Кајганче
Овој пост си го посветувам стриктно само на мене и на мојата љубов кон самата себе која почна да расте точно на овој ден пред една година..
Нека звучи овој пост самобендисано, гајле ми е.Посекако е подобро да го напишам него ли да го кажам на глас, зошто инаку моите дома ќе помислат дека сум отишла со паметот
Во 10 часот посабајлечки, на овој ден пред една година, веќе бев сместена во операционата сала, приклучена на апарати, полна со паника и нервоза.Не знаев што да очекувам, ми остануваше да се надевам дека се ќе испадне во најдобар ред.Ако ништо друго, доколку не се десеше посакуваното, се надевав дека бар нема да се завлечам по долната линија.Докторите се обидуваа да ме опуштат, дури и премижаа на моето играње со апаратот кој ти го мери тактот на срцето.Бев толку исплашена и едноставно сакав да заврши операцијата што е можно побрзо, за да го видам ликот на мајка ми кој при напуштањето на собата беше исплашен и блед.Сакав што побрзо да ме однесат кај неа, за да ја смирам и да и кажам "епа готово e "
.
Како што моеш да приметиш Кајганче, денес многу повеќе се љубам за разлика од пред една година.Се љубам заради храброста која постојано ме турка напред и ради мудата кои многумина велат дека ми се поголеми од на едно машко.
Јас денес не го славам нити Валентин нити Трифун, овој ден за мене има трето и многу поголемо значење од овие два празника.Го славам мојот успех, мојата амбициозност и упорност, затоа што да не беа тие карактеристики толку зашиени во мојата кожа, јас денес не ќе бев тоа што сум.Многу емоционален ден за мене Кајганче, нека ми простат другите членови ако го тупам со постов.Ќе ги изгушкам за возврат, затоа што денес полна сум со љубов, и нема да дозволам ама баш ништо овој ден да го направи несреќен.
Cheers to me Кајганче