Драга,
ги мразам утрата со магла, значи подобро да се разбудам со спуштени ролетни него уште од будење да паѓам у депресии..сончев октомври врати се те молам!
А уште повеќе мразам кога ме мачи несоница и не можам да заспијам до ниедно време (додуша повеќе и од премореност), а ми се плаче кога ќе ми текне колку рано треба да станам изутрина

Викаат дека не можеш да заспиеш затоа што шеташ во нечии соништа..кој и да ме сонува, го молам нека прекине, сакам и јас да заспијам и да го сонувам Него и да го оставам буден

Фала многу, пријатно
п.с. А што ако он ме сонува мене?!
