S
StormRage
Гостин
Ее кајг, незнам, ми текна да го накренам шишето ракија што ми остнало и да гледам филм... сам... Излегов од собата, се завртев низ пенџерата видов тие светла, како да паднала магла, како зимата, пред 6-7 месеци... но тогаш бев друг човек... се сетив на сите тие работи и сфатив дека живеам во минатото и можда сегашноста, живеев и во иднина, неколку дена, некои идеи кои би ги правел, развивал работел. Ех моменти и само моменти, сепак живеам во минатото. А иднината, уф, дали ќе има иднина? за мене? ... aww fuck it, не вреди веќе, : „покажи им кој си, ќе видат дека си прекрасна личност“... да да им покажав, и бегаат од мене... од тоа што сум таа ебана прекрасна личност. Даа да и уште изигравам кловн, the man of the party, човекот кој се смее. Да се надоврзам на делот со филмот, го гледав Blow, и накусо се ми стана јасно, буквално, trust nobody. Затоа, ете, никој нема да го види ова што ми се случува. Утре е нов ден, од сабајле ново лице и нова насмевка и сите проблеми решени... или не...