Драга...
... нешто што по малце ме иритира, а иако е застапено и на форумов во мали дози, ќе се задржам на глобалното размислување на просторите во нашата држава, базирано на она што го знам од мислењата на мои пријатели и познаници. Постојат многу луѓе кои насекаде исмејуваат политика, се незаинтересирани, не сакаат да зборат за тоа и викаат дека нејќат да читаат ништо за истото. Све тоа би било океј, се додека истите утре не би викале "ова е срање, срање е државата, срање се политичарите, катастрофа е кај нас, овие се вакви, оние се такви". Според мене, таквите немаат право да се бунат (барем не за секој детал што не им чини, за поситни работи секако дека може). Јас не викам дека треба активно да учествуваат у политички дебати и дискусии или слично, али не мора да скокаат по секој таков што го прави тоа. Самиот концепт на една зрела дискусија те развива како човек преку меѓусебни аргументирања и надополнувања, како и информирањето за истото, а ти не можеш валидно да ги презентираш своите ставови на една тема, доколку претходно си викал дека не те интересира истата. Колку што си активен у добро, толку треба да си активен у лошо. Пак ќе земам пример од Римјаните, каде колку повеќе уживаш во мир, толку повеќе одговорност имаш во војна. Кај нас од сите што скокаат ко петлиња кога не им чини во лошо, во добро речиси никој од тие не се интересира и пљукаат чим го прочитаат зборот "политика". А под политика во НИКОЈ случај не подразбирам само она што се случува на нашите простори, туку сите новости на политички план насекаде во светот за што читаме секојдневно. Да не бидам погрешно сфатен, во никој случај не иницирам на зголемена политичка активираност. Јас самиот лично воопшто не сум инволвиран во истото на ниеден начин, не сум политички активен, не сум толку заинтересиран општо за таа тема, а и не ни планирам да бидам во блиска иднина. Али никогаш не ни критикувам никого во таков поглед. Доколку пак се најдам во ситуација да критикувам, ќе се осигурам дека претходно сум се информирал за истото и сум ги презентирал своите ставови некаде, наместо да ме нема нигде, а после ко од пушка да кревам врева за нешто што не ми чини.
Ова мислење го давам како еден тип граѓанин-спектатор кој од страна разгледува што се случува, без никакви политички мотиви, ниту пак потреба да иницирам нешто конкретно, туку само истакнувам нешто што навистина не ми се допаѓа. Мислам дека ме разбираш
