Кај си бе Кајги бе....? :-D (Во стилот на dzesika)
Еј денес бев катастрофа одсабајле, и глава ме пукаше, очите ме болеа, носот затнат, ушите и тие катастрофа... абе готово осеќав за малце ќе паднев. Среќа се напив Аналгин, Парацетамол и едно НесКафе и легнав да спијам. Сега се осеќам како препороден
Него гледам денес 8 Март, сите честитаат од што морат, не дека сакаат

. Денешниов ден ме потсети она што ми се деси пред точно една година. Седам така на компјутер, и слушам некој ми ѕвони на врата. Отварам и што да видам... 2 убави девојки (возраст 22/25 години), облечени во миничи, нашминкани, дотерале фризури... абе лепотици (малце чудно ми падна дека во Чаир обично не се разголуваат жените вака

). И си мислам, овие сигурно нешто шетаат за 8 Март, ги кажуваат правата на жените итн, итн... Кога една од чупињава ми викаат "Здраво, ние сме Јеховини Сведоци итн, итн..." Јас, тотално се разочарав

, гром од ведро небо ме удри. Ама ај затвори им врата на девојчињава, башка на тој празник, а ги гледаш ти се смеат, си мислат дека ги слушаш, а тебе очите ти мрдаат лево-десно, горе-доле. И ај почнаа нешто да зборуваат, јас демек ги слушам и само повторувам "Да, да во право сте" "Интересно, не сум знаел" и слични такви глупости. Јас и до ден денес, незнам што секта е тоа, во што веруваат или не веруваат, ама ајде. Ми доаѓаа секоја недела, да ме "учат" на нивните правила, а јас џентлмен во права смисла на зборот не им затварам врата

. Често ми велеа "Дојди во Четврток, на тоа и тоа место, во толку и толку време, на јавна трибина да подискутираме за ова денес".. да бе неам друга работа, па ќе одам

. Ми идеа така еден месец, и кога наеднаш престанаа да доаѓаат... Еј замисли Кајги, Јеховини Сведоци да се одкажат од тебе, а јас секоја недела ги "слушав" по 20 минути како ме учат на морал и етика.
Тоа е, животот понекогаш не е фер, сакам барем уште еднаш да ми подосаѓаат на врата
