Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
П

Пепси_

Гостин
mn loso koga go znaes so partal e a gi laze site :icon_lol:

majne damen nesto 2 generacija dihibridno monohibridno

nesto vkrstuvanjeee aa jas da se vkrstam aaa

XD
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.482
Поени од реакции
114.431
Кајгииииии
Денес е голем ден, ден за славје. АЈДЕ ВАРДАРЕ, израдувај не со еден фајнл фор :vozbud:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.063
Draga Kaygana,

eve me i mene. Dojdov da ti prenesam del od modata sto ja zabelezav nekolkukratno nedelava.
VESPA I SLUSALKI. Iskreno soobrakajki veke ne me bediraat, pokemon generacii...

Mada nisto ne e bitno veke ionaka, iskoci DARK SOULS II, se nadevam nema da me otkaci ovaa.. vo dobro i vo loso kao pripremi.. :D[DOUBLEPOST=1398516385][/DOUBLEPOST]Draga Kaygana,

eve me i mene. Dojdov da ti prenesam del od modata sto ja zabelezav nekolkukratno nedelava.
VESPA I SLUSALKI. Iskreno soobrakajki veke ne me bediraat, pokemon generacii...

Mada nisto ne e bitno veke ionaka, iskoci DARK SOULS II, se nadevam nema da me otkaci ovaa.. vo dobro i vo loso kao pripremi.. :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Драга, знаеш дека многу ќе бидеш кул ако ги слушаш рамштајн иако немаш fucking clue за што се дерат:pipi: а пак ако ги слушаш уметниците рејдиохед си едно интелектуално ниво над сите и имаш добар сенс за музика:X3:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга,

Напишав едно постиште во темата „Трауми од детството“, и како по навика, пред да кликнам Испрати мислење си препрочитувам што сум напишала и сфатив дека скроз сум забегала од темата. И што е поважно, сфатив дека не сум била толку оштетена како што мислев.

Сфатив и дека да сум немала ваков карактер како што имам, веројатно сега би била сосема друга личност, со нула самодоверба и многу комплекси. Само затоа што некој на времето пробувал да си лечи комплекси на мене, и за среќа не успеал во тоа. Си помислив и на тоа колку луѓе не успеале да се одбранат од негативните влијанија на другите луѓе врз нивната психа и колку животи се сјебани по туѓа вина. Се потсетив и на тоа колку пати сум била сведок на такви ситуации. Ми текна и колку пати сум се вмешала во некоја таква ситуација иако не сум била засегната од тоа и сум спречила некој психички да се изживува врз послабите. Не дека сум сакала да глумам херој, туку едноставно затоа што не сум можела да го поднесам тоа.

Ми текна и на неа, на онаа која се хранеше од маката на другите. На онаа која се трудеше да ја излечи својата болка, задавајќи им болка на другите. Ми текна и на тоа колку солзи сум видела да се пролеат заради неа. А ми текна и на нејзините солзи кога еден ден веќе не можев да го поднесам психичкиот масакар што го правеше секаде кај што ќе се појавеше. Во име на сите кои не биле доволно храбри за да се спротивстават. Во име на сите оние кои не биле доволно силни за да се соочат со неа. Во име на сите оние кои пред неа глумеле дека не успева да допре до нив, а потоа тајно плачеле во тоалетот. Во име на сите оние кои насабајле не сакале да станат од кревет затоа што знаеле дека пак ќе мораат да ја преживуваат истата тортура. Во име на сите нив, застанав пред неа и го зададов тој удар. Знаев дека и нанесувам болка. Но едноставно не можев да застанам. Солзите се слеваа по нејзиното лице додека јас ги исфрлав од мене зборовите на десетици други луѓе. Знаев дека ја боли. Но не застанав. Морав да го направам тоа. Знаев дека ја боли. Знаев дека е за жалење. Но не можев да ја жалам. Ја мразев.

И ден денес ја мразам. И ден денес ја гледам. Иако ја немам видено десетина години. Ја гледам секој ден. Ја гледам во искомплексираната професорка на факултет. Ја гледам во мајката која среде улица бездушно го тепа своето мало дете. Ја гледам и низ училишните дворови како ги малтретира и понижува помалите. Ја гледам и во шефицата на мајка ми. И уште ја мразам исто како и тогаш. И знам дека не можам ништо да сменам. Знам дека не можам да ја победам. Но можам да се обидам да спасам колку што може повеќе луѓе од нејзините канџи. И тоа постојано го правам. Луѓето околу мене знаат да ме прашаат зошто се вплеткувам во работи кои не ме засегаат дури и по цена да си направам проблеми. Ама тие работи мене ме засегаат. Можеби индиректно, ама сепак ме засегаат. Затоа што тој што денес е малтретиран од некого, утре можеби ќе го малтретира моето дете. Оној на кој денес му набиваат комплекси, утре можеби своите комплекси ќе ги лечи на некој друг, а тој на трет и така натаму. А јас секогаш ќе правам колку што можам за да го спречам тоа.

И пак си се зафилозофирав. Ама ако. Си кажав што ми лежи на срце. А траумите од детството.. тие и онака веќе се излечени.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
E драга,

Кога некој би можел нешто да превземе овие облаци да ги снема барем на недела дена. Почнав во депресија да паѓам! Али не се плаши, нема да почнам да сечам вени. Само ќе се молам што побрзо да пројдат овие 2 - 3 дена, и да дочекаме СОНЧЕВ ПРВИ МАЈ, драга...да може да завртиме некоја скаричка во природа и по некое ладно пивце :)

И да драга, DIJAMANTE ти се врати после неколку-неделна пауза, по се изгледа во скоро време ќе има концерт (инаку како би собрала публика).
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Кога момче на девојка и зборува 'валкано' - тогаш тоа е сексуално вознемирување.
Кога девојка на момче му зборува 'валкано' - тогаш тоа е 59 ден + ддв.

Абе ој Ливиу легни си
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Осеќам како денес гравитацијата да е најсилна до сега.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Која вистина лежи во Бурманскава поговорка......... "Би било добро кога младоста би знаела се што може, а староста би можела се што знае" .......
:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom