку, ја сакам Матеа. Денес освоив 29 бода на колоквиум од 30 можни. Затоа, утре ваљда ќе паднам :(. Ве сакаме и ви посакуваме пријатна ноќ со програмите. Леле ќе мислам на една личност сега онака, сосема неочекувано ми дојде.:pipi:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Кајгано

И futuro semplice и composto ќе ги сонвам.
Барем нешо асолно,а не три кинески прдодавници во Охрид шо се викет "Шехерезад" и ту со зелени букви напишани.
Сонојве во последно време ми се лудила.
Ко професорине. Фала богу шо не сум приморана да гледам некои нај(не)омилени.
Дива лига е бе онде, инспекција ак имат влезено јас глава ја сечам.
Сакам,сакам,многу сакам да шетам,ама нема.
Од досада пак фатив серии да гледам,ама нишо не се према "Касандра","Дивиот ангел","Руби","Качора","Eсперанса"(ауууф каков беше Хорхе,никогаш не го заборајв :wub:),"Клон","Скриени страсти","Млади бунтовници","Ружна Лети".. не ми текнуваат понатака.
На Дискавери само оние со чоперине, преку гла ми се дојдени.
Кул е да уживаш пред ТВ цел ден.

Ќис
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ми фали Копаоник и сакам назад. И ќе си се убијам од плачење и од носталгија. А треба да полагам задутре... прекрасно... Никогаш ништо нема да може да се спореди со Копаоник. Дефинитивно. И што да ти кажам друго Кајгано, кога уште не можам да си дојдам на себе и уште ме пука јака носталгија?
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Пеер абе се убаво да ти кажам, ама мораше ли и денешниов ден да е полн со нервоза бе. Абе ќе пукнам веќе. Се трудам да ја избегнам некако, можам да живеам без неа ама очигледно она неможе без мене. Па не е фер бе чоек, се осеќам ко Калимеро...ма и бетер од тоа. Се тешам бе, ок, ќе дојде времето кога се ќе плеснам у фаца, денес не беше ни време ни место, затоа и се повлеков...иначе, ехееее ќе ме запознаат многу убаво мене па ќе престанат така арогантно да се понашаат.
Со душа чекам да дојде 22 часот и да палам, не се издржува повеќе оваа атмосФера.
Доста е...отидов да те разлистам малку и да се спремам полека полека :) :back:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сакав да донирам ама немам кредит ииииииииии слано работа не сум солвентен денеска. Солвентен несолвентен си уплатив за оваа недела во теретана и сумата е иста со таа што се донира преку мобилен................................
Смиреност и леснотија уживам секогаш во нив, а и капчето плетено што си го носам ме прави бад ас, си имам две такви од Битпазар си ги купив бордо и кафено моментално само бордото го носам затао што кафеното ми е зафрлено некаде од лани. Лани кога мнооооогу студеше му го дадов едното на братучед ми за до дома, потоа се жалеше дека многу му ја стегало главата, а човекот има дупло помала глава од мојата :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Па му објаснив дека треба да стега за да топли......
А да и почнав да си ставам појас на стомакот кога заспивам затоа што имам навика секогаш бубрезите да ми бидат откриени, подобро е со појасот.....
 
T

theTinule

Гостин
кајги...ја така еднаш месечно ти се јавувам...ама тоа е живот...ми простуваш??

се осеќам со сите да ме мразат!! незнам...ќе одам на психијатар утре, давидам што ќе ми кажат...
хахахаххаха те зезам бе кајги најубаво сум!
денес денов беше малку депресивен ама нема да биде веќе пошо сеа ќе одам на германски xD у школо е најубаво нема нишо за учење а све ми се петки бе! не сваќам ни самата како..другарка ми вчера си фати дечко, таа другата другарка ЌЕ си фати...останав уште јас..хахахах..мене никој не ми се свиѓа бе кајги ама најубаво е! :) признавам! блазе си ми! хахахахха
бевме и на екскурзија...малце беше тапа пошо оваа едната падна и плачеше по цел пат наназад..добро малце поише пошо девојчето стварно парче се напраи! добра е сеа не иде уште у школо не оздравела ама важно минатиот петок ми се јави да ме праша 30 пати како сум и да ми каже дека ме сака...ах тој алкохол...
и тоа!
тука работиве како стојат? има нови теми? членчиња некои нови по можност?!?!

те сакам! не заборвај!:smir:
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Драга, почнав да се тресам. Не знам дали е од ладното, или до фактот што утре полагам програмисање, битно се тресам. Држи ми среќа, за да не се зезнам утре... Се разбира, доколку ја преживеам ноќва.


По-здрав, и болен.
 
N

navivacka

Гостин
И пак јас...

Знам дека сум досадна ма кајгииииииии ама што да правам кога ми е тешко:cry::cry::cry:ми се иде да се качам на некое високо место и да се изнавикам и да се изнаплачам додека не си ја испразнам душата,пак неможам да разберам една личност,кога мислам дека се вракаат старите денови личноста пак почнува по старо,како да не постојам јас:nesum:има ли начин како да си го повратам расположението?потребна ми е топла прегратка,пријател/ка до мене,еден долг сон и да се чуствувам како нова...а ветувам уште вечер ке го сторам тоа а после ке се фрлам на учење...

Ај:smir:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Драга Кајгана!
Можеби разговорот за кој ти кажував прееска ми беше потребен да сфатам многу работи...И можеби ми беше потребен сон од кој ќе се разбудам и ќе гледам на нештата поинаку...Еве ме сега...Тука пишувам на овие жолти страни слушам архангел-сениште и супер ми е...
И да...Конечно со сигурност можам да потврдам дека нема веќе чувства во мене.:smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Џес

денес сите ги сакам бе...лове:
Т.Е. сеа сите ги сакам, прееска премногу бев под стрес за да сакам некого..

Замисли ова му го викам на еден твој форумџија и ми вика:
Форумџија says: fala ;/
Не му е прв пат на „те сакам„ да ми рече „фала„, ама кул е, жими се..
Се убив од смеење...
Ми го рече, ептен...:vozbud:

Инакууууууууу си го комплицирам животот ок?
Па шоооо, зашо едноставно коа може комплицирано...
свит:


И решив да сакам статистика.
Е!

И сеа ќе праам анализа на тфој член, океј?!
И имаш нов член, океј?!
Ја го натерав да се регне океј!?
Приетно
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Драга... Абе боја да е у прашање, уво ме здоболе дали сум у тренд или не, оно од мода зедоа да се заљубуваат. Спали ги помодарците. Те молам. Амин.
 
M

M del Mar

Гостин
Мури
Треба да направам пејст на претходниот пост али не е долично па затоа ке напишам нешто со нови зборови...
Ти текнува за стравот од губење?Да?!?Епа исчезна, од проста причина што се соочив со него и ја изгубив играта, а богами и битката!Но нема простор за луксузирање со самото тоа што ке се откажам, не, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ од ништо поготово од она што се сака!
Се присетив на некои стари болни спомени кои што ја раскопкаа раната и ја посолија и како ефект од сето тоа таа запече, но тука се и убавите спомени кои што за прв пат у животот ми ги наполнија очите со солзи од среќа, чинам солзи радосници ги викаа, така?!?Бев среќна драга:pipi:, навистина
И да ти кажам право размислувам да се вратам на старото темпо на живот, да се вратам во оние готски и мрачни денови, да се вратам на лошиот пат по кој што чекорев а ме отргна една персона, но не, тоа нема да се случи, продолжувам да чекорам по новиот пат со главата нагоре и од моменти на моменти ке фрлам погледи надоле да не пропаднам во некоја шахта, полна со ...бљах...ме разбираш, афкорс!?До моментов живеев за НЕШТО, а од моментов живеам ден за ден, ке се тркалам некако како знам и умеам, какво е такво е мое е!
И повеќе никој не ми треба и со ништо не се замарам!
Самодовербата се искачи до највисоко ниво и ке звучам себично, ке гледам само за мене, но исклучоци секогаш може да се направат, зарем не?:wink:
Знаеш, дека сум по природа насмеана личност, што и да е како и да е јас сум насмеана, во моменти кога не ми е до смеа сепак преовладува насмевката на моето лице, но смачено ми е од тие фејк насмевки кои што ги споделувам, но тоа е што е, дел од моето секојдневие што ме исполнува...
Обидот да го доловам нештото што го чувствував и чувствувам беше неуспешен...но сепак длабоко во себе знам како стојат работите и само јас знам што конкретно се дешава во мене, за среќа никој го нема правото да прочепка во мојата внатрешна индивидуа, те излажав само една личност знае дел од тоа нешто...:wink: афкорс јас дозволив и не се каам!
Ме мачи и фактот дека сите те гледаат како предмет за искористување кој што откако ке биде искористен го туткаат како безвредно парче хартија и фрлаат слободни шутеви во кантата па сеа зависи од среќата или ке влезеш во кантата и ке се спасиш од се или ке останеш покрај неа и ке те погазат и пошутираат уште малку...
И да добрината смрди, тоа ти го имам кажано!Искуства по искуства се нижат и сепак ништо од моето очекување да станам лоша личност и да го прегазам и ишуткам сето ѓубре кое што ке ми го попречи патот кон среќата...спрема една личност никогаш нема да можам да се однесувам злобно...

Остани во пријатно расположение драга, идам јас да си го испијам утринското кафе сама, како и вообичаено(се навикнав многу работи да ги правам сама),одам да си ги решам проблемите и патем да уловам некој убав момент, сепак животот е прекрасен и знам дека се сложуваш со мене!:wink:
И не се труди да ја сфатиш суштината на симболиката на напишаното, доволно е јас што ја разбирам!и сето ова напишано е последица од моментална инспирација која што морав некаде да ја искажам...не ми замеравај драга!

И се извинувам за првиот и последен огромен пост!отупев, знам!:tapp:
И бурични во дискографијата на металика и слушни си ја sad but true!
За крај видеово...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Драга Кајгана

Сега кога ми воскресна нетот се е ок, а?
Ако не знаеше, на македонски јазик тоа се нарекува екстаблишмент. Не грешка си, нема друг збор.
Го обожавам времево, сакам да шетам во парк, бар додека не паднал последниот лист.
Ги обожавам Холидеј и Вашингтон деновиве, некако си одговараме:pipi:
Сакам зелен чај и Мајсторот и Маргарита, ама нема, има нане и Психофизика. Мислам дека веќе почнаа да ме гледаат чудно редовните во 19ка, цел месец една книга читам, ете таа ми е книга за во автобус. До сега ни мајстор ни Маргарита има унутра.
Венко го видов само една на факултетов и тоа беше во септември:nesum:
Важно убаво е времето, да.


Пријатно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom