Dear K,
конечно открив лесен начин за богатење! Благодарение на нашите портали и останати медиуми, открив тесна врска помеѓу расправиите и богатењето. Иако не ми е јасно како точно функционира, очигледно, некои луѓе кои до вчера немале ништо, после неколку јавни расправии почнаа да гомилаат станови и друг недвижен имот. Секојдневно, како што продолжува расправијата која ја следиме како Шоуто на Труман, овие ликови добиваат нови станови и вили, правопропорционално на жестината на расправијата. Со оглед на тоа дека ни една државна институција не ги регистрирала овие богатства предходно, логично е истите да се стекнати деновиве како плод на интересната расправа. Интересно е дека овој феномен се случува кај луѓе од различни дејности и политички табори. Ова ќе беше лудо за верување да беше прв пат, ама кога ќе го вратам филмот назад гледам дека редовно луѓето кои се расправаат во јавност стануваат побогати. Се сеќавате бездруго на владиката кој се скара во јавност со други владики? Иако предходно немаше ништо, вечерта човекот беше виден на насловните страни на многу медиуми во неговото порше. Подоцна испадна дека поршето не било негово, ама он си остана манга, а ја во порше сеуште немам стапнато. Пред него уште порано еден сосема поштен владика се скара со други владики по што стана побогат за многу пари и одеднаш му беше идентификуван поголем имот. Како случајот зеде меѓународни димензии, не е чудо и неговото богатство нагло да се зголеми. Еден наш политичар пред некоја година, ничим изазван почна расправија, по што некои луѓе во кафана му дадоа стотина илјади евра, да му се најдат. Еден од подобрите промери за благодетите на расправијата.
Затоа даме и господо, другарице и другови, ајде да се расправаме. Ајде да ја направиме циганската, па што биде нека биде.
Среќно!