Ми текна дека треба да чепнам книга, па ме здрма некоја мотивација, да си ја исчистам собата.
И така си избришав прашина, го суредив шкафот и исчистив со усисивач. Плус Зона радио - до даската. Да ти е милина да чистиш.
А бреее, ти се плукнам у тоа тракатанците. Избројав на една полица - значи полица - имаше вкупно 33 предмети (не бројеќи ги тие што ги исфрлив). Вади, вади, не се довадува.
Пола работи ги скрив во на сестра ми фиоката. Таман завршив, се вртам - уште 3 рамки сум заборавила. И ги тупнав позади телевизор.
Се молам сега за некоја годишнина дечко и' да не и' купи некое мече, зајче, цветче... оти ќе треба на глава да го обесам. Подобро некое чоколадо да и' даде... така барем и јас ќе бидам у ќар.
До душа првата недела, ќе треба да стои така на некоја полица, ама после ќе ја натерам да го отвори.
Ко магацин ни е собата. Мачиња, зајчиња, свеќички - сваштарник.
И така... шкафот си го суредив. Тргнав и фиоките... ама што, за месец дена и така ќе ги џапосам сите книги, што сега пред крај да расчистувам фиоки?
И плус, правосмукалката ми падна врз левата нога, ми ја здроби. Не е битно.
Си направив капучино и сега си уживам. Све ми лепше мирише.
Малце ми е криво што не чепнав книга... ама ко да видов една интересна рецепта на интернет.