Нели ви реков,нели ви кажав
јас ќе се вратам тука
таму кај сте вие сум и јас
со болки сега пишувам пак
Нели бевме, нели сме биле
комунисти,сите исти
и другари верни,верни
ко една душа,една мисла
Нели бевме,нели сме биле
еден за друг, радост силна
кога стана, како ли бидна
еден за друг да сме рана
Кој направи, кој ли стори
сега да сме на две страни
едни тука, други таму
а човеци сме сите биле исти
Нели бевме, нели сме биле
ко една машина 50 год. сме риле
кој ли капна, кој ли тури
рѓа - што ни душа отру
Кој ли направи, та сега кочи
како никна, како ли не удри
трнот што нас не раздели
та сега сме на две страни
Едни тука, други таму
едни ВМРО, други СДСМ
едни со Грујо, војвода
едни со Бранко, вотка